ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

  • Home
  • Macedonia
  • Gevgelija
  • ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија, Doctor, Слободан Митров Данко бр.38, Gevgelija.

26/06/2026
Посебна посвета за човекот чиј труд и човечност оставија белег во работењето на нашата мала но сепак многу значајна уста...
12/06/2026

Посебна посвета за човекот чиј труд и човечност оставија белег во работењето на нашата мала но сепак многу значајна установа. Ви благодариме за професионалноста низ годините и Ви посакуваме здравје, среќа и исполнети пензионерски денови.

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија изразува искрена благодарност до Командерија „Св. Георги Победоносец“ –...
10/06/2026

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија изразува искрена благодарност до Командерија „Св. Георги Победоносец“ – Струмица, Редот Витези Темплари на Ерусалим – Велик Приорат Македонија, фондацијата „Lets Care – Luxemburg“ и г-дин Сафет Алили за донацијата на медицинска опрема намената за здравствената установа.

Донирани се 3 инвалидски колички, 14 ролери (одалки за пациенти) и 2 мобилни апарати за кислородна поддршка, кои ќе придонесат за подобра грижа и поддршка на нашите пациенти. Во име на пациентите, вработените и раководството на здравствената установа, Ви упатуваме искрена благодарност и длабоко почитување.

Со почит,

ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија
ВД Директор Д-р Патрик Матх

Европска недела на имунизацијаЗаштитуваме генерации, градиме здрава иднина. Вакцинацијата штити – денес, утре и за сите ...
24/04/2026

Европска недела на имунизација
Заштитуваме генерации, градиме здрава иднина.

Вакцинацијата штити – денес, утре и за сите нас.

Да се грижиме за здравјето на децата и на целата заедница.

09/04/2026

9 април – Светски ден на психоонкологијата 2026
Во рамки на глобалната иницијатива World Psycho-Oncology Day 2026, иницирана од International Psycho-Oncology Society, нашата болница учествуваше во реализација на активности посветени на подигнување на свеста за важноста на психолошката поддршка кај онколошките пациенти.
На Факултетот по психологија на Меѓународен Славјански Универзитет психологот м-р. Розита Андовова од ЈЗУ Општа болница Гевгелија одржа стручно предавање на тема Психосоцијални аспекти на онколошките заболувања, наменето за студенти по психологија, психолози и здравствени професионалци, со цел унапредување на знаењата и поттикнување на интегриран пристап во грижата за пациентите. Изразуваме благодарност до факултетот за соработката и поддршката, како и за препознавањето на значењето на поврзувањето на теоријата со практиката, што претставува клучен чекор во развојот на идните професионалци.
Како дел од оваа иницијатива и како дел од сеопфатната грижа која ја применуваме во нашата установа, дополнително воведуваме отворен ден за онколошки пациенти во психолошкото советувалиште, секоја среда од 11:30 до 14:30 часот, а во чекалните пред ординациите ќе бидат достапни и летоци со мотивирачки пораки кои ги охрабруваат пациентите да побараат психолошка поддршка.
Психолошката грижа е суштински дел од лекувањето. Зад секоја дијагноза стои човек кој има потреба да биде слушнат, разбран и поддржан.
Благодарност до сите кои беа дел од организацијата и реализацијата на оваа иницијатива.

07/04/2026

Почитувани , упатуваме искрени честитки и благодарност до сите здравствени работници за нивната пожртвуваност, хуманост и несебична грижа за здравјето на граѓаните. 👩‍⚕️👨‍⚕️

Вашата посветеност, професионалност и грижа секојдневно спасуваат животи и носат надеж. Ви благодариме за сè што правите!

Ви посакуваме многу здравје, сила и успех во благородната професија.
Со почит, ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија

Address

Слободан Митров Данко бр.38
Gevgelija

Telephone

+38934213710

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category