06/06/2026
Трансакциона анализа и се истакнува важноста на овие три улоги како начини на справување со конфликтни ситуации.
Всушност, секоја од овие улоги Жртва, Прогонител и Спасувач во себе носи одреден образец на однесување кој служи како механизам за справување или начин на добивање на она што ни е потребно.
Што е карактеристично за секоја од овие улоги?
Во улога на Жртва не преземаме одговорност за она што се случува во нашиот живот. „Глумејќи“ неспособност и сожалувајќи се себе, се обидуваме да ги „изманипулираме“ другите да направат нешто за да се подобри нашата состојба или да се реши некој наш проблем. Оваа улога може да биде доста иритантна за луѓето околу нас, а самите ние се чувствуваме беспомошно, неспособно, безвредно и сл.
Во улога на Спасувач ние се обидуваме да решиме проблеми кои не се наши или пак да носиме одговорност која не е наша. Спасувачите лесно го земаат товарот од другите луѓе, затоа жртвата и спасувачот се компатибилни улоги кои може да ја одржуваат нивната игра долго време.
Во улога на Прогонувач другите ги обвинуваме за се што не оди добро, се закануваме, критикуваме и се однесуваме агресивно за да ги натераме да прават како што сакаме.
Во некој од овие обрасци, сите сме се нашле во одеден момент, но во една можеби почесто од другите.
Наспроти нив, постои Моето најдобро јас (My best self) или его - состојба на Возрасен како што се нарекува во транакциона налаиза, кога наместо да влеземе во некоја од оваа улоги нашите потреби ги задолуваме на начин кој е автентичен, ефикасен и директен.
Она што може да ви помогне доколку често влегувате во некој од овие обрасци на однесување е да размислите за следното:
Како се чувтвувам кога сум во улога на Жртва/Спасувач/Прогонувач?
На кој друг начин би можел/можела да реагирам?
Како би го добил/добила тоа што го сакам барајќи директно и отворено?
Како директноста и отвореноста ќе ги подобри моите односи со блиските?
#драмскитриаголник #психолог #психотерапија