06/08/2026
🤱 СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО
1 – 7 август
Секоја година, од 1 до 7 август, се одбележува Светската недела на доењето – период посветен на подигнување на свеста за значењето на доењето и поддршката која им е потребна на мајките уште од првите моменти со нивното новороденче.
Согласно препораките на Комитетот за доење, УНИЦЕФ и Светската здравствена организација (СЗО), се препорачува исклучиво доење во првите шест месеци од животот, а потоа продолжување на доењето до две години и подолго, во согласност со потребите на детето и желбата на мајката.
👶 Мајчиното млеко е првата природна заштита и најдобриот почеток за секое бебе.
Првото мајчино млеко – колострумот, е богато со хранливи материи и антитела кои помагаат во заштитата на новороденчето.
🌱 Мајчиното млеко се менува со растот на бебето и ги следи неговите потреби.
💗 Лесно се вари и е прилагодено на незрелиот дигестивен систем на новороденчето.
🛡️ Обезбедува важни хранливи материи и компоненти кои придонесуваат за здрав раст и развој.
Педијатрите од нашата болница секојдневно разговараат со родилките на Одделението за гинекологија и акушерство и ја истакнуваат важноста на доењето, особено неговото започнување што е можно порано по раѓањето.
Иако доењето е природен процес, на многу мајки во првите денови им е потребна помош и поддршка. Нашите акушерки и медицински сестри континуирано им помагаат на родилките, давајќи им совети и практична поддршка за правилно поставување на бебето и полесно совладување на техниката на доење.
🤍 Клучот за успешно доење е поддршката – од семејството, заедницата и здравствените работници.
Во нашата болница продолжуваме да ја негуваме грижата, поддршката и советувањето на секоја мајка, со цел секое новороденче да го добие најдобриот можен почеток.
🤱 ДОЕЊЕ – ЗА ЗДРАВ ПОЧЕТОК И СИЛНА ИДНИНА! 💙
ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кавадарци.