JZU Opsta Bolnica- Ohrid

JZU Opsta Bolnica- Ohrid Hospital

Нова донација за ЈЗУ Општа болница Охрид  Со голема благодарност ја примивме донацијата на телевизори, кои се поставени ...
15/07/2026

Нова донација за ЈЗУ Општа болница Охрид
Со голема благодарност ја примивме донацијата на телевизори, кои се поставени во болничките соби на Одделенијата за Педијатрија, Геријатрија и Гинекологија и Акушерство.
Се грижиме за оние на кои им е најпотребна поддршка – за најмалите пациенти, за нашите повозрасни сограѓани и за мајките кои го носат и го даруваат најголемиот подарок – новиот живот. Телевизорите ќе придонесат престојот во болница да биде попријатен, а деновите на лекување полесни за пациентите и нивните семејства.
Упатуваме искрена благодарност до донаторите. Заедно создаваме подобри и похумани услови за лекување во ЈЗУ Општа болница Охрид.

Реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа болница Охрид  ...
30/06/2026

Реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа болница Охрид
Со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) Сашо Клековски , успешно е реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа болница Охрид.
Со оваа инвестиција, одделите за Интерно, Неврологија и Педијатрија се поврзани на централен довод на медицински кислород, со што целиот интернистички блок сега располага со централно снабдување со кислород.
Ова значително ги подобрува условите за лекување на пациентите, овозможува побезбедно и поефикасно обезбедување на кислородна терапија и придонесува за унапредување на квалитетот на здравствените услуги.
ЈЗУ Општа болница Охрид продолжува со инвестиции во модернизација на болничката инфраструктура, во интерес на пациентите и здравствените работници.

ЈЗУ Општа Болница Охрид доби донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на грижата за нашите пацие...
20/06/2026

ЈЗУ Општа Болница Охрид доби донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на грижата за нашите пациенти.
Во рамките на донацијата обезбедени се:
🔹 3 кислородни концентратори
🔹 2 дубаци без тркалца
🔹 13 дубаци со тркалца
🔹 5 инвалидски колички – обезбедени преку "LetzCare” и Здружението за ретки болести,
и
🔹 10 инвалидски колички – донација од „Кипер Маркети“
Овие медицински помагала ќе бидат ставени во функција на пациентите на кои им е потребна поддршка при движење, рехабилитација со што директно се подобруваат условите за нивно лекување и закрепнување.
ЈЗУ Општа Болница Охрид упатува искрена благодарност до донаторите за покажаната општествена одговорност, хуманост и поддршка на здравствениот систем.
Благодарност до сите кои придонесуваат за подобро и похумано здравство.
ЈЗУ Општа Болница Охрид 🏥❤️
LetzCare
https://letzcare.eu/

Хуманоста на дело – вработените од ЈЗУ Општа болница Охрид обединети за ЕваВработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, обеди...
19/03/2026

Хуманоста на дело – вработените од ЈЗУ Општа болница Охрид обединети за Ева
Вработените во ЈЗУ Општа болница Охрид, обединети со заедничка хумана цел, реализираа акција за поддршка на малата Ева од Охрид, која води тешка и храбра борба.
• Синдикалната организација на ЈЗУ Општа Болница – Охрид донираше 120.000 денари,
• а дополнително беа собрани уште 66.700 денари преку доброволни донации од вработените, поставени во кутии на одделите.
Собраните средства се донирани за поддршка на лекувањето на Ева – како симбол на заедништво, хуманост и надеж.
Оваа иницијатива е уште една потврда дека вработените во оваа установа покрај професионалната грижа, носат и големо човечко срце.

Започна со работа Центарот за менаџирање на дебелината при ЈЗУ Општа Болница Охрид           Отворањето на центарот е уш...
16/03/2026

