27/08/2026
Програма за ПСИХОЛОШКА ПИСМЕНОСТ! - одлична можност за личен раст и развој!
Секоја чест за програмава почитувана колешке Марија Аџиоска Дунимаглоски!
📚Во училиште учевме математика, биологија, историја, географија, но никој не нè научи на најважните животни лекции:🤷🏻♀️
• Како да ги препознаваме и регулираме нашите емоции, наместо да ги потиснуваме.
• Како да го запреме анализирањето на секоја ситница (overthinking) и да му дадеме мир на нашиот ум.
• Како да поставиме здрави граници и да престанеме постојано да угодуваме на штета на сопствениот мир.
• Како да се ослободиме од притисокот на перфекционизмот и идејата дека „мораме да бидеме совршени за да вредиме“.
• Како да го надминеме стравот од конфликт и да го кажеме тоа што го мислиме, без страв од туѓата реакција.
• Како да го смириме строгиот внатрешен критичар во нас и да научиме да бидеме поемпатични кон себе.
• Како да се справиме со стравот од неуспех, отфрлањето и како да се носиме со тагата од загубите низ животот.
😇Токму затоа ја креирав програмата „Психолошка писменост и личен развој“ за млади и возрасни.
Ве поканувам на БЕСПЛАТНА едночасовна онлајн средба, каде што ќе имам можност вистински да ви ја претставам и доближам програмата
✨Што ќе опфатиме на оваа средба?
• Детално објаснување на сите модули низ кои ќе поминеме.
• Како оваа програма може конкретно да ви помогне во секојдневието.
• Отворена Q&A сесија – простор каде што ќе одговорам на сите ваши прашања!
Искористете ја оваа средба за да процените дали ова е видот на поддршка што ви недостига и ви е потребна во секојдневието.
📌 Детали за средбата:
• Датум: 2-ри Септември
• Време: 18:00 часот
• Локација: Онлајн преку Google Meet
(Самата програма за Психолошка писменост официјално започнува на 12-ти Септември, ќе може да се следи комбинирано: онлајн или во живо!)
Повеќе детали за програмата и модулите може да прочитате на профилите на Психолошки центар Раст и Развој.
📲 Како да се пријавите за бесплатната инфо-средба?
На 077 222 611 или пишете ми „САКАМ ЛИНК“ во коментар и ќе ви го испратам линкот за вклучување. 😊