02/07/2026
Почитувани пациенти, од вчера стапи во примена нова одлука за изменување и дополнување на листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување на РСМ.
Ве молиме за трпение кон матичните лекари и аптеките за издавање на лекови додека се изрегулира сѐ според новиот закон и навремено наоѓање термини за специјалистичко потврдување на дијагнози.
Воедно:
📢 Ве известуваме дека, согласно новите измени на Листата на лекови на товар на ФЗО, кои важат од 01.07.2026 година, лекот пантопразол (Нолпаза, Зипантола,Аципан , Пандев, Ланзул) повеќе нема да може да се препишува на рецепт за најчестите индикации за кои до сега се препишуваше:
🔹 хроничен гастритис;
🔹 превентивно за заштита на желудникот при земање на други лекови (најчесто ревматолошка терапија, како и кортикостероиди).
Доколку сакате да продолжите со терапијата, лекот ќе треба да го купувате со приватен рецепт, односно како комерцијален лек.
✅ На товар на ФЗО пантопразол ќе може да се препишува само за одредени индикации, како што се:
• гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
• улкус (чир) на желудник;
• улкус на дуоденум;
• третман на инфекција со Helicobacter pylori, со напомена дека за ГЕРБ, улкус на желудник и улкус на дуоденум потребна е дијагноза потврдена со гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
Тоа што ќе донесете извештај од специјалист или субспецијалист со препорака да се користи Пантопразол дури и да има ставено соодветна дијагноза, доколку истата не е потврдена со гастроскопија, е ирелевантно и лекот ќе биде препишан на приватен рецепт.
(Текстот е превземен)
За сите информации околу терапијата контактирајте не на нашите телефони
046 272 427
078 276 733
070 526 407