05/06/2026
Дали знаевте дека од вашите 20-ти па сè до 70-тите години, долниот дел од грбот (лумбалниот 'рбет) природно губи огромен дел од својата подвижност?
Истражувањата покажуваат дека со возраста губиме:
📉 40% од способноста за наведнување напред
📉 50% од способноста за странично наведнување
📉 Дури 76% од способноста за наведнување наназад!
А што е со вртењето (торзијата)?
Лумбалниот дел има само околу 7° ротација кај младите, а со текот на годините таа паѓа речиси на нула (100% губење). Најголемиот дел од ротацијата всушност треба да доаѓа од градниот дел и колковите — но само ако ги одржуваме функционални!
Зошто се случува ова?
Причините можат да бидат зацврстување на меките ткива, лигаментите, мускулите или промени во самите коски. Со јин пракса можеме да ги направиме ткивата поеластични, но не можеме да ја промениме формата на коските.
И не е сè така црно 😉 — подебелите коски со возраста ни даваат стабилност и го распределуваат притисокот врз дисковите, но за сметка на тоа ја губиме подвижноста. Затоа е исклучително важно да ја одржуваме таа подвижност колку што можеме!
• 🗓 Недела, 7.6.2026 г.
• ⏰ 19:00 – 20:00 ч. (терминот е пополнет)
• 📍 Life Academy, Битола
#Битола #ГрижаЗаТелото #Подвижност #Флексибилност #ЈинЈога