Започна со работа Центарот за менаџирање на дебелината при ЈЗУ Општа Болница Охрид
Отворањето на центарот е уште еден важен чекор во превентивата и грижата за здравјето на граѓаните, а дебелината е еден комплексен проблем кој бара менаџирање на многу состојби, беше посочено на официјалното отпочнување со работа на Центарот од страна на медицинскиот тим, директорот на болницата Д-р Горан Маркоски и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
"Зголемената телесна тежина сама по себе повлекува и ризици од многу други состојби, пред се од кардиоваскуларниот, локомоторниот систем, оптеретување на зглобови, па и секако тука е опфатен и психолошкиот аспект. Ова бара едно комплексно менаџирање. Ние сме сега на самиот почеток, имаме моментално апарат којшто ни овозможува определување на композицијата на составот на мастите, мускулната маса, водата, значи еден увид во составот на телото, којшто е една почетна точка и од којашто понатаму можеме да го следиме пациентот и секако со другите параметри, коишто вклучуваат преглед, притисок и сите други работи понатаму да го насочуваме" изјави Д-р Даниела Мисоска Пендова, која заедно со Д-р Лилјана Ангелеска и Д-р Сашо Василевски ќе работат со овај центар.
"Веќе има интерес од нашите сограѓани, прашуваат и за терапија. Имаме и терапија за намалување на телесна тежина која се дава кај пациентите. Така да се надеваме дека ќе ги заштитиме пациентите да не страдаат од други заболувања, зошто дебелината знаеме какви проблеми може да донесе" посочи Д-р Лилјана Ангелеска, раководител на Интерното одделение при Општа болница Охрид.

Нов ендоскопски апарат за гастро и колоноскопија на Одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при Општат...
13/03/2026

Нов ендоскопски апарат за гастро и колоноскопија на Одделението за внатрешни заболувања со пнеумофтизиологија при Општата Болница Охрид
Интерното одделение при Општата Болница Охрид доби нов ендоскопски апарат со кој значително се зголемува квалитетот и прецизноста во однос на изведување на интервенциите дијагностичка и тераписка гастро и колоноскопија. Апаратот е набавен на јавна набавка со средства обезбедени од Фондот за здравстено осигурување на Република Македонија.
"Се обидуваме да согледаме што е потребно каде за да создадеме капацитет, бидејќи скринингот да функционира како што треба ќе треба инфраструктурата да се воспостави. Во Општата Болница Охрид имаме два одлични доктори, значи кадри имаме. Потребно е да се погледне опремата и другите прашања за да се зголеми бројот, посебно на колоноскопии. Гастроскопиите се јавуваат со симптоми и граѓаните почесто доаѓат за гастроскопија отколку колоноскопија, бидејќи дебелото црево е тивко. Ако ќе станат симптомите видливи и јасни, тогаш може да е доцна. Ние ги охрабруваме граѓаните да секој над педесет години, без разлика на симптомите, направи колоноскопија, дури е здрав за да се види каква е состојбата. Ова е еден од чекорите за да создадеме една инфраструктура за повеќе гастроскопи и колоноскопи, бидејќи посебно ракот на дебело црево е сè позначаен проблем во државата. " изјави Директорот на Фондот за здравство Д-р Сашо Клековски
"Последниот апарат беше стар околу дваесетина години. Често беше во дефект, затоа и бројот на интервенции беше значително мал, незадоволителен за нашиот град, при што нашите граѓани често користеа приватни установи за ваков тип на интервенција, беа подложени на дополнителни материјални трошоци, често патуваа и во други центри надвор од нашиот град, така што оваа набавка има големо значење општо за нашата општина во однос на материјално-економски аспект, посочи в.д. Директорот на ЈЗУ ОБ Охрид Д-р Горан Маркоски.

Се роди сто дваесеттото дете во Охрид "На одделението за Гинекологија и акушерство - Охрид, ведрината и среќата ни ја сп...
12/03/2026

Се роди сто дваесеттото дете во Охрид
"На одделението за Гинекологија и акушерство - Охрид, ведрината и среќата ни ја споделија 120 семејства. Горди сме што сме дел од Вашата приказна, продолжуваме да ја градиме довербата. Впрочем, за тоа и сме тука - за Вас.
Дополнително, зголемен е и обемот на гинеколошки интервенции вклучувајќи ги и хистероскопските интервенции, што од неодамна за прв пат ги воведовме во регионот.
Следниот чекор ни е воведување на лапароскопски операции, како и унапредување на квалитетот на породувањето со епидурална и спинална анестезија. Современите пристапи и новите третмани веќе даваат конкретни и позитивни резултати" изјави Д-р Мимоза Влаши раководител на одделението за Гинекологија и акушерство.

