ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид

ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид Здравствена услуга од областа на ортопедија, трауматологија и неврохирургија

Историски чекор за ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид!Комбинирани тимови од наш...
10/09/2026

Историски чекор за ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид!

Комбинирани тимови од нашата болница ортопеди (спец. д-р Ognen Sheshoski, спец. д-р Atanas Pop-Stefanija, спец. д-р Aleksandar Stevoski, спец. д-р Стефан Бакаловски, д-р Damjan Taneski), анестезиолог спец. д-р Aleksandar Veslievski, анестезиолошки техничар Елизабета Мурџоска, инструментарки Јулијана Николеска Целеска и Наташа Иваноска, болничар Тони Димитриески, предводени од проф. д-р Константинос Макридис од Грција, за прв пат во ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид направија три роботски ендопротези на колено, на пациенти од регионот со што стануваме пионери во оваа област на роботска ендопротетика. Ова претставува значаен тренд во развиените западни здравствени системи.

"Ми претставува особено задоволство да ја информирам јавноста дека за прв пат во нашата институција ЈЗУ “Св. Еразмо” Охрид тимот ортопедски хирурзи предводени од Проф. Др. Макридис изведува роботски навигирани операции на колено, поточно поставувување тотална протеза на колено, со што нашата институција влегува во пионерите на роботската хирургија во поле на ортопедијата во Р. Македонија. Со вакви достигнувања јавното здравство е во чекор со сите врвни стручни и технички достигнувања на мединската наука и се тоа во функција на унапредување на здравјето на пациентите, со огромна подршка на Владата и Министерство за здравство на Р. Македонија" - спец. д-р Hari Shokarovski, директор на болницата.

Сакаме да упатиме искрена благодарност за поддршката до Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, Сашо Клековски и Влада на Република Северна Македонија.

13/03/2026
Со огромно задоволство и благодарност најавуваме дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата...
20/02/2025

Со огромно задоволство и благодарност најавуваме дека Центарот за развој на Југозападен плански регион ја предаде новата опрема на нашата болница, во рамките на проектот “Опремување на современ центар за физикална терапија”. Станува збор за видео сет за интубација, кој од денес активно започна се користи во секојдневната работа на болницата и значително ги подобрува процедурите и безбедноста на пациентите.
Сакаме да им се заблагодариме на Министерството за локална самоуправа и министерот Златко Перински, Владата на Швајцарската Конфедерација и амбасадорката на Швајцарија во РСМ - Véronique Hulmann за нивната поддршка и финансии, што овозможи набавување и имплементација на оваа современа опрема.
🫁 Подобра визуелизација и поголема прецизност – Видео сетот овозможува зголемен и јасен приказ на дишните патишта, што го подобрува поставувањето на ендотрахеалниот тубус.
🥼 Безбедност на пациентите – Оваа опрема минимизира ризик од повреди и компликации, особено кај пациенти со анатомски предизвици.
🫁 Побрза и поефикасна интубација – Во критични ситуации, секоја секунда е важна, а видео сетот помага за побрзо поставување на тубусот.

Нашата болница секогаш работи на подобрување на здравјето и условите на пациентите преку обезбедување висококвалитетна медицинска грижа, современа опрема и стручен кадар. Ние се стремиме да понудиме поддршка и грижа на секој пациент, создавајќи сигурна и пријатна средина за брзо оздравување. Нашиот тим постојано се обидува да ја подобри здравствената услуга и да осигура дека секој пациент добива најдобра можна грижа.

17/12/2024

🏥 Здравствениот туризам во Охрид – Нови можности и предизвици

Во интервју за ТВ каналот МРТ, директорот на болницата „Св. Еразмо“ – д-р Харлампие Шокаровски, зборува за потенцијалите и предизвиците со кои се соочува оваа значајна здравствена установа.

Со поволната локација и напредните услови за физикална медицина и рехабилитација, нашата болница има сѐ поголем потенцијал да стане центар за здравствен туризам, привлекувајќи пациенти од земјата и странство. 🌍

Д-р Шокаровски ја истакнува важноста на новиот дел од болницата, кој ќе овозможи подобри здравствени услуги и ќе ја зајакне репутацијата на болницата. Сепак, како главен предизвик го наведува недостатокот на стручен кадар, кој е клучен за понатамошниот развој.

Поддршката за медицинскиот персонал и инвестициите во здравствениот систем се неопходни за болницата да го достигне својот целосен потенцијал на меѓународно ниво.

👉 Нашата болница се стреми да работи кон подобра иднина за здравството во Македонија.

Address

Goce Delcev Bb
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо Охрид:

Shortcuts

Share

Category