Рената Максимова

Рената Максимова Психолог
Едуино амбасадорка
НЛП и Мајндфулнес тренер за деца, тинејџери и родители

25/05/2026
Денес славиме повеќе од азбука.Славиме можност човекот да биде слушнат, разбран и поврзан.Кога детето учи да чита и пишу...
24/05/2026

Денес славиме повеќе од азбука.

Славиме можност човекот да биде слушнат, разбран и поврзан.

Кога детето учи да чита и пишува,
не учи само азбука,
учи дека мислите имаат вредност,
а чувствата можат да добијат глас. ✍️💭

Писменоста не е само знаење.
Таа е и внатрешна слобода. 🕊️

Човекот што знае да се изрази
полесно гради мостови наместо тишина,
полесно бара поддршка,
и полесно се поврзува со себе и со другите. 🤝✨

Затоа делото на Свети Кирил и Методиј освен историско наследство, е и потсетник дека зборовите можат да лекуваат, да зближуваат и да отвораат нови светови. 📖🌱

Нека денешниот ден нè потсети
да ги учиме децата не само да читаат,
туку и да чувствуваат, размислуваат
и да се изразуваат слободно и автентично. 🤍

ПОСТОИ ЛИ НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ШТО СЕ ПОЈАВУВА  „ОД НИКАДЕ “?Понекогаш детето што манифестира однесување исполнето со навр...
20/05/2026

ПОСТОИ ЛИ НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ ШТО СЕ ПОЈАВУВА „ОД НИКАДЕ “?

Понекогаш детето што манифестира однесување исполнето со навреди,грубост, насилство... всушност можеби е само дете што со денови, недели, месеци се чувствувало заглавено во сопствените емоции.

Понекогаш детето што силно вика, можеби долго време не се почувствувало слушнато.
А понекогаш зад грубото однесување, потсмевот или потребата некого да повреди… стои длабока несигурност што можеби не знаело поинаку да ја изрази.

И токму затоа, кога ќе видиме насилно однесување, важно е да не останеме само на прашањето:

„Кој е виновен?“

Туку да се запрашаме:

Што се случувало пред тоа однесување?
Што сака ова дете да покаже, а можеби помалку умее да го каже со зборови?
Од што можеби се брани или во што бара заштита?
Што научило дека мора да прави за да преживее меѓу другите?

Бидејќи децата понекогаш поседуваат помалку богат речник со зборови преку кои ја искажуваат својата емотивна болка.
Па често зборуваат преку своето однесување.

Некои преку изразување на агресија.
Некои преку молчење.
Некои преку смеа додека некој друг плаче.
Некои преку целосно повлекување во тишина и самотија.

И ако внимателно набљудуваме… ќе забележиме дека зад секое однесување стои потреба која бара начин да биде задоволена.

Потреба да бидат забележани и слушнати.
Да припаѓаат.
Да почувствуваат дека нивниот труд и личност се вреднувани.
Да се почувствуваат безбедни, сигурни, прифатени.
Да добиваат и изразуваат љубов и воедно да воспостават јасни граници .

Да таму каде што нема доволно емоционална сигурност,
децата често почнуваат да креираат моќ преку предизвикување страв кај другите.

Затоа улогата на возрасните не е само да го прекинат конфликтот кој моментално се случува.
Туку да создаваат простор во кој децата учат поинакви начини на реагирање и справување со помалку посакуваните форми на однесување.

Да научат дека може да ја изразат лутината притоа без да повредуваат некој друг.
Да ги изразат своите потреби без да манифестираат однесување со кое понижуваат друг.
Да бидат слушнати без да викаат.
Да бидат силни, без потреба да предизвикуваат кај друг страв.

А за тоа е потребно нешто многу повеќе од казна.

Потребно е присуство.
Доследност.
Смиреност.
Возрасни што не реагираат само кога ситуацијата ќе ескалира, туку умеат навреме да ја препознаат осаменоста зад агресијата, стравот зад нападот и тишината зад повлеченото дете.

Бидејќи децата внимателно нè набљудуваат.

Гледаат дали ќе го свртиме погледот кога на некој му е нанесена повреда.
Дали ќе премолчиме за да избегнеме непријатност.
Или ќе покажеме дека човечноста не се мери по тоа колку сме моќни, туку по тоа колку сме подготвени да застанеме покрај некого кога му е најтешко.

И можеби не можеме секогаш веднаш да делуваме во промена на нечие однесување во конструктивен правец.
Но секојпат кога возрасен ќе избере да пристапува со свесност наместо рамнодушност, со разбирање наместо лепење етикета и отворено искрено присуство наместо молк , се манифестира модел кој е соодветен пример од кој децата учат за себе и за другите, од кој стекнуваат животна лекција која ја пренесуваат во своите постапки и дела.

И токму тој модел на однесување подоцна станува начин на однесување од кој едно дете учи да биде безбедно со себе… и со другите.

Кога понижувањето, исмевањето или нанесувањето болка стануваат средство некој да покаже моќ над друг, тоа не е детска иг...
29/04/2026

Кога понижувањето, исмевањето или нанесувањето болка стануваат средство некој да покаже моќ над друг, тоа не е детска игра, ниту „минлива фаза“.
Тоа е аларм дека нешто во нашите односи, во емпатијата, во поставувањето на граници бара внимание,промена...