Се враќа оперативниот програм на одделението Уво, нос и грло при ЈЗУ Општа болница ОхридОпштата Болница Охрид станува Ре...
12/03/2026

Се враќа оперативниот програм на одделението Уво, нос и грло при ЈЗУ Општа болница Охрид
Општата Болница Охрид станува Регионален центар во Југозападниот регион за изведување на оперативни зафати од оваа специјалност. Пациентите од Охрид и од целиот Југозападен регион, кои со години беа принудени да патуваат во други градови и кои се соочуваа со долги листи на чекање за ваков тип на операции, отсега ќе можат за истите да се услужуваат на Одделението за уво, нос и грло во Охрид.
После осумнаесет години, беа изведени два оперативни зафати од страна на медицински тим на одделението за Уво, нос и грло во Охрид со колегите од Клиниката во Скопје. Вакви интервенции, според најавите, се планирани да се изведуваат еднаш неделно.
"Точно пред 18 години беше направена последната операција на тонзили, која претставува еден од основните оперативни зафати од оваа дисциплина. Особено сум горд што после толку години во нашиот град повторно започнува оперативната програма на одделението за уво, нос и грло. Тоа значи големо олеснување за граѓаните, особено за најмладата популација која на почетокот ќе бидат најчести пациенти за овие зафати. Интервенциите се изведуваат во општа анестезија и бараат внимателна подготовка на пациентите. Исто така сакам да изразам честитки до целиот тим од одделението за Оториноларинхологија, тимот од одделението за Анестезиологија и реанимација и благодарност до тимот од Клиниката за Оториноларингологија од Скопје предводената од Директорот Д-р Игор Камшикоски за нивната несебична подршка “, вели д-р Горан Маркоски, в.д. Директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Нова опрема за поквалитетни услуги во Биохемиска лабараторија при ЈЗУ Општа болница - ОхридНовиот интегриран апарат за б...
11/02/2026

Нова опрема за поквалитетни услуги во Биохемиска лабараторија при ЈЗУ Општа болница - Охрид
Новиот интегриран апарат за биохемиски и имунолошки анализи кој меѓудругото е прв од ваков вид во нашиот регион, сместен во одделот за Биохемиско- лабораториска медицина претставува современо и ефикасно решение со висока точност, брзина и сигурност во дијагностиката. Апаратот овозможува автоматизирано извршување на широк спектар биохемиски и имунолошки тестови на еден систем, со минимална потреба од рачна интервенција.

Со напредна технологија, висока репродуктивност на резултатите и брзиот софтвер за управување со податоци, интегрираниот систем ја подобрува работната ефикасност и го намалува времето на анализа. Обезбезбедува сигурни резултати кои се клучни за точна и навремена медицинска одлука.

Новиот хематолошки бројач со CRP и седиментација овозможува прецизна и брза анализа на диференцијална крвна слика со показатели на воспалителни процеси во телото. Апаратот обезбедува сигурни резултати, автоматизирана работа и зголемена ефикасност во болничките и лабораториските услови, придонесувајќи за навремена и точна дијагноза.
Ова само претставува дел од проектите кои што во блиска иднина ќе се реализираат на ова одделение.

Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид!  Со големо задово...
05/01/2026

Воведени хистероскопски интервенции на Одделението за Гинекологија и акушерство во болницата во Охрид!
Со големо задоволство сакаме да ве информираме дека на Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа Болница Охрид започна со употреба на нов, најсовремен хистероскопски апарат. Ваков тип на процедура е извршена за прв пат во нашата Општина Охрид како и во околниот регион.
Оваа значајна набавка претставува голем чекор напред во унапредувањето на гинеколошката здравствена грижа во нашата општина и регионот кој што го опслужуваме.
Со оваа современа и софистицирана метода овозможуваме:
➡️ минимално инвазивна дијагностика и третман,
➡️ побрзо и побезболно закрепнување,
➡️ прецизност во откривање и отстранување на туморски формации и септуми во матката,
➡️ услуги кои досега не биле достапни во Охрид
"Како в.д. Директор на ЈЗУ ОБ Охрид, особено сум горд што нашиот тим од ова одделение од каде што и самиот доаѓам, започнува да работи со нови методи кои за прв пат се воведуваат во нашата болница и кои на пациентките ќе им овозможат поквалитетна и побрза здравствена услуга - дома во својата општина, без потреба од упатување во други здравствени центри. Исто сакам да го истакнам и економскиот аспект и оптоварување од кое ќе бидат ослободени нашите пациентки, кои што за ваков тип на интервенции одвојуваа големи средства по приватните болници или пак беа дел од долги листи на чекање во терциерните здраствени установи, а сега истите ќе им бидат достапни само по основ на платена партиципација." истакна В.Д. Директорот на болницата спец. гинеколог и акушер Д-р Горан Маркоски
Продолжуваме да вложуваме во модернизација на здравството и здравствените услуги и подобра грижа за нашите пациенти.

Address

Sirma Vojvoda
Ohrid
6000

Telephone

+38946267267

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when JZU Opsta Bolnica- Ohrid posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category