ПЗУ Акус Медика Биохемиска Лабораторија

ПЗУ Акус Медика Биохемиска Лабораторија Биохемиска Лабораторија- Делчево

NT-proBNP (N-терминален про-Б-тип натриуретичен пептид) е клучен лабораториски биомаркер што срцевиот мускул го ослободу...
16/06/2026

NT-proBNP (N-терминален про-Б-тип натриуретичен пептид) е клучен лабораториски биомаркер што срцевиот мускул го ослободува во крвта при зголемен притисок или растегнување (стрес). Се користи за рано откривање, проценка на тежината и следење на третманот на срцева слабост.

Зошто се назначува?

* Диференцијација на отежнато дишење: Помага да се утврди дали отежнатото дишење или отоците се должат на срцев проблем или на белодробно/друго заболување.
* Прогноза: Високите вредности се показател за поголем ризик од компликации.
Доколку вие ги имате овие неспецифични симптоми кои што се препокриваат при многу заболувања, направете крвен тест за проверка на нивото на овој кардиомаркер со цел да исклучите или да откриете на време ако станува збор за срцева слабост и заболување.

21/05/2026
Хомицистеин и здравјето на срцетоЗошто хомоцистеинот е важен?ХОМОЦИСТЕИНХомоцистеинот е инфламаторна (воспалителна) амин...
06/05/2026

Хомицистеин и здравјето на срцето
Зошто хомоцистеинот е важен?

ХОМОЦИСТЕИН
Хомоцистеинот е инфламаторна (воспалителна) аминокиселина која настанува како нуспродукт на метаболизмот на протеините. Оштетувањата на ѕидовите на артериите предизвикани од хомоцистеин се еден од главните фактори кои го покренуваат процесот на атеросклероза.
Постојат природни начини да се заштитиме од тоа.
Приказната за хомоцистеинот започна со извештајот на д-р Килмер МекКули од 1969 година дека покаченото ниво на хомоцистеин е поврзано со напредната атеросклероза и прерана смрт.
Тој откри дека децата, родени со генетско пореметување наречено хомоцистеинурија, кое доведува до тоа нивоата на хомоцистеин да бидат многу високи, често умираат многу млади поради напредната склероза во нивните артерии.
Но, дури во 1990-тите беше целосно уважено значењето на хомоцистеинот во развојот на срцевите заболувања.
Покаченото ниво на хомоцистеин доведува до засилено згрутчување кое го намалува дотокот на крв во важните делови на телото. Недостатокот на крв во срцето може да предизвика срцев удар, а намаленото снабдување на мозокот со крв го забрзува развојот на деменција и може да доведе до мозочни удари.
Високото ниво на хомоцистеин е исто така поврзано со згрутчувања во други важни делови на телото. Тоа ги вклучува и вените, во случаите на тромбоза на длабоките вени, или емболија на белите дробови.
Во некои проучувања, дури и умереното зголемување на нивото на хомоцистеин покажало поврзаност со зачестеноста на формирање на крвни згрутчувања.
Нивоата на хомоцистеин би требало да ги проверат сите кои имаат семејна историја на срцеви заболувања, шлог, дијабетес или когнитивна дегенерација (деменција). Исто така, сите на кои им е дијагностицирано некое од тие состојби би требало да ги следат своите нивоа на хомоцистеин.
Во ризичната група спаѓаат и оние кои имаат лична или семејна историја на алкохолизам или бубрежни заболувања.
Најдобриот начин да се проверат нивоата на хомоцистеин се лабораториските претраги кои се однесуваат на здравјето на срцето и кои вклучуваат мерење на Ц-реактивниот протеин, Lp(a) (липопротеин а – го блокира натриум аскорбат) и VAP тест (вертикален автопрофил на холестерол).
Како доаѓа до зголемување на нивото на хомоцистеин
Хомоцистеинот е метаболички нуспроизвод на метаболизмот на белковините, а посебно на метаболизмот на метионин.
Метионин се наоѓа во месото, плодовите од морето, млечните производи, јајцата, сусамот и бразилскиот орев.
Хомоцистеинот се метаболизира на два начини: реметилација и транссулфурација.
Реметилацијата бара фолати (Б9) и Б12 коензими, додека транссулфурацијата бара пиридоксал-5-фосфат, коензим Б6.
По правило околу 50% од хомоцистеинот се реметилизира, а остатокот од хомоцистеинот се транссулфурира во цистеин.
Цистеинот кој така се формира потоа се користи за производство на глутатион. Глутатионот е моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативен стрес. Витаминот Б2 и магнезиумот учествуваат во метаболизмот на хомоцистеинот.
Ако во телото не постои доволно витамин Б6, Б12, фолати, Б2 и магнезиум, може да дојде до опасно зголемување на нивото на хомоцистеин.
Причини за зголемување на хомоцистеинот
Лошата исхрана со многу шеќери и јаглехидрати може да го намали нивото на клучните Б витамини и магнезиум.
Пореметувањето на рамнотежата на цревните бактерии доведува до лоша апсорпција на хранливите состојки, што исто така може да доведе до зголемување на нивото на хомоцистеин.
Генетските пореметувања, на пример оние кои предизвикуваат проблеми со апсорпцијата и користењето на фолати и витамин Б6, се често се среќаваат кај лица со покачено ниво на хомоцистеин.
Тестирањата на крвта кои покажуваат нивоа на хомоцистеин над 6,3 mmol/L (по американските стандарди) се индикација за лоша метилација и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Во тој случај би требало да се воведат суплементи на метилирани форми на витамин Б, како што се метил-фолат, метил-Б12, Пиридоксал-5-фосфат, рибофлавин, триметилглицин, магнезиум и колин.
Препорачаните суплементи се исто така ПАБА, Н-Ацетил цистеин и алфа липоична киселина, тие помагаат во создавањето на глутатион и ги намалуваат нивоата на хомоцистеин. Про Колаген 19 кој содржи натриум аскорбат, лизин, пролин, глицин исто така помага во чистењето и обновата на крвните садови...
Висококвалитетните омега-3 масни киселини и заситените средноланчени масти од кокосовото масло се суштински важни за намалување на нивото на хомоцистеин.

