05/08/2026
Да креираме квалитет заедно!
Да си дозволиме да уживаме во летото, избирајќи со цела одговорност кон себе активно да се подготвиме.
Наша препорака за летово е да научиме да ги препознаваме „вознемирувачите“, соочување со нив, пред да не изместат од балансот.
Разговарајте со стручни лица или ваши блиски кои имаат разбирање за Вашиот проблем, реализирајте активности, кои ви будат чувства на безбедност и сигурност, зголемете ги прошетките, пливањето... физичките активности и направете план за истите, доволно одмарајте со опуштеност и квалитетен сон, избегнувајте во најтоплите часови да бидете изложени на сонце, разладувајте се доволно, конзумирајте доволно течности и бидете хидрирани, дозволете си да уживате на еден поинаков начин, кој ја стимулира вашата сигурност и вашето здравје.
Бидете носител на грижата за сопственото здравје, ние сме секогаш Ваша поддршка во тој процес!
Ваш Референтен Центар „Жан Митрев“ Клиника, Охрид
071/313-301