02/07/2026
📢 Почитувани пациенти,
Ве известуваме дека, согласно новите измени на Листата на лекови на товар на ФЗО, кои важат од 01.07.2026 година, лекот пантопразол (Нолпаза, Зипантола) повеќе нема да може да се препишува на рецепт за најчестите индикации за кои до сега се препишуваше:
🔹 хроничен гастритис;
🔹 превентивно за заштита на желудникот при земање на други лекови (најчесто ревматолошка терапија, како и кортикостероиди).
Доколку сакате да продолжите со терапијата, лекот ќе треба да го купувате со приватен рецепт, односно како комерцијален лек.
✅ На товар на ФЗО пантопразол ќе може да се препишува само за одредени индикации, како што се:
• гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ);
• улкус (чир) на желудник;
• улкус на дуоденум;
• третман на инфекција со Helicobacter pylori, со напомена дека за ГЕРБ, улкус на желудник и улкус на дуоденум потребна е дијагноза потврдена со гастроскопија, согласно критериумите на ФЗО.
Тоа што ќе донесете извештај од специјалист или субспецијалист со препорака да се користи Пантопразол дури и да има ставено соодветна дијагноза, доколку истата не е потврдена со гастроскопија, е ирелевантно и лекот ќе биде препишан на приватен рецепт.
Текстот е превземен.