Bitolska Laboratorija

Call Directions Website Contact the practice

Bitolska Laboratorija „ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ„ КВАЛИТЕТНА,СОВРЕМЕНА,ЕКОНОМИЧНА И ПРОФЕСИОНАЛНА БИОХЕМИСКА ЛАБОРАТОРИЈА

Достоинството не треба да чека некој да му подаде рака. ❤️Во Битола знаеме да кажеме: „Повели, влези, како дома!“Но што ...
26/10/2026

Достоинството не треба да чека некој да му подаде рака. ❤️

Во Битола знаеме да кажеме: „Повели, влези, како дома!“

Но што ако човек не може ни да влезе?

За жал, за лицата со попреченост, повозрасните и сите што потешко се движат, на многу места и самиот влез е пречка. Некаде нема ни рампа, а таму каде што ја има, често не е според стандардите.

А не треба да биде така.

Затоа, во Битолска лабораторија обезбедивме непречен пристап на двете наши локации:

📍 Кај „Св. Димитрија“ — директно од улица, без скали.

📍 Кај синџирот, Ат Пазар — платформски лифт со пристап до секое ниво.

Не сме направиле којзнае што. Само нешто што одамна треба да биде нормално.
Пристапноста не е привилегија. Таа е право. А почитта се покажува со дела. ❤️

21/10/2026

Битолски муабети… негде низ Јени Маале. 😄

— Каде бе вака од саба-саба, шо си се стуткал?

— Остај ме, цел се тептисав… Сѐ ме боли, ни на работа ојдов, ни ништо. Температура имам, цела ноќ око не склопив. Ексик и вируси и мируси!

— Е па оди на матичен, шо чекаш?

— Бев бе, ми даде упат, крв да испитам.

— И кај ќе одиш?

— Во Битолската.

— Кај Свети Димитрија?

— Не бе, кај Синџиро, во новата. Тука ми е поблиску.

— Ааа, и таму отворија? Шо сторија тие, браво!!!

— Отворија бе, две се сега.

— Е па ајде, со лесно… Да оздравиш побрзо!

— Фала ти, да ти се врати!

— Шо да се врати бе?! Абе оди дај крв побрзо, оти од температурата почна да бунцаш! 😂

💙 Битолска лабораторија

Две адреси. Една Битолска. ❤️

Беше преубав сончев ден но вечерта беше една од оние што не се забораваат… 17 октомври 2026 година. Една таква вечер за ...
19/10/2026

Беше преубав сончев ден но вечерта беше една од оние што не се забораваат…

17 октомври 2026 година. Една таква вечер за нас.

Знаевме дека ќе ни дојдат драги луѓе. Ама искрено, не очекувавме толку многу љубов, толку прегратки, насмевки и убави зборови на едно место.
И кога ќе застаниш за момент после два дена 🙂 и ќе погледниш околу себе, сфаќаш дека сите овие години не сме граделе само лабораторија.

Сме граделе доверба. Сме стекнувале пријатели. Сме станувале дел од нечии животи, а многумина станале дел од нашите.

И токму тоа ни беше најубавото таа вечер.

Новата Битолска лабораторија е остварување на една наша голема желба. Во неа вложивме многу труд, време и срце. Ама сето тоа доби посебна вредност кога видовме колку многу луѓе имаме со кои можеме да ја споделиме радоста.

И не беа само нашите битолчани. Ни дојдоа драги луѓе и од Скопје, Охрид, Демир Хисар Ресен па дури и од Штип ❤️.Некои поминаа доста километри само за да бидат со нас таа вечер. Е, таквите работи не се забораваат. ❤️

На сите што дојдовте, на сите што ни посакавте убав збор и на сите што сте биле со нас низ годините — едно големо, од срце, БЛАГОДАРИМЕ! ❤️

Битолска не почнува одново.

Битолска си ја продолжува својата приказна. Само сега, со уште поголемо срце и на две локации .

И со вас, како и досега.

