28/03/2026
Придружи ни се на Јана и мене на петдневен Јога & Ајурведа Ретрит покрај спокојните води на Охридското Езеро, Македонија — 21–25 мај 2026.
Утрата ќе почнуваат со енергичен Кундалини јога час, а вечерите со нежна Хатха јога и медитација.
Помеѓу двете јога сесии, ќе нурнеме во инспиративни работилници за филозофијата и практиката на Јога и Ајурведа, часови по Ајурведско готвење и длабоко релаксирачки Јога Нидра сесии.
Сите оброци ќе бидат подготвени со љубов од нашата прекрасна готвачка Јана, која има многугодишно искуство во готвење за стотици ретрити. Очекувајте креативни, доша-балансирачки, хранливи оброци полни со вкус — направени од свежи локални состојки, благи зачини и многу љубов.
Овој ретрит е креиран да биде истовремено релаксирачки и едукативен: време на јога простирката за да се поврзеш со себе, време во природа за едноставно да бидеш, и практични работилници од кои ќе понесеш знаење дома.
Можеш да избереш како сакаш да го доживееш, да уживаш во тишина и изолација, или да се поврзеш и здружиш со луѓе со исти интереси кои можеби ќе станат доживотни пријатели.
Опции за сместување:
* Еднокреветна соба
* Двокреветна соба
* Заедничка соба (дорм) завтројца
Лагадин, Охрид, Македонија
21–25 мај 2026
За било какви дополнителни информации или прашања, слободно пишете ми.