Здружение До бебе по патот на ИВФ

Здружение До бебе по патот на ИВФ Дел од целите:
Зголемување на бројот на ваучери за прво дете и поголем дел од терапијата на позитивна

💗 Уште една работилница, уште еден простор во кој прашањата беа добредојдени.Вчера ја одржавме втората бесплатна едукати...
23/08/2026

💗 Уште една работилница, уште еден простор во кој прашањата беа добредојдени.

Вчера ја одржавме втората бесплатна едукативна работилница во рамките на проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“, поддржан од Град Скопје.

Заедно со асс. д-р Димитар Калчовски од ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство, разговаравме отворено за планирањето бременост, репродуктивното здравје, потребните испитувања, ИВФ постапката и за многу прашања за кои често нема доволно време или простор да бидат поставени на редовен преглед.

Особено ни е драго што работилницата прерасна во вистински интерактивен разговор – со многу прашања, споделени дилеми и стручни одговори, во безбедна и пријатна атмосфера. 💗

Им благодариме на сите што дојдоа, што ни ја дадоа својата доверба и што активно учествуваа.
Вашето присуство ни потврдува колку се потребни вакви средби.

Голема благодарност до асс. д-р Димитар Калчовски за издвоеното време, пристапноста и подготвеноста да одговори на прашањата на присутните.

Продолжуваме со истата цел, повеќе достапни информации, повеќе поддршка и простор во кој секоја жена и секој пар може слободно да праша, да се информира и да добие стручна насока. 💗

Проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“ се реализира со поддршка на Град Скопје.

💗 Можеби имате само едно прашање. И тоа е доволна причина да дојдете.Не мора да сте во ИВФ постапка за да присуствувате ...
21/08/2026

💗 Можеби имате само едно прашање. И тоа е доволна причина да дојдете.

Не мора да сте во ИВФ постапка за да присуствувате на нашата втора бесплатна едукативна работилница.

Можеби планирате бременост.
Можеби се прашувате кога е време да побарате помош.
Можеби сакате да знаете кои испитувања се потребни.
Или едноставно имате прашање што досега не сте имале можност да го поставите на преглед.

На работилницата ќе разговараме за планирање бременост, репродуктивно здравје, потребни испитувања, ИВФ и сите оние дилеми што често остануваат непоставени.

👨‍⚕️ Со нас ќе биде асс. д-р Димитар Калчовски од ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, а ќе имате можност и директно да го поставите Вашето прашање.

💗 Разговорот е отворен, во безбеден простор и со почитување на приватноста.

📅 УТРЕ – 22.08.2026 (сабота)
🕐 13:00 часот
📍 Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
🎟️ Учеството е бесплатно

📞 Пријавување: 078 919 819

Сè уште можете да го резервирате Вашето место. Ве очекуваме! 💗

Проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“ е поддржан од Град Скопје.

💗 Не мора да сте во ИВФ постапка за да дојдете.Грижата за репродуктивното здравје започнува многу порано.На втората бесп...
20/08/2026

💗 Не мора да сте во ИВФ постапка за да дојдете.

Грижата за репродуктивното здравје започнува многу порано.

На втората бесплатна едукативна работилница во рамките на проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“, ќе разговараме отворено за теми што се важни за секоја жена и пар кои размислуваат за родителство:

▫️ планирање на бременост
▫️ кога е време да се побара стручна помош
▫️ кои испитувања се потребни
▫️ репродуктивно здравје
▫️ ИВФ – кога и зошто се препорачува
▫️ прашања што можеби досега не сте имале можност да ги поставите на преглед

Со нас ќе биде асс. д-р Димитар Калчовски од ЈЗУ Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, со кого ќе имате можност директно да разговарате и да поставите прашање.

💗 Безбеден простор.
💗 Почитување на приватноста.
💗 Информации од стручно лице.
💗 Бесплатно учество.

📅 22.08.2026 (сабота)
🕐 13:00 часот
📍 Градска библиотека „Браќа Миладиновци“

📞 Пријавување: 078 919 819

Местата се пополнуваат – резервирајте го Вашето место навреме. 💗

Проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“ е поддржан од Град Скопје.

💗 Нема погрешно прашање кога станува збор за Вашето репродуктивно здравје.Кога е вистинското време да побарам помош?Кои ...
19/08/2026

💗 Нема погрешно прашање кога станува збор за Вашето репродуктивно здравје.

Кога е вистинското време да побарам помош?
Кои испитувања навистина ми се потребни?
Дали секој ИВФ третман треба да биде ист?
Што треба да знам пред да започнам постапка?

Многу прашања остануваат непоставени – поради недостиг на време, несигурност или едноставно затоа што ќе се сетиме на нив дури откако ќе излеземе од ординација.

Затоа, на нашата втора едукативна работилница ќе оставиме простор и за Вашите прашања. 💗
Со д-р Димитар Калчовски, специјалист гинеколог-акушер, ќе разговараме отворено за репродуктивното здравје, ИВФ процесот и индивидуалниот пристап кон секој пациент.

📅 22.08.2026 (сабота)
🕐 13:00 часот
📍 Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
🎟️ Учеството е бесплатно

📞 Пријавување: 078 919 819

Дојдете со Вашите прашања. Овојпат, да не остане она: „Ех, ова заборавив да го прашам…“ 💭💗

💗 ИВФ не е само процедура. Секој пациент има своја приказна.Не постојат две исти тела, две исти животни ситуации, ниту д...
18/08/2026

💗 ИВФ не е само процедура. Секој пациент има своја приказна.