📸 https://www.instagram.com/photosbychains?xtok=aHk0b3E3aHFnZ3Zx

06/10/2026

Вчера нешто за најмалите…
денес поканата стигна кај најбитните. ❤️😊

Па, редно е да кажиме и ние нешто…

📅 17.10.2026
Свечено отворање на новата Битолска лабораторија.

📍 Кај синџирот – Ат Пазар

Уште малку… ❤️

🧑‍🧑‍🧒‍🧒   ЗДРАВО ДЕТЕ – ЗДРАВО СЕМЕЈСТВОСо периодот на настинки и сезонски инфекции што е пред нас, грижата за здравјето...
05/10/2026

🧑‍🧑‍🧒‍🧒 ЗДРАВО ДЕТЕ – ЗДРАВО СЕМЕЈСТВО

Со периодот на настинки и сезонски инфекции што е пред нас, грижата за здравјето на најмалите повторно станува дел од секојдневието на многу семејства.

Токму затоа, Битолска лабораторија ја започнува програмата „Здраво дете – здраво семејство“, со цел лабораториските услуги да бидат подостапни за децата и нивните семејства.

Со задоволство ја споделуваме и првата соработка во рамките на програмата – со детската градинка „Мали Чекори“.

Со оваа соработка обезбедуваме поволности за:
• децата кои ја посетуваат градинката
• нивните родители и старатели
• вработените во „Мали Чекори“

За најмалите е достапна и можност за земање примерок во домашни услови – особено практична кога детето не се чувствува добро и сакате да избегнете дополнително изложување и чекање.

„Здраво дете – здраво семејство“ е отворена програма за сите дечиња од нашиот град .

Им благодариме на „Мали Чекори“ што први се приклучија кон програмата и за укажаната доверба. 🤍

Битолска лабораторија
Здраво дете – здраво семејство

За некого е само лифт.За некого значи пристап без пречки. ♿Кога ја создававме новата “Битолска”, за ништо не правевме ко...
29/09/2026

За некого е само лифт.
За некого значи пристап без пречки. ♿

Кога ја создававме новата “Битолска”, за ништо не правевме компромис.

Сакавме секој наш сограѓанин, без разлика на возраста или подвижноста, да може безбедно и достоинствено да стигне до лабораторијата.

Затоа поставивме лифт за лицата со попреченост и за сите на кои скалите им претставуваат пречка.

Добрата здравствена услуга започнува уште пред да влезете во установата.

За нас — дел од просторот.
За некого — голема разлика. 💙

📍 Новата Битолска
Кај Синџирот – Ат Пазар

🧪 Што значи ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА?Наједноставно кажано — повисоко ниво на лабораториска дијагностика.Тоа не е лабор...
20/09/2026

🧪 Што значи ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА?

Наједноставно кажано — повисоко ниво на лабораториска дијагностика.

Тоа не е лабораторија каде што се работат само шеќер, холестерол, триглицериди, крвна слика, железо и анализите што сите добро ги знаеме.

Во новата Битолска ќе се работат и голем број поспецифични анализи — тримесечен шеќер, тироидни и други хормони, витамин D, PSA, тумор маркери и многу други.

За специјализираните испитувања ја продолжуваме и ја прошируваме соработката со дијагностички, микробиолошки и хистопатолошки лаборатории надвор од Битола.

Сето ова го правиме за вас, да ви биде најлесно.

Доаѓате во Битолска — и на едно место се грижиме за сите ваши лабораториски анализи. 💙

Современа опрема.
Високопрофесионален тим.
Соодветна специјалистичка стручност.

Тоа е новата
БИТОЛСКА ДИЈАГНОСТИЧКА ЛАБОРАТОРИЈА.

📍 Александар Турунџев бр. 37
Кај Синџирот – Ат Пазар

Се гледаме кај Синџирот – Ат Пазар. 💙Во изминатите денови ви ги претставивме Христина, Мартина, Николче и Лилјана — луѓе...
17/09/2026

Се гледаме кај Синџирот – Ат Пазар. 💙

Во изминатите денови ви ги претставивме Христина, Мартина, Николче и Лилјана — луѓето зад Битолска лабораторија.

