27/02/2026
ЛАСЕР ТЕРАПИЈА - HILT
Ласер терапија со висок интензитет е револуционерна технологија заснована на докажани медицински принципи, која обезбедува безболни третмани без несакани дејства. Ласерот со висок интензитет има 50 - 100 x поголема излезна моќ на зрачење во споредба со конвенционалните ладни ласери, а друга специфичност е тоа што има неограничена длабочина на пенетрација во ткивото.
Ласерот со висок интензитет е терапија која се применува за:
- намалување на болката,
- позитивно влијае на регенерацијата на коските, периферните нерви и кожата,
- делува антиинфламаторно и антиедематозно,
- биостимулирачко дејство,
- забрзано заздравување (забрзана синтеза на колаген)
- го скратува времето на лекување.
Индикации :
1. Мускулоскелетни состојби
- aкутна и хронична болка
- цервикален вратен синдром
- лумбалгија
- лумбоишиалгија
- дискус хернија
- спондилоза
- миофасциален синдром
2.Спортски повреди
- руптура на (мускули, тетиви, лигаменти),
- мускулно истегнување
- фрактура
- контузија
- дисторзија
- хематоми
3. Повреда на тетиви и лигаменти
- тендинитис,
- тендинопатија,
- епикондилитис (тениски лакт),
- руптура на тетиви и лигаменти
- парцијална руптура
4. Дегенеративни заболувања на зглобовите
- остеоартритис ( колено, колк, рамо),
- гонартроза
- коксартроза
- периартрит ( синдром на болно рамо).
5. Воспалителни состојби
- бурзитис,
- синовитис,
- плантарен фасцитис,
- карпал тунел синдром.
6. Невропатска болка
- ишиалгија
- невралгија
- радикулопатија (притиснат нерв).
7. Постоперативна рехабилитација