ОО Црвен Крст- Битола

ОО Црвен Крст- Битола Red Cross Local Branch Bitola

Идејата за хуманост се родила во 1859 год. од страна на швајцарскиот трговец Анри Динан, кој бил сведок на ужасите од битката кај Солферино, Италија. Тој со четворица угледни пријатели, во Женева, Швајцарија формирал Меѓународен Комитет на Црвен крст и го регистрирал со заштитен знак Црвен крст на бело поле (обратно од обележјата на државното знаме на Швајцарија). Тогаш била донесена Конвенција од

10 члена и била прокламирана мисијата на движењето.

Денес меѓународното движење на Црвен крст го сочинуваат три сегменти:
1. Меѓународен Комитет на Црвен крст е со основни задачи:
- Помош на жртвите во вооружени судири;
- Евакуација и медицинска помош.

2. Меѓународна Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина формирана во 1919 година од повеќе Национални друштва со основни задачи:
- Помош на жртвите во катастрофи;
- Грижа за бегалците во други земји;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва.

3. Национални друштва – Црвен Крст на Република Македонија со основни задачи наведени во членот 19 од Законот за Црвен крст на РМ.
- Црвен Крст на РМ е формиран 17 Март 1945 година, а како самостојно друштво делува од 21 Мај 1992 година;
- Црвен Крст на РМ од Меѓународниот Комитет на Црвен крст епризнат на 01 Ноември 1995 година, а во Меѓународната федераци ја на Црвениот крст и Црвената полумесечина е примен во 27 Ноември 1995 година како 169 членка;
- Помош на Националните друштва во исполнување на програмските активности во случај на катастрофа;
- Координација на активностите помеѓу Националните Друштва

⛑️На ден 29 и 30.08.2026 обучен тим за Прва Помош од Општинската организација на Црвен крст Битола, присуствуваше како м...
07/09/2026

⛑️На ден 29 и 30.08.2026 обучен тим за Прва Помош од Општинската организација на Црвен крст Битола, присуствуваше како медицинско обезбедување на 14-то издание на „Pelister Downhill Cup“.🚴🏻⛰️

Општинската организација на Црвен крст Битола ја користи оваа прилика да изрази честитки до победниците, а воедно и до Extreme Bike Team Bitola за успешната организација на настанот.

21/08/2026

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

21/08/2026

🚑 НАМЕНСКИ ТРАНСПОРТ НА ЛИЦА НАДВОР ОД ЖИВОТОЗАГРОЗУВАЧКА СОСТОЈБА

Нудиме професионален наменски транспорт на подвижни, полуподвижни и неподвижни лица со наменско возило за:

✔ Прегледи и контроли
✔ Терапии и рехабилитација
✔ Болнички прием и отпуст на лица вон животозагрозувачка состојба
✔ Транспорт помеѓу здравствени установи
✔ Патувања до здравствени центри низ државата
✔ Друга администрамивна услуга

Вршиме исклучиво наменски транспорт за пациенти кои не се во животозагрозувачка состојба и не претставуваме служба за итна медицинска помош.

📍 Битола, Новаци, Могила

📍 Транспорт низ цела Македонија

📞 Контакт: 075-323-400

Грижа, почит и професионален пристап кон секое лице. 🚑

21/08/2026

АлфаТвУтринска

20/08/2026

Меѓународниот ден на хуманитарноста е потсетник дека солидарноста, емпатијата и подготвеноста да му помогнеме на другиот се вредности кои не смеат да бидат забора...

🩸🩸На ден 14.07.2026 година, Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Центар За Трансфузиона Медицин...
15/07/2026

🩸🩸На ден 14.07.2026 година, Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Центар За Трансфузиона Медицина - Битола, успешно реализираа крводарителска акција во „ТЕЦ - Битола”. На акцијата беа собрани вкупно 71 единица крв.

Општинската организација на Црвен крст Битола ја користи оваа прилика да се заблагодари на вработените во „ТЕЦ - Битола“ за овај хуман гест.

🅰️🅱️🆎🅾️

14/07/2026

Волонтери од Општинската организација на Црвен крст Битола одржаа симулациона вежба за брза интервенција и помош на загрозени лица...

Летото е период кога резервите на крв се најмали, а потребата од крв останува секојдневна.Овој период, резервите на крв ...
10/07/2026

Летото е период кога резервите на крв се најмали, а потребата од крв останува секојдневна.
Овој период, резервите на крв во нашата земја се најниски, а потребата за неа е постојана и итна, бидејќи во секој миг, некој ја чека и има потреба.

Црвениот крст на Република Северна Македонија организира летна крводарителска акција, со цел да обезбеди доволни резерви крв за сите оние кои имаат потреба.
Твојата одлука да даруваш крв може да спаси нечиј живот!

Обезбеден е превоз за сите крводарители од Битола. Во прилог контакт телефон за пријавување .

ООЦК Битола – 047-236-019


Дарувањето крв е акт на храброст и човечност. Твојата помош е од суштинска важност за многу луѓе. Некој веќе чека на тебе. Спаси живот!
Те чекаме на летна крводарителска акција!

👇🏻👇🏻 Извадок од гостувањето на В.Д Секретарот на ООЦК Битола на Утринска програма на ТВ Алфа, за услугата Наменски Транс...
06/07/2026

👇🏻👇🏻 Извадок од гостувањето на В.Д Секретарот на ООЦК Битола на Утринска програма на ТВ Алфа, за услугата Наменски Транспорт.

АлфаТвУтринска

Општинската организација на Црвен крст Битола со големо задоволство ги изразува своите честитки на Д-р Лилјана Ристевска...
30/06/2026

Општинската организација на Црвен крст Битола со големо задоволство ги изразува своите честитки на Д-р Лилјана Ристевска, која на ден 29.06.2026 година со Одлука на Собранието е избрана за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија.

Во текот на нејзиното долгогодишно ангажирање во Црвениот крст, Д-р Ристевска покажа исклучителна посветеност кон хуманитарната работа и искрена грижа за развојот на организацијата на локално и национално ниво. Нејзиното искуство и лидерски способности како Претседател на Општинската организација, но пред се како човек и голем хуманитарец се силна основа за успешно водење на Националното Друштво во периодот 2026-2030 година.

Особено сме горди што Д-р Лилјана Ристевска потекнува од Битола, и токму наш сограѓанин и долгогодишен хуманитарец ја добива честа да биди првата жена избрана за Претседател на Црвен крст на Република Северна Македонија од осамостојувањето на државата до денес.

Address

Филип Втори Македонски 54
Bitola
7106

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ОО Црвен Крст- Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ОО Црвен Крст- Битола:

Shortcuts

Share