11/06/2026
Нова ера во урологијата во Македонија 🚀💪🏥🔷🎓
Вчера и денес започнавме со изведување на најсовремената минимално инвазивна хируршка метода, робот-асистирани операции на уринарниот тракт и простата.
Овој значаен исчекор за македонската урологија е резултат на посветена едукација, визија и меѓународна соработка. Иницијативата немаше да може да се реализира без едногодишниот едукативен престој на нашиот нaучен сор д-р Виктор Станков, во Гуангџоу, Кина, под менторство на реномираниот проф. д-р Di Gu, меѓународно признат експерт во областа на роботската и минимално инвазивната уролошка хирургија.
Преку оваа соработка се воспоставија значајни професионални и академски врски со Медицинскиот универзитет во Гуангџоу и неговата афилирана болница. Како потврда на оваа успешна соработка, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го избра проф. д-р Di Gu за Visiting Professor на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во рамки на неговата посета, проф. д-р Di Gu одржа и едукативно предавање во амфитеатарот на Деканатот на Медицинскиот факултет, споделувајќи го своето богато меѓународно искуство со нашите уролози, специјализанти, млади лекари и студенти.
Вчера беше успешно изведена првата робот-асистирана уролошка операција во Македонија, предводена на науч. сор. д-р Виктор Станков. Веруваме дека и следните планирани операции ќе поминат во најдобар ред и дека ова е само почеток на една нова, современа етапа во развојот на уролошката хирургија во нашата земја.