Jazz up your body and mind

Jazz up your body and mind Едно поинакво гледиште на релација телото и свесноста од страна на нутрицијата и јогата

Рамноденица е еден од двата дена во годината кога ноќтта е еднаква со денот (оттука и терминот „рамноденица“ или еднаква...
23/09/2022

Рамноденица е еден од двата дена во годината кога ноќтта е еднаква со денот (оттука и терминот „рамноденица“ или еднаква ноќ).

Зошто се слави? Според традициите на древниот Египет, Месопотамија и античка Грција, септемвриската рамноденица се поврзува со почетокот на есента - време на жетва и транзиција. Листовите ќе станат темноцрвени и ќе се распаднат. Воздухот ќе се чувствува поостро.

Ритуали во чест на септемвриската рамноденица

Од античко време, луѓето ширум светот ги означувале и мартовските и септемвриските рамноденици како посебни, моќни, па дури и свети со изведување на ритуали што им помогнаа да се усогласат со енергиите на новата сезона.

Поради ова, сакам да Ви предложам неколку идеи како сами да се вклучите во овој момент. Еве шест ритуали кои ќе Ви помогнат да ја почитувате сезонската промена.

1. Бидете во природа - нурнете се во преубаво обоена шума, парк и пешачете вдишувајќи ги боите. Ако имате градина, посветете време на собирање на овошјето или зеленчукот што се подготвени за берење
2. Одвојте момент да уживате во личната „жетва. Уживајте во плодовте на својот труд, на она што сте го твореле, собирале или реализирале до сега. Заблагодарете си и прославете го Вашиот труд и колку далеку сте стигнале
3. Вратете ја рамнотежата во Вашиот дом. Исчистете ги плакарите и фиоките. Подарете или продадете сè што изгледа како дополнителна тежина. Со еднаквите часови на светлина и темнина, оваа рамноденица носи можност за рекалибрирање одвнатре и однадвор
4. Направете енергетско расчистување во домот. Направете ритуално бришење на секоја соба, отстранувајќи ја целата застоеност. Изметете во правец на вратата - потоа излезете низ неа. Испраќањето на заостаната енергија ќе Ви помогне свежи да влезете во новата сезона
5. Украсете го вашиот дом со сезонски мотиви, како што се ореви, јаболка, шишарки, тиква, лисја или било што сезонско
6. Медитирајте или практикувајте ја Вашата јога пракса која помага да Ви се врати менталната рамнотежа

#рамноденица #есенскарамноденица #рамнотежа #ритуали #балансирањеначакри #реики

Здрав леб од леќа со 100% состојки од цели зрна, без масло, јајца, пченично брашно или квасецКомбинација од леќа, овесни...
14/04/2022

Здрав леб од леќа со 100% состојки од цели зрна, без масло, јајца, пченично брашно или квасец

Комбинација од леќа, овесни снегулки, брашно од наут и семки, овој здрав леб е преполн со корисни состојки кои навистина ќе Ве нахранат – во традиционалниот пченичен леб (бел), има околу 3,5 г протеини по парче (40 г) и 4 г во парче од интегрално брашно. За споредба, овој високопротеински леб содржи 10-12 г протеини по парче

⁖леќа: ова скромна мешунка е богата со диетални влакна, протеини, полифеноли (кои се антиоксидантни и антиинфламаторни) и неколку витамини и минерали – железо, магнезиум, калиум и витамини од Б групата, кои се корисни за крвниот притисок, холестеролот и целокупното здравје на срцето

⁖овесни снегулки: богат со диетални влакна, полифеноли и протеини заедно со јаглехидрати, за да Ве засити подолго време. Тука се и бројните витамини, минерали и антиоксиданси – витамини од Б групата, манган, магнезиум, бакар, железо, цинк, фолна киселина.. Комбинацијата е одлична за холестерол, шеќер во крвта, дигестија..

