05/08/2026
CEA туморски маркер!
CEA (карциноембрионален антиген) е гликопротеин што се користи за следење на одредени малигни заболувања, особено карцином на дебело црево и ректум, но може да биде покачен и кај карцином на панкреас, бели дробови, дојка, желудник.
🫧Се користи за проценка на одговор на терапија, следење на текот на болеста и рано откривање на евентуален рецидив.
🫧CEA не е доволно специфичен или чувствителен за да се користи како единствен тест за првично откривање карцином (скрининг). Вредностите може да бидат благо покачени и кај немалигни состојби (воспалителни болести на цревата, хронични заболувања на црн дроб, панкреас, бели дробови), како и кај пушачи. Затоа, покачен или нормален CEA сам по себе не поставува ниту исклучува дијагноза на рак.
📌Анализата се прави од венска крв и обично не бара посебна подготовка.
Резултатите секогаш се толкуваат во контекст на вашата целокупна здравствена состојба и во комбинација со други испитувања.