13/09/2026
Денес на Еленец мириса на домашна баница, се слуша македонската песна и се вие нашето оро.
Со голема радост сум дел од „Бабина баница 2026“ во село Цера, каде што денес се собраа многу наши сограѓани, гости, пријатели и љубители на традицијата.
Најубаво е кога ќе ги видиме повозрасните како со љубов го покажуваат она што го научиле од своите мајки и баби, а помладите се тука да гледаат, да учат и еден ден да го продолжат истото.
Токму тоа е вредноста на ваквите средби – да бидеме заедно, да се дружиме и да не дозволиме да се заборават нашите песни, ора, вкусови и обичаи.
Благодарност до Здружението на пензионери Македонска Каменица за организацијата, како и до сите кои придонесоа денешниот Еленец да биде исполнет со песна, насмевки и позитивна енергија.
„Бабина баница“ продолжува, а дружењето е во полн ек.
Добредојдени сте на Еленец!