Bio Trend Consulting /Јади вистински живеј вистински чувствувај се здраво

  • Home
  • Bio Trend Consulting /Јади вистински живеј вистински чувствувај се здраво

Bio Trend Consulting /Јади вистински живеј вистински чувствувај се здраво Biotrend consulting se fokusira na edukacija za zdravstveni temi preku koi ke go napravi odrzliv zdr

Храната е многу повеќе отколку само калории и хранливи материи.
Постојат два вида на храна: примарна и секундарна храна.
Храната е секундарна храна. Примарната храна се сите работи кои го прават животот богат: кариера и креативност, односи со околината, духовни искуства, физичката активност, и само-негувањето. Во оваа култура, ние често ја користиме храната како замена за еден или повеќе сегменти од примарната храна.
Ова е една од причините што диетите не функционираат: тука не е во прашање едноставно намалување на чоколадо, чипс и колачиња, ако колачињата се случи да претставуваат удобност и безбедност за вас тогаш причината е во примарната храна. Нашата работа е заедно холистички, бидејќи тоа ги опфаќа сите аспекти на вашиот живот – да ја најдеме вистинската рамнотежа меѓу примарната и секундарната храна.
Др Билјана Јованоска Димитровска преку консултации и пишување на многубројните текстови на социјалните мрежи конкретно обавени преку веб порталот http://pharmanews.mk/author/biljana-j-d/ се труди да не подсети и подтикне на размислување на многу здравствени теми од областа на психологијата, диетологијата како и преку обработка на теми за различните здравствени состојби не информира за новости кои се темелат на медицина заснована на докази. Преку Био тренд консалтинг Др. Билјана има за цел да создаде тренд за здрави навики, здрав начин на живот кој го опфаќа човековото битие во целост . Пристапот е интегративен со примена на знаења од областа на медицината со цел решавање на одредена лоша навика која може да доведе до нарушување на здравјето или решавање на веќе постоечки здравствен проблем (покачен крвен притисок, масти во крв, дијабет, дебелина итн.) кој имено настанал заради тие навики. Био тренд /консалтинг нуди Консултантски услуги од областа на медицината интегративен пристап кон нив и давање насоки кон нивно согледување и решавање во соработка со вас.

12/10/2025

"Здравствена услуга преглед во домот што претставува личен печат и препознатливост на Поликлиника Халкмед.
Контактирајте не за преглед во удобноста на вашиот дом.
Домашна посета од доктор и медицинска сестра. Инфузии дома и терапија во домашни услови.

16/11/2023
15/08/2023

Правилната и хармонична комуникација со детето е клучот да не оставиме трауми во умот на суштеството кое го сакаме најмногу на светот. Стравувањата се дел о...

30/06/2023

#халкмед #твој #Доктор #дома

18/09/2022
Преминувањето на нормална исхрана после подолг период на пост може да биде потешко од самиот пост„Не јадете според тајми...
26/04/2022

Преминувањето на нормална исхрана после подолг период на пост може да биде потешко од самиот пост

„Не јадете според тајминг за ручек, слушајте го своето тело“

Преминувањето на секојдневна исхрана после подолг период на пост може да биде потешко од самиот пост. Дигестивниот систем е чувствителен и иако после постењето можеби ќе сакате да ја пробате секоја храна што постои, големо парче јагнешко (традиционален велигденски ручек) или огромна пица, на вашиот дигестивен систем му е потребно време за да се врати во нормална функција и да направи нормално варење на храната која не сте ја јаделе додека траел постот.

Постењето може да биде од религиозен или медицински карактер и може да вклучува комплетно лишување од храна во текот на денот или внесување на храна која не содржи масти , но може да биде и воден пост кој ќе значи внесување само на вода (гладување).

Независно од карактерот на постот, детоксикација и регулација на метаболизмот се логички очекувани последици пропратени со енергија и добро чувство. Тој момент комплетно зависи и од начинот на кој го кршите постот; доколку тоа го направите со „тешка“ храна ќе се чувствувате уморни, фрустрирани, подуено и болно, со болки и нелагодност во дигестивниот систем. Физиологијата на постот (гладување) е широко изучувана. Од медицински аспект, постојат три фази на постот:
Видете кој се тие фази наследниот линк :
http://pharmanews.mk/ishrana-posle-post/ #ифтар #постење

Address


Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bio Trend Consulting /Јади вистински живеј вистински чувствувај се здраво posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

  • Want your practice to be the top-listed Clinic?

Share