Не постојат две исти тела, две исти животни ситуации, ниту две исти патувања до родителство. Затоа, кога зборуваме за ИВФ, важно е да зборуваме и за индивидуалниот пристап, информираноста и отворената комуникација меѓу пациентот и докторот.

На втората едукативна работилница во рамки на проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“, со асс. д-р Димитар Калчовски, специјалист гинеколог-акушер, ќе разговараме токму за овие теми.

Ќе имате можност и директно да ги поставите прашањата што Ве интересираат – оние за кои можеби немало доволно време на преглед, оние што сте заборавиле да ги прашате или едноставно сакате подобро да ги разберете.

📅 22 август (сабота)
🕐 13:00 часот
📍 Градска библиотека „Браќа Миладиновци“
🎟️ Учеството е бесплатно
📞 Пријавување: 078 919 819

💗 Вашите прашања се важни. Информираниот пациент е активен учесник во сопствениот третман.

Проектот е поддржан од Град Скопје.

11/08/2026

🌸 Ве покануваме на втората едукативна работилница во рамките на проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“!

Овојпат со нас ќе биде специјалист гинеколог-акушер, асс. д-р Димитар Калчовски, со кого отворено ќе разговараме за теми важни за жените и паровите кои планираат бременост или се на патот кон родителството.

Ќе зборуваме за:
• планирање на бременост и репродуктивно здравје;
• физичка и ментална подготовка;
• ИВФ процесот – што е важно да знаете пред и во текот на постапката;
• практични и административни прашања со кои најчесто се соочуваат пациентите.

💬 Ќе има простор и за Вашите прашања и директен разговор со докторот, затоа подгответе го сè она што сте сакале да го прашате, а можеби досега не сте имале можност.

📅 22 август 2026 (сабота)
🕐 13:00 – 15:00 часот
📍 Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје

💗 Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места потребна е претходна пријава.

📞 Пријавете се на: 078 919 819

Проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“ се реализира со поддршка од Град Скопје.

Споделете ја објавата со жена или пар на кои оваа работилница може да им биде корисна. 🌷

#МајчинствотоЗапочнуваСоГрижаЗаСебе #РепродуктивноЗдравје #ПланирањеБременост #ИВФ #ДоБебеПоПатотНаИнВитро #ГрадСкопје

Дел од целите:
Зголемување на бројот на ваучери за прво дете и поголем дел од терапијата на позитивна

👇👇👇
31/07/2026

👇👇👇

📢 Денес имавме можност да учествуваме на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, организирана од Ми...
23/07/2026

📢 Денес имавме можност да учествуваме на работилницата „Зајакнување на управувањето со боледувањата“, организирана од Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë и Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Сакаме искрено да им се заблагодариме на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување што отворија процес на дијалог во кој свое место имаат и здруженијата на пациенти. Ваквиот пристап покажува дека најдобрите решенија се создаваат кога институциите ги слушаат оние кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на системот.

Особено нѐ охрабрува што промените не се креираат зад затворени врати, туку преку отворена, транспарентна и инклузивна дебата, во која секој релевантен чинител има можност да даде свој придонес.

Во рамките на овој процес, минатата недела, по барање на Фондот за здравствено осигурување, доставивме иницијатива боледувањето за постапка на биомедицинско потпомогнато оплодување да започнува од денот на пункцијата, наместо од денот на ембриотрансферот, како што е предвидено со сегашната практика.

Веруваме дека периодот од пункција до трансфер е составен дел од медицинскиот третман и дека жените во тој период заслужуваат соодветна здравствена и социјална заштита.

Како здружение, остануваме отворени за соработка и ќе продолжиме конструктивно да ги застапуваме потребите на пациентите, со надеж дека заеднички ќе креираме решенија кои ќе бидат во интерес на сите осигуреници.

💙 Кога се слуша гласот на пациентите, се градат подобри политики.

Успешно ја реализиравме првата бесплатна едукативна работилница!Полна сала, полно срце ♥️Денес направивме нешто многу по...
19/07/2026

Успешно ја реализиравме првата бесплатна едукативна работилница!
Полна сала, полно срце ♥️
Денес направивме нешто многу повеќе од еден настан.

Создадовме безбеден простор каде што жените и паровите можеа слободно да поставуваат прашања, да ги споделат своите дилеми и да добијат стручни, проверени информации.

Разговаравме за планирање на бременост, репродуктивно здравје и ИВФ, а бројните прашања и активната дискусија уште еднаш покажаа колку е голема потребата од вакви средби.

🤍 Многу прашања добија одговор.
🤍 Многу дилеми беа разрешени.
🤍 Многу желби за мајчинство добија поддршка, разбирање и надеж.

Посебна благодарност до Д-р Маќули Хаџи Лега за неговата стручност, достапност и посветеност, како и до сите учесници кои со своето присуство, доверба и отвореност придонесоа оваа работилница да биде навистина успешна.

Особено нè радува што денес уште еднаш се потврди она во што веруваме – вакви едукативни средби се потребни. Кога постои простор за разговор, вистински информации и поддршка, се намалува стравот, а се зголемува сигурноста при носење важни одлуки.

🌸 Ова е само почеток.

Во рамките на проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“ нè очекуваат уште три бесплатни едукативни работилници, на кои ќе продолжиме да разговараме со стручни лица за теми кои ги засегаат жените и паровите што планираат семејство.

💗 Ви благодариме што сте дел од оваа приказна.

Работилницата се реализира во рамките на проектот „Мајчинството започнува со грижа за себе“, поддржан од Град Скопје.

Address

Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение До бебе по патот на ИВФ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Здружение До бебе по патот на ИВФ:

Shortcuts

Share