16/03/2020
ВАЖНО !!!
Согласно препораките од ФЗОМ Ве известуваме дека во периодот додека траат посебните мерки, за заштита од КОВИД-19, сите административни потреби на пациентите, ќе се одвиваат, по телефонски пат.
Целта е да се избегне непотребно изложување на ризик.
1. По телефон ќе може да ги порачате вашите рецепти, упати, а ќе ги подигнете од ПЗУ Хоспиталиа, без задржување во ходник.
2. Имате право, за 6 месеци однапред, да добиете рецепти за хронична терапија.
3. Боледувањата, согласно новите препораки, ги даваме до 14 дена, за сите болни од грип, настинка, бронхит, и бронхопнеумонија.
4. Продолжување на боледување над 15 дена ќе се врши по телефон со Ваше јавување, а не лично во амбуланта, или со одење на комисија во ФЗОМ.
По маил ни го испраќате мислењето на специјалистот за отворено боледување или отпусното писмо ако сте лежеле на болница, а понатаму ние ги проследуваме сите постапки по маил со ФЗОМ.
Нашиот е-маил е: [email protected]
Ако не користите маил доволно е да се јавите само на долунаведените телефони:
Д-р. Биљана Зајкоска Трајкоска: 070 235 888
Специјалист по семејна медицина
5. Пациентите кои се со симптоми на висока температура или имаат друга итна потреба од лекарски преглед ги примаме вообичаено во амбуланта.
6. Лабораториите работат исто како претходно.
ПЗУ Поликлиника Хоспиталиа е посветена на Вашето здравје и целосно се грижи за Вашата безбедност.