ПЗУ Д-Р Чипуровски

ПЗУ Д-Р Чипуровски Интернистичка Ординација

Иако гастроскопија е 100% метода во детекција на пептичен улкус на желудник и булбус на дуоденум ,ултрасонографијата или...
26/06/2025

Иако гастроскопија е 100% метода во детекција на пептичен улкус на желудник и булбус на дуоденум ,ултрасонографијата или ехото на абдомен е насочувачки метода во која ехографски се гледа ограничено хипоехогена задебелување на ѕидот на желудникот или дуоденумот со централа хиперехогеност од колекција на гасови.(HH-sign).Кога има зголемување на димензиите со централна ехогеност на желудникот укажуваат на присуство на хијатус хернија во корелација со клиничката презентација на подуеност,регургитсција на киселини во устата, типична јака болка лоцирана на едно место во епигастриумот или десен хипохондриум кај пациенти со улкус на желудник или дуоденум.Лекувањето е со H2 блокатори,антациди,пробиотици и диетален режим избегнување легуминози, газирани пијалоци лута храна ,алкохол ,кафе и цигари

Пациентка на 77годишна возраст се лекува со антидијабетик глибенкламид и антихипертензив лосартан ,претходно со тројна т...
27/05/2025

Пациентка на 77годишна возраст се лекува со антидијабетик глибенкламид и антихипертензив лосартан ,претходно со тројна терапија и антибиотици за ерадикација на хеликобактер инфекција, со ехографски наод во мојата Ординација се детектира скврченост на црн дроб и нерамност на капсула на црн дроб ситнозрнести циротични промени и присутна изразита абдоминална течност- асцитес од 108мм дијаметар како последица на портална хипертензија и декомпензираност на цироза,секундарна анемија и хиперехогени задебелување на ѕид на дебело црево со неправилна форма во насока за метастази на колон како последица на HCC.Ординирана е терапија на бета блокатор атенолол,диуретици спиронолактон и фуроземид како и упатена за КТ со цел диференцијално дијагностички евалуација на можен хепатоцелуларен карцином со метастази на колон!Пациентката не користела антилипемици ,цитостатици ниту била алкохоличар,без полипи и калкулоза на жолчно ќесе и патишта, освен антибиотска терапија повеќекратно,Потребна Хоспитализација!

Иако гастроскопија е 100% метода во детекција на пептичен улкус на желудник и булбус на дуоденум ,ултрасонографијата или...
21/05/2025

Иако гастроскопија е 100% метода во детекција на пептичен улкус на желудник и булбус на дуоденум ,ултрасонографијата или ехото на абдомен е насочувачки метода во која ехографски се гледа ограничено хипоехогена задебелување на ѕидот на желудникот или дуоденумот со централа хиперехогеност од колекција на гасови.(HH-sign).Кога има зголемување на димензиите со централна ехогеност на желудникот укажуваат на присуство на хијатус хернија во корелација со клиничката презентација на подуеност,регургитaција на киселини во устата, типична јака болка лоцирана на едно место во епигастриумот или десен хипохондриум кај пациенти со улкус на желудник или дуоденум.Лекувањето е со H2 блокатори,антациди,пробиотици и диетален режим избегнување легуминози, газирани пијалоци лута храна ,алкохол ,кафе и цигари

Најновите препораки според ESC во лекување на хиперлипидемија и контрола на "лошиот"-LDL -C холестерол kako ризик фактор...
12/05/2025

Најновите препораки според ESC во лекување на хиперлипидемија и контрола на "лошиот"-LDL -C холестерол kako ризик фактора за атеросклероза и Кардиоваскуларни заболувања се за лица без други коморбидитети до 3 mmol/l со ризик од кардиоваскуларен настан во наредните години од 1%,за пациенти со дијабетес тип 1 под 35 годишна возраст или дијабетес мелитус под 50 годишна возраст кој трае помалку од 10 години дозволени вредности на LDL-C до 2.6mmol/l со среден ризик од кардиоваскуларни настани во наредните години од 1-5%. Пациенти со висок ризик од кардиоваскуларни настани кај кои има срцева слабост,поединечно висок холестерол LDL над 4.9mmol/l ,хипертензија над 180/110mmHg,или зголемени триглицериди над 8mmol/l,хронична бубрежна слабост со CClCr 30-59ml/min ,D.mellitus над 10 години со или без компликации дозволени вредности за LDL холестеролот се до 1.8mmol/l,и пациенти со многу висок ризик од кардиоваскуларни настани во наредните неколку години како АИМ,ЦВБ кај кои има дијабетес со оштетување на органи и траење над 20 години ,срцева слабост со атеросклеротски васкуларни срцеви промени и КАБ,ХБИ до клиренс на креатинин под 30 мл/мин со препорачани вредности на LDL xолестеролот до 1.4mmol/l.Успех во контрола на хиперхолестеролемија и одржување на LDL xолестеролот во препорачани вредности преку рано воведување на статинска терапија особено комбинација на росувастатин со езетимиб како и диета поточно редукција на пржена храна ,рафинирана масла,конзервирана храна и тестенини и умерена физичка активност 3 -5 пати седмично.Во зависност од самата здравствена состојба на пациентот можи да има редукција во дозата на статинската терапија но НЕ Целосно ПРЕКИНУВАЊЕ!!!

