03/07/2026
"Чуј, земјо! Еве, носам неволја на овој народ - плод на нивните зли мисли - зашто не внимаваат на моите зборови и го отфрлија мојот закон.
Еремија 6:19
Овој стих го запишал пророкот Еремија уште пред 2500 год п.н.е.
Проучувајќи ја Библијата неколку години, доаѓаме до стихови кои се исполнуваат во денешнината. Поготово ако ги прочитате стиховите на пророкот Исаија и пророкот Еремија ќе забележите дека тоа е она што се исполнува денес.
Библијата не се чита лесно и едноставно. Таа се проучува стих по стих и секој стих не повикува на размислување и подлабоко разбирање.
Овој стих од Еремија 6:19 е повик за размислување.
Кога ќе ги погледнеме насилството, омразата, навредите, гневот и поделбите што ги гледаме денес, вреди да се запрашаме:
- дали овие зборови нѐ повикуваат да размислиме за насоката во која оди човештвото?
Без разлика на нашите убедувања, ова е повик секој од нас да размисли какви мисли, зборови и дела остава зад себе.
Читајќи ги коментарите забележав дека секој во себе, свесно или несвесно, чува по некој гнев, страв, очај, потреба за одмазда, потреба за пролевање на туѓа крв.
СТОП!
Дали некогаш сме се запрашале што е тоа што не боли, зошто ја имаме таа омраза и потреба за докажување. Кој е физички посилен, кој ќе изговори погрдни зборови, кој ќе направи поголеми грозоморни дела.?
Светот како да се натпреварува за Оскар, кој ќе биде подобар со искажаното физичко и психичко насилство.
Кога омразата би ја замениле со љубов, гневот со сочуство, тагата со радост, наместо да чувствуваме страв да чувствуваме среќа. Наместо да се изговараат грди и груби зборови, да ги замениме со милост и љубезност. Наместо да фрламе камења, клоци, шлаканици, да подаруваме цвеќиња, почит и искрена прегратка. Да се остави добрина, срцата да омекнат и свеста да се разбуди.
Кога ќе се каже НЕ! Тоа да се почитува и да не се преминува границата насилно.
Кога ќе има повеќе совест, милост и љубов кон вистината, светот ќе стане подобар. Затоа вреди да ги читаме зборовите што не поттикнуваат не само да мислите, туку да станеме подобри луѓе.
На оваа младина и треба физичка акција, кои би се занимавале со некој спорт и некои едукативни работи. Да се измори, да нема време и сили да размислува да прави грозни работи нанесувајќи болка на некој друг.
🙏БОГ не дигнал раце од светот, тој не се откажал. Туку светот се откажа од него.
Stojna Panajotova - Atman Therapy