30/06/2026
Благодарност за донацијата по повод Курбан Бајрам
Домот за стари лица „АСТРЕОН“ – Радовиш изразува искрена благодарност до здружението ХАСЕНЕ – подружница Радовиш за нивната хуманост и несебична поддршка.
По повод празникот Курбан Бајрам, нашите корисници добија вредна донација од облека, ќебиња и месо, со што уште еднаш беше покажана грижата и солидарноста кон повозрасните лица.
Овој благороден гест донесе радост, топлина и насмевки кај нашите штитеници, а воедно претставува пример за општествена одговорност и човечност.
Во име на сите корисници и вработени во Домот за стари лица „АСТРЕОН“ – Радовиш, Ви благодариме за вниманието, поддршката и хуманоста. Ви посакуваме добро здравје, благосостојба и многу успеси во понатамошната работа.