Врз база на моето 14 годишно работно искуство морам да напишам неколку Лекарски совети :Падот на железото во крвта  без ...
03/04/2025

Врз база на моето 14 годишно работно искуство морам да напишам неколку Лекарски совети :Падот на железото во крвта без пад на бројот на еритроцити ,хемоглобин или хематокрит НЕ Е Анемија или слабокрвност и нема потреба од терапија со железен препарат а е последица на некоја инфекција воспалување во организмот,зголемен АСТ без зголемен АЛТ укажува на хроничен панкреатитис миозитис или акутна миокардна некроза НЕ на црнодробно заболување .ехографски се проценува структурната промена на паренхим морфологија на панкреас и тироидна жлезда а НЕ нивната фунција !!!Зголемените вредности на CRP Se без зголемени вредности на WBC не е бактериска инфекција а е резултат на реуматски инфламаторни заболувања(SLE,RA,SS) ретко на малигни,секоја настинка грип од вирусно потекло Не треба да се лекува со антибиотик!Во случај на бактериска инфекција најдобро е да се направи соодветно испитување уринокултура спутум со антибиограм,антибиотикот секогаш оди со пробиотик со цел зачувување на нормална цревна флора .Пробиотикот не е лек само за стомачни вирози и дијареја туку е одличен и за хроничен гастритис,хијатус хернија нервозни црева и зголемување на имунитетот кај имуникомпромитирани пациенти(малигнитет ,хив ,дијабетес итн) Дијазепамот е лек анксиолитик за смирување а НЕ е антиаритмик и Не е лек за покачен крвен притисок!Лекувањето при значајно зголемување на холестеролот и триглицеридите треба да е со Статин освен во ретки случаи на алергија ,фиброза на хепар ,рабдомиолиза НЕ со црвен ориз и други суплементи доколку после диетален режим и зголемена физичка активност во тек од 3 месеци сеуште има висок холестерол во серум(најдобро да се испитува HDL,LDL). Камчињата во бубрег и жолчно ќесе не се лекуваат со спазмолитици (троспиум)и аналгетици а се смирува само моментално болката . Лекувањето на хипертензија ,дијабетес,хиперлипидемија не е привремено а е трајно доживотно ,најчести причини за Хронична бубрежна слабост се нелекувани дијабетес или хипертензија, хронични упорни уринарни инфекции проксимални.Испитување на мочна киселина во серум е битно со цел превенција на гихт и уратна нефролитијаза!Хеликобактер пилоти најчестиот предизвикувач на гастритис ,чир на желудник и карцином почетно се испитува преку серум присуство на антитела кон него после тројна терапија доколку е позитивен по 6 месеци се испитува антигенот во фецес.Контрола на гликемија ,контрола на липидниот статус ,контрола на крвниот притисок,прекинување на пушење цигари и зголемување на физичка активност со редукција на телесна тежина се основни во спречување на процесот на артериосклероза и настанување на кардиоваскуларни заболувања .

Aсимптоматска пациентка на 73 годишна возраст со тежок степен на хипертензија 180/110 ден лекувана со лосартан 50мг  ХЦТ...
10/03/2025

Aсимптоматска пациентка на 73 годишна возраст со тежок степен на хипертензија 180/110 ден лекувана со лосартан 50мг ХЦТ12,5 mg од направените лаботарориски анализи дијагностицирана хиперхолестеролемија 7,6 ммол/л и хипертриглицеридемиа 2,3.ТTSH 4 уреден ЕКГ наод на хоризонтална депресија на ST segment во прекордијални одводи V4-V6 и стандарден D2 ехокардиографски со ЕF 60%, лесен степен митрална регургитација и хипокинезија на апикален дел од IVS и апекс на лева комора високосуспектно за оклузија на лева антериорна десцендентна коронарна артерија -LAD присуство на CAD -KAБ.Ординирана терапија од моја страна Тbl Valsartan HCT 160/12,5 mg1х1 nautro ,Tbl Nebivolol 5 mg 1x1/2 после ручек ,Тbl ASA 100 mg ,Tbl Rosuvastratin 20 mg 1x1 навечер .Контролниот преглед закажан по 2 месеци .

Пациентка 30 годишна со променлива по интензитет, константна болка во лев хипогастриум независна од храна и обстипација ...
19/02/2025

Пациентка 30 годишна со променлива по интензитет, константна болка во лев хипогастриум независна од храна и обстипација од направениот ултрасонографски ехо преглед детектирана хипоехогена формација со глатки граници јасни овална форма васкуларизизрана на колор доплер без калцификати во насока на полип на дебело црево анатомска локација на сигма упатена за колоноскопски преглед и евентуална полипектомија !

Mesenteric lymphadenitis е само ограничувачки инфламаторен процес на мезентеријалните лимфни јазли во десен долен квадра...
22/01/2025

Mesenteric lymphadenitis е само ограничувачки инфламаторен процес на мезентеријалните лимфни јазли во десен долен квадрант на абдомен.Mикроорганизмите мигрираат од цревата преку лимфните садови до мезентеријалнире лимфни јазли каде се размножуваат и прават оток и мекост без хиперплазија Најчести предизвикувачи сеYerssinia enterоcolitica,Helicobacter jejuni Campilobacter jejuni,Salmonella spp.Најчеста појава е во детска возраст и адолесценти иако не е исклучено да се јави мезентеријален лимфаденитис и кај возрасни.Метод на избор е ултразвук ехо наод на три или повеќе зголемени елипсивидни лимфни јазли со АП дијаметар над 5мм во десен долен квадрант на абдомен ,ретко е потребна и КТ кај повозрасни лица .
Диференцијално дијагностички треба да се помисли на акутен апендицитис,лимфоми,,интерсусцепција на црева.Тераписки најчесто не е потребен третман процесот се повлекува сам за 4 седмици ,во поретки случаи има потреба од апликација на антимикробен препарат од кој метронидијазол се покажал за најефикасен.
Доколку се јави мезентеријален лимфаденитис во детска возраст помали се шансите од развивање на Улцерохеморсгичен колитис покасно во животот .

Address

Ignjat Atanasovski Bb
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Д-Р Чипуровски posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share