Ги запознавте нивните приказни.
Сега е време да ви кажеме што следува.

Наскоро ги отвораме вратите на нашата нова Битолска дијагностичка лабораторија. 🧪

И не станува збор само за уште една локација.

Со специјалист по медицинска биохемија во нашиот тим, современа лабораториска опрема и можност за значително поширок спектар лабораториски анализи, правиме уште еден чекор напред во она што го градиме со години.

Посебно внимание посветивме и на пристапноста. Новата лабораторија располага со лифт, за безбеден и достоинствен пристап и за лицата со попреченост и намалена подвижност. ♿

Нашата постоечка лабораторија кај Саатот, наспроти црквата „Св. Великомаченик Димитрија“, продолжува со работа.

Со новата локација, Битолска лабораторија ќе биде достапна на две места во Битола. 💙

📍 НОВА ЛОКАЦИЈА
ул. Александар Турунџев бр. 37
Кај Синџирот – Ат Пазар

А по битолски, најлесно:

„Новата Битолска?“
-“Во 💙 на Битола
кај Синџирот – Ат Пазар.“

Луѓето зад Битолска лабораторија 💙Пред неколку дена ви го претставивме Николче Анастасовски — човек кој по толку години ...
15/09/2026

Луѓето зад Битолска лабораторија 💙

Пред неколку дена ви го претставивме Николче Анастасовски — човек кој по толку години работа има пациенти што едноставно велат:

„Кај Николче сакам да вадам крв.“

Денес ви ја претставуваме Liljana Trajcheska,најновиот член на нашиот лабораториски тим.

Лилјана е со нас шест месеци. Ни се придружи токму во периодот кога Битолска лабораторија започна да се подготвува за својот следен голем чекор — новата лабораторија.

Затоа овие шест месеци за неа се многу повеќе од почеток на ново работно место. Тие се време на работа, учење и подготовка за она што следува.

Нема зад себе години искуство како Николче. Но уште од првите денови кај неа препознавме нешто што не се мери со работен стаж — желба да научи, смиреност, трпение и убав однос кон пациентите.

Знаењето се учи.
Искуството се стекнува.
А најубаво е кога има од кого да се пренесе.

Со отворањето на новата лабораторија, Николче и Лилјана ќе се менуваат меѓу нашите две локации. Сакавме токму така — знаењето, искуството и начинот на работа што пациентите веќе го познаваат да се пренесат и во новата лабораторија.

Лилјана својата приказна во Битолска лабораторија допрва ја пишува.

А ние веруваме дека ќе дојде ден кога и за неа некој пациент едноставно ќе рече:

„Кај Лилјана сакам да вадам крв.“ 💙

И тогаш ќе знаеме дека не сме пренеле само знаење и искуство.

Сме пренеле и доверба.

🧪 Битолска лабораторија

📷 Фотографија: Матеа Василевски https://www.instagram.com/photosbychains?stkn=aHk0b3E3aHFnZ3Zx

17 години доверба – наследство на прецизна дијагностика кое продолжува да расте. Наскоро ја отвораме новата локација со ...
25/06/2026

17 години доверба – наследство на прецизна дијагностика кое продолжува да расте. Наскоро ја отвораме новата локација со уште посовремена технологија и стручен кадар на повисоко професионално ниво – за резултати на кои можете целосно да се потпрете.

Address

11ti Oktomvri 5 A
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 07:30 - 15:00
Tuesday 07:30 - 15:00
Wednesday 07:30 - 15:00
Thursday 07:30 - 15:00
Friday 07:30 - 15:00
Saturday 07:30 - 13:00

Telephone

+38975494206

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bitolska Laboratorija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Bitolska Laboratorija:

Shortcuts

Share