Елена Кабранова - психотерапевт под супервизија

  • Home
  • Macedonia
  • Negotino
  • Елена Кабранова - психотерапевт под супервизија

Елена Кабранова - психотерапевт под супервизија Психолошка едукација и советување

03/07/2026

Нов повик за будење на општеството за да не ни се случи „Рибникар“: Државата прави нешто за превенција и справување на врсничкото насилство само не е доволно

Кои шест типови на личност постојат според начинот на кој се адаптирале на своето опкружување.
08/06/2026

Кои шест типови на личност постојат според начинот на кој се адаптирале на своето опкружување.

Постојат шест типови на личности кои се развиле под влијание на околината во која растат и начинот на кој се адаптираат на нејзините барања. Теоријата на персоналн....

За Драмскиот триаголник многу се зборува во Трансакциона анализа и се истакнува важноста на овие три улоги како начини н...
06/06/2026

За Драмскиот триаголник многу се зборува во Трансакциона анализа и се истакнува важноста на овие три улоги како начини на справување со конфликтни ситуации.
Всушност, секоја од овие улоги Жртва, Прогонител и Спасувач во себе носи одреден образец на однесување кој служи како механизам за справување или начин на добивање на она што ни е потребно.

Што е карактеристично за секоја од овие улоги?

Во улога на Жртва не преземаме одговорност за она што се случува во нашиот живот. „Глумејќи“ неспособност и сожалувајќи се себе, се обидуваме да ги „изманипулираме“ другите да направат нешто за да се подобри нашата состојба или да се реши некој наш проблем. Оваа улога може да биде доста иритантна за луѓето околу нас, а самите ние се чувствуваме беспомошно, неспособно, безвредно и сл.
Во улога на Спасувач ние се обидуваме да решиме проблеми кои не се наши или пак да носиме одговорност која не е наша. Спасувачите лесно го земаат товарот од другите луѓе, затоа жртвата и спасувачот се компатибилни улоги кои може да ја одржуваат нивната игра долго време.
Во улога на Прогонувач другите ги обвинуваме за се што не оди добро, се закануваме, критикуваме и се однесуваме агресивно за да ги натераме да прават како што сакаме.
Во некој од овие обрасци, сите сме се нашле во одеден момент, но во една можеби почесто од другите.
Наспроти нив, постои Моето најдобро јас (My best self) или его - состојба на Возрасен како што се нарекува во транакциона налаиза, кога наместо да влеземе во некоја од оваа улоги нашите потреби ги задолуваме на начин кој е автентичен, ефикасен и директен.
Она што може да ви помогне доколку често влегувате во некој од овие обрасци на однесување е да размислите за следното:
Како се чувтвувам кога сум во улога на Жртва/Спасувач/Прогонувач?
На кој друг начин би можел/можела да реагирам?
Како би го добил/добила тоа што го сакам барајќи директно и отворено?
Како директноста и отвореноста ќе ги подобри моите односи со блиските?
#драмскитриаголник #психолог #психотерапија

Поставувањето граници на детските желби да го гледаме како љубов и грижа затоа што со тоа ги учиме на важни животни вешт...
01/06/2026

Поставувањето граници на детските желби да го гледаме како љубов и грижа затоа што со тоа ги учиме на важни животни вештини.
Среќен светски ден на детето👫!

На психотерапија може да оди секој кој што има лични проблеми, било да се привремени потешкотии во некоја област од живо...
01/06/2026

На психотерапија може да оди секој кој што има лични проблеми, било да се привремени потешкотии во некоја област од животот или пак сериозни ментални нарушувања. Можете да побарате помош од психотерпевт доколку:
- чувствувате разни стравови кои го ограничуваат вашето нормално функционирање;
- се чувствувате незадоволни во врска со себе и имате проблем со себеприфаќање;
- доживувате проблеми во комуникацијата со другите;
- се чувствувате безволно и немате желба за ништо;
-потребна ви е помош околу родителството;
-имате потешкотии во донесување на важна одлука;
-имате проблеми со концентрација, спиење или исхрана;
-често чувствувате немир, нелагодност и претерано размислувате.

Ако размислувате да направите чекор кон промена
пишете ни 📩

Прочитајте за рано одлучување  и терапија со повторно одлучување во најновиот блог пост.
28/05/2026

Прочитајте за рано одлучување и терапија со повторно одлучување во најновиот блог пост.

Терапија со повторно одлучување или како што популарно се нарекува „Redecision therapy“ е психотераписки приод развиен од Мери и Боб Гулдинг (1979) како краткотраен приод на...

Најголем дел од нас не се сеќаваат кога ги донеле најважните одлуки за себе. Многу од нив се создадени уште во детството...
18/05/2026

Најголем дел од нас не се сеќаваат кога ги донеле најважните одлуки за себе.
Многу од нив се создадени уште во детството.

„Не сум доволно добра.“
„Морам сите да ги задоволам.“
„Не смеам да покажам слабост.“
„Љубовта мора да се заслужи.“

Како деца, овие одлуки ни помагале да се заштитиме, да бидеме прифатени или да преживееме во средината во која сме растеле.
Често продолжуваме да живееме според нив и кога одамна не ни служат.

Викендот имав можност да бидам дел од тренинг за Redecision Therapy воден од Tony White кој ја промовира теоријата дека старите одлуки не мора да бидат доживотна судбина.

Можеме да ги промениме нашите одлуки.
Да поставиме нови граници.
Да си дозволиме блискост.
Да престанеме постојано да се докажуваме.
Да живееме помалку од страв, а повеќе од автентичност.

Понекогаш промената не започнува кога ќе научиме нешто ново,
туку кога ќе си дозволиме да ја промениме старата приказна за себе. ✨

#психотерапија

Дај си дозвола да побраш помош. Не морашсе сам/сама. Тоа е шанса да се поврзеш со дригуте луѓе на значаен начин.  ❤️    ...
16/05/2026

Дај си дозвола да побраш помош.
Не морашсе сам/сама. Тоа е шанса да се поврзеш со дригуте луѓе на значаен начин.
❤️

Кога кажуваш НЕ, не значи дека не се грижиш. Грижата за своето добро, не значи негрижа за другите.
13/05/2026

Кога кажуваш НЕ, не значи дека не се грижиш. Грижата за своето добро, не значи негрижа за другите.

Денес дозволи си релаксација, одмор и уживање 🙂.    #психолошкосоветување      #психотерапија
12/05/2026

Денес дозволи си релаксација, одмор и уживање 🙂.
#психолошкосоветување #психотерапија

Address

Цандо Кожинков 17
Negotino
1440

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Елена Кабранова - психотерапевт под супервизија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Елена Кабранова - психотерапевт под супервизија:

Shortcuts

Share

Category