18/05/2026
За деца, малди и возрасни - индивидуални гешталт средби во природа! 🌳
Во гешталт пристапот, не работиме само со мислите, туку и со телото, дишењето, контактот, свесноста.
Природата многу природно го поддржува токму тоа.🌿
Движењето го движи и внатрешниот процес.
Кога телото се движи, често и емоциите почнуваат да течат поприродно.
Мислите помалку се „заглавуваат“ и полесно се доаѓа во контакт со тоа што навистина е важно.
Природата сама по себе е терапевтска канцеларија.
Воздухот, звукот на дрвјата, земјата под нозе, тишината без притисок — сето тоа помага човек да излезе од автоматизмот и барем за момент да биде тука и сега.
Работата на себе во природа носи природен и суптилен контакт со себе.
Во природа полесно се дише! 🍃