Логопед ,,Мали Чекори"

Логопед ,,Мали Чекори" Широк спектар на логопедски третмани кои се фокусираат на развојно-говорното подрачје

23/07/2026

Од „не можам да го кажам Р“… до „еве го моето Р!“ 🥹❤️

На почетокот гласот Р беше предизвик.
Со многу вежбање, трпение и упорност, чекор по чекор стигнавме до посакуваниот резултат. 🥰👏

И тогаш доаѓа моментот кога сфаќаме дека секој мал напредок е голема победа! ✨

Од првиот обид до правилно изговорено Р. ❤️

Преку секојдневни, едноставни игри можеме значително да влијаеме на вниманието, меморијата и говорниот развој кај детето...
18/02/2026

Преку секојдневни, едноставни игри можеме значително да влијаеме на вниманието, меморијата и говорниот развој кај детето 👇

🔸 Сортирање играчки по големина
Дајте му на детето неколку предмети (коцки, чаши, топчиња) со различна големина.
Нека ги подреди од најмало до најголемо.
Поставувајте прашања:
🤔 „Кое е најголемо?“, „Кое е помало?“

✔️ Се развива: концентрација, споредување, разбирање на поими (големо/мало), логичко размислување.

🔸 Едноставни сложувалки
Изберете сложувалки со 2–6 делови
Охрабрувајте го детето да опише што гледа на сликата.
🩷Помагајте со насочувачки прашања наместо веднаш да го кажувате одговорот.
🧠 Се развива визуелната перцепција, фината моторика и говорот.

🔸 Гледање слика 5 секунди – потоа опишување
Покажете слика 5 секунди, па тргнете ја.
❓️Прашајте: „Што виде?“, „Која боја беше топката?“
Додавајте постепено повеќе детали.
✔️ Се развива: краткорочна меморија, внимание и описен говор.

🔸 Разделување предмети по боја/форма
Користете коцки, капачиња или овошје.
🟦🟥 Нека ги одвои црвените од сините, круговите од квадратите.
Именувајте ги гласно боите и формите.
✔️ Се развива: речник, категоризација и разбирање инструкции.

🔸 Игра „Што недостасува?“
Ставете 3 предмети (пример: топка, чаша, банана).
⚽️🥤Детето нека ги погледне.
⚽️Тргнете еден предмет и прашајте: „Што недостасува?“
✔️ Се развива: меморија, внимание и говорно изразување.

✨ Најважно: играта да биде забавна и без притисок. Повторувањето и разговорот се клучни за напредок кај децата ❤️

🗣️ Орофацијалната моторика е важна за правилен говор, јадење и дишење!Преку едноставни и забавни активности, децата го з...
03/12/2025

🗣️ Орофацијалната моторика е важна за правилен говор, јадење и дишење!
Преку едноставни и забавни активности, децата го зајакнуваат јазикот, усните и го регулираат правилното дишење.

✨ Практикувајте да:

💨 дувате свеќичка или балон
😘 праќање бакнежи како игра
👅 лижење намирници или допирање непце со јазик
🎈 дување меурчиња и хартиени парчиња

✔️ Овие вежби изгледаат како игра, но имаат огромна улога во развојот на говорот и артикулацијата✨

💡 Совети:
👉 Правете ги секојдневно по 2–3 минути
👉 Секогаш претставете ги како ЗАБАВА, а не како „вежба“

📌 Мал чекор секој ден ќе ви донеси големи резултати!

Address

Улица Довлеџик бр. 186, спроти храмот , Архангел Гаврил"
Bitola
7000

Telephone

+38971235113

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Логопед ,,Мали Чекори" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Логопед ,,Мали Чекори":

Shortcuts

Share