12/09/2026
🦷 МЕРИЛЕНД МОСТ КАЈ ДЕЦА – КОГА НЕДОСТИГААТ ТРАЈНИ ЗАБИ
Кај некои деца, поради анодонција, трајниот заб никогаш не се развива. Најчесто станува збор за недостиг на еден или два заба, особено за латералните инцизиви – „двојките“.
Во периодот на раст и развој, кога имплант не е опција, Мериленд мостот може да биде одлично привремено, естетско и минимално инвазивно решение.
✨ Што претставува Мериленд мостот?
Станува збор за тенка конструкција со вештачки заб, која се фиксира за соседните заби со специјални крилца, најчесто без значајно стружење и оштетување на здравите соседни заби.
👧🧒 Зошто е особено погоден кај деца?
• го надополнува недостатокот на забот
• го подобрува изгледот на насмевката
• овозможува природен изглед додека детето расте
• претставува минимално инвазивна опција
• може да биде дел од планот до моментот кога ќе се создадат услови за трајно решение
Кај секое дете, решението се планира индивидуално – во зависност од возраста, оклузијата, состојбата на соседните заби и ортодонтскиот план.
🦷 Добриот протетски план кај децата не е само да го „пополните празното место“, туку да обезбедите правилен развој и естетика до моментот кога ќе биде можно трајно решение.