Особено загрижува кога суровоста се нормализира, кога "сведоците" молчат, а болката на едно дете останува "невидлива".

Во период кога младите силно се стремат кон реализирање на чувството на припадност, важно е да ги учиме дека прифаќањето не се гради преку понижување, а силата не се покажува преку повредување.

🌱 Што им е потребно на младите повеќе од кога било?

🔹 Да препознаваат и поставуваат граници
Да умеат да разликуваат шега од понижување, влијание од притисок, другарство од повредување.

🔹 Да развиваат емпатија
Да почувствуваат дека зад секое однесување стои личност со чувства, достоинство и ранливост.

🔹 Да имаат храброст да реагираат
Да знаат дека „ова не е во ред“ е важен став, а молчењето не секогаш е решение .

🔹 Да ја разберат улогата на "сведокот"
Оние што гледаат не се само набљудувачи — тие можат да бидат поддршка, заштита и чекор кон промена.

🔹 Да градат култура на припадност
Средина во која различностите не се причина за дистанцирање, туку простор на прифаќање и заемно делување.

🔹 Да учат дека силата има поинаква форма
Не во доминација, туку во самоконтрола, почит и одговорност.

Зашто насилството не започнува со екстремност. Често започнува со премолчување.

И можеби токму затоа превенцијата започнува со едноставни, но важни чекори — како учење на сочувство, поставување на граници и пристап на човечност.

Тинејџерските години често носат периоди на емотивно повлекување, моменти кога младите се повлекуваат во себе, се дистан...
27/04/2026

Тинејџерските години често носат периоди на емотивно повлекување, моменти кога младите се повлекуваат во себе, се дистанцираат од врсниците или делуваат како да не сакаат да воспоставуваат контакт. Зад ова повлекување многу често стои внатрешен процес на барање и градење на идентитетот, чувствителност на прифаќање, страв од проценка и потреба да се разберат сопствените емоции.

Во овој период припадноста на врсничката група станува многу важна, а секое чувство на различност може да се доживее силно. Повлекувањето понекогаш е начин младата личност да се заштити.

Важно е да не го гледаме ова како „проблем“, туку како порака дека на младата личност ѝ е потребна поддршка, простор и разбирање.

Што може да помогне?

• Поттикнување отворена комуникација
Да знаат дека можат да зборуваат без страв од осуда.

• Мали чекори кон поврзување
Еден пријател, заедничка активност или група со слични интересирања може да биде почеток.

• Јакнење на самодовербата
Фокус на силните страни, не на споредување со другите.

• Развивање социјални вештини
Слушање, иницирање разговор, поставување граници и градење здрави односи.

• Простор за автентичност
Вклопувањето не значи менување на себе, туку наоѓање простор и можност каде можеш да ја изразиш својата автентичност.

Понекогаш емотивното повлекување не е чекор назад, туку подготовка за подлабоко поврзување најпрвин со себе, а потоа и со другите.

#Тинејџери #ЕмоционаленРазвој #ПоддршкаЗаМлади #Самодоверба #ВрсничкиОдноси

Најдлабоките промени најчесто се случуваат тивко. Во моменти кога мислиме дека сме стигнале до крајот, токму тогаш започ...
12/04/2026

Најдлабоките промени најчесто се случуваат тивко.

Во моменти кога мислиме дека сме стигнале до крајот, токму тогаш започнува нешто ново. Нешто подлабоко. Посуштинско.

Овој Велигден нека не биде само обичај, туку потсетување: дека вистинското обновување не доаѓа однадвор, туку однатре, дека светлината секогаш го пронаоѓа својот пат, дека и најнежните почетоци во себе носат огромна сила.

Честит и благословен Велигден . ✝️

02/04/2026

🌈 Од структура до самостојност — ученички раст во инклузивна средина

🌱 Приказна за раст
🤝 за разбирање
✨ и за мали прилагодувања што носат големи промени

🎧 Раскажана од две перспективи:
👦 низ очите на ученикот
👩‍🏫 низ професионалната призма на поддршка, опсервација, развој

Понекогаш инклузијата се случува токму во малите нешта:
📌 најавена промена
📌 визуелен распоред
📌 смирен тон
📌 чувство дека некој разбира
И токму таму… се случува напредокот. 🌿

Ова е потсетник дека секое дете има потенцијал 🌟
и дека со соодветна поддршка

➡️ расте сигурноста
➡️ се гради самодовербата
➡️ се развива самостојноста

💙 Инклузијата не е само стратегија — таа е процес
на разбирање, прифаќање и заеднички раст.

✨ Оваа приказна е потсетник дека:

🧩 различноста не е пречка — таа е потенцијал
🌱 поддршката создава сигурност
🌿 сигурноста создава напредок
🌟 напредокот води кон самостојност

Со почит кон различноста…
Со разбирање за потребите…
И со верба во потенцијалот на секое дете… 🌈

Рената Максимова

#Инклузија
#Различност
#Аутизам
#УченичкиРаст
#ИнклузивноОбразование

Address

Probistip

Telephone

+38971786758

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Рената Максимова posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Рената Максимова:

Shortcuts

Share