15ти Април- Честит празник на сите лабораториски професионалци!💙
15/04/2026

15ти Април- Честит празник на сите лабораториски професионалци!💙

Христос Воскресе, бидете здрави и живи!❤️
12/04/2026

Христос Воскресе, бидете здрави и живи!❤️

Со мало задоцнување сакаме да го честитаме 7ми Април денот на здравјето и здравните работници. Им се заблагодаруваме на ...
08/04/2026

Со мало задоцнување сакаме да го честитаме 7ми Април денот на здравјето и здравните работници. Им се заблагодаруваме на сите наши пациенти кои ја имаат довербата во нас, нашата најголема цел е вие да се чуствувате добро при секоја посета на нашата лабораторија, ви посакуваме да бидете здрави, а на нашите колеги им го честитаме празникот, да бидеме луѓе со повеќе емпатија а помало его.❤️

Доаѓа пролетта, а со неа доаѓаат и најчестите сезонски алергии. Како децата така и возрасните страдаат од сезонски па и ...
14/03/2026

Доаѓа пролетта, а со неа доаѓаат и најчестите сезонски алергии. Како децата така и возрасните страдаат од сезонски па и од други алергии. Кај нас имате можност да направите испитување и да им ставите крај на непријатните симптоми. Посетете не.

Бидете здрави и бидете свои секој ден!❤️
08/03/2026

Бидете здрави и бидете свои секој ден!❤️

Хашимото тироидит (познат и како хроничен автоимун тироидит) е автоимуно заболување при кое имунолошкиот систем ја напаѓ...
04/03/2026

Хашимото тироидит (познат и како хроничен автоимун тироидит) е автоимуно заболување при кое имунолошкиот систем ја напаѓа тироидната жлезда. Со тек на време тоа доведува до намалена функција на жлездата – хипотироидизам.



📌 Што претставува?

Кај ова заболување организмот создава антитела против сопствената тироидна жлезда (најчесто anti-TPO и anti-Tg). Со тек на време жлездата се оштетува и не произведува доволно хормони (T3 и T4).

Заболувањето првпат е опишано од јапонскиот лекар Hakaru Hashimoto во 1912 година.



⚠️ Симптоми

Симптомите најчесто се развиваат постепено:
• Замор и поспаност
• Зголемување на телесна тежина
• Чувство на студ
• Сува кожа
• Опаѓање на косата
• Запек
• Депресивно расположение
• Нарушувања во менструалниот циклус
• Оток на вратот (гушавост)

Во почетната фаза може да нема изразени симптоми.



🧪 Дијагноза

Се поставува преку:
• Крвни анализи:
• Зголемен TSH
• Намален FT4
• Позитивни anti-TPO и/или anti-Tg антитела
• Ултразвук на тироидната жлезда
ПОСЕТЕТЕ НЕ И ПРОВЕРЕТЕ ГО НИВОТО НА ВАШИТЕ ХОРМОНИ.

Address

Улица 4ти Јули бр. 4
Delcevo
2320

Opening Hours

Monday 07:00 - 15:00
Tuesday 07:00 - 15:00
Wednesday 07:00 - 15:00
Thursday 07:00 - 15:00
Friday 07:00 - 15:00

Telephone

+38970384639

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Акус Медика Биохемиска Лабораторија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ПЗУ Акус Медика Биохемиска Лабораторија:

Shortcuts

Share