10/12/2018
ВЕЧЕР НА БЕЛИТЕ МАНТИЛИ :) Година ВТОРА
Почитувани,
По повод новата 2019 година, Ве покануваме на ПРЕДНОВОГОДИШНА ЗАБАВА за ДОКТОРИ, МЕДИЦИНСКИ РАБОТНИЦИ, МЕДИЦИНАРИ, ФАРМАЦЕВТИ и СТОМАТОЛОЗИ.
Да ја испратиме 2018 со добра музика и забава во добро друштво!
Атмосферата ќе ја загрее Ди Џеј Васо (Васко Нетковски), урбан лик со извонреден сенс и љубител на музиката откако знае за себе. Долги години e дел од македонскиот ноќен и социјален друштвен живот.
Крајот на 90-тите години го бележат почетокот на неговиот диџејски опус и од тогаш настапува низ Македонија и пошироко. Бројните настапи по клубовите и фестивалите во земјава и пошироко се заслужни да го дели пултот со најголемите имиња на светската музичка сцена.
Забавата ќе ја продолжат уникатните латино/хаус звуци на ConTruDJ - бендот кој е најпријатното откритие на македонската музичка сцена. Познатото Битолско трио - Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar, Вашите омилени латино и хаус композиции фантастично ги надополнуваат со звуци на труба и конги.
Тие се пионери од овој тип на бендови на нашите простори.
Забавата по повод Новата 2019 година ќе се одржи на 18.12.2018 – вторник, во клубот СТАНИЦА 26, кој е лоциран на ул. Јордан Мијалков бр. 26 со почеток од 21:30 часот и ќе трае до 02:00 часот.
Влезницата ќе чини 200 денари како и минатата година (затоа на време набавете карта бидејќи забавата е од затворен тип).
Во продолжение можете да ги слушнете фантастичните ConTruDJ, бендот кој со своите настапи ја освои Македонија, но и клубовите во регионот! https://youtu.be/dHAQEidVaV8
Контакт: Кире 078-2222-87
Ова се само дел од компаниите кои се поканети:
АД Алкалоид
Аџибадем Систина
Клиника "Жан Митрев"
АД Др. Пановски
ПРОМЕДИКА ВЕЛЕДРОГЕРИЈА
АД Реплек
ПЗУ РЕ МЕДИКА
НЕУРОМЕДИКА
ЕУРОФАРМ
Клинички Центар "Мајка Тереза"
Градска општа болница "8ми Септември"