⁖наут: богат со влакна, протеини и хранливи материи. Содржи високи нивоа на фолати и манган, бакар, фосфор, железо и тиамин, потоа полифеноли за да тело се ослободи од штетните слободни радикали. Исто така, многу повеќе заситува од обичното пченично брашно

⁖семки: користев комбинација на семки од тиква и од сончоглед. Можете да користите семе од коноп или јаткасти плодови. Слободно можете да додадете чиа или ленено семе

⁖psyllium husk (индиски тегавец): оваа состојка имитира глутен во пецива без глутен и игра голема улога во растењето на тестото

⁖чување: на собна температура 2-3 дена, во фрижидер 7-10 дена, а во замрзнувач 3-4 месеци

#леќа #наут #протеини #лепче

DiGize е едно многу моќно масло со брзо дејство! Тоа е едно од првите масла што ме убедија колку се моќни овие мали раст...
01/04/2022

DiGize е едно многу моќно масло со брзо дејство! Тоа е едно од првите масла што ме убедија колку се моќни овие мали растенија во шишенца

Ако се прејадовте и имате болки и надуеност во стомакот... DiGize е спас! Ме потсетува на нешто што би го пиела по вечера во Франција или Италија – Дигестив!!!

DiGize е фантастична мешавина од 8 различни етерични масла, вклучувајќи Peppermint (нане), Lemongrass (маточина), Fennel (коморач), Ginger (ѓумбир), Anise (анасон), Patchouii (пачули), Tarragon (естрагон) и Juniper (смрека). Ова зачинето и егзотично масло содржи цела палета на растенија ценети поради нивната способност да го регулираат варењето

DiGize е корисен за подобрување на дигестивните функции, како што се грчеви, подригнување, надуеност, стомачни тегоби, бавно варење и горушица. Значи DiGize за СЀ, ама баш за СЀ што има врска со желудникот, варењето, цревата итн. Од искуство, испробано и стојам зад тоа масло! Ако не верувате во моќта на маслата, ова масло е првото кое Ве разубеди

Помага и при проблеми со анорексија, гадење при патување лош здив и паразити

Мирисот на маслото DiGize е зачинето, земјено и дрвенесто. На некои можеби не им се допаѓа или им е смрдливо кога за првпат ќе го помирисат

На духовно ниво, тоа ќе им помогне на оние кои се обесхрабрени, разочарани и без надеж. DiGize помага да се ослободат верувањата од минатото кои се чуваат во меридијаните на желудникот и тенкото црево и во прифаќање на информации што тешко се „варат“

Еве неколку практични примени за употреба на DiGize маслото:
჻кога патувате, користете го ова масло наместо пробиотици
჻кога ќе почувствувате симптоми на надуеност или киселина, додадете уште неколку капки нане и измасирајте го стомакот во правец на часовникот
჻DiGize е многу ефикасен во борбата против дигестивна кандидијаза и паразити. Во тој случај, паралелно тријте ги стапалата и пијте до 3 капки дневно растворени во мед
჻ додадете капка DiGize во 1 мл базно масло и нанесете на стомакот за да ги смирите менструалните грчеви
჻за да работите на духовниот план, користете го маслото на сите горенаведени начини, вклучително директно вдишување со свесна намера
჻после бурна ноќ со алкохол, комбинација на DiGize и лимон е спас

Ако Попај Морнарот може да ја добие својата сила од спанаќот, тогаш и Вие ќе ја имате затоа што овој лиснат зеленчук се ...
30/03/2022

Ако Попај Морнарот може да ја добие својата сила од спанаќот, тогаш и Вие ќе ја имате затоа што овој лиснат зеленчук се смета за суперхрана. А причината е поради големиот број на хранливи материи и нискокалоричност

Спанаќот е зелен лиснат зеленчук кој потекнува од Персија. Припаѓа на семејството амаранти и е поврзан со цвеклото и киноата

Некои од моќните здравствени придобивки од спанаќот е тоа што овој зеленчук помага во стабилизирање на нивото на гликоза во крвта, помага во намалување на ризикот од рак, го подобрува оксидативниот стрес, здравјето на очите, крвниот притисок и е добар за здравјето на коските

Спанаќот е зеленчук кој е исклучително богат со хранливи материи. Тој има високи количини на каротеноиди, витамин Ц, витамин К, железо, магнезиум и калциум. Спанаќот има малку јаглехидрати, но богат со нерастворливи влакна. Спанаќот може да се пофали со многу растителни соединенија кои можат да го подобрат здравјето, како што се лутеин, кемпферол, нитрати, кверцетин и зеаксантин

Видовме дека спанаќот се покажал за многу здрав. Сепак, може да предизвика и негативни ефекти кај некои поединци. Луѓето кои се склони кон бубрежни камења треба да избегнуваат спанаќ. Спанаќот со својата зелена боја е многу богат со витамин К, што може да биде проблем за луѓето кои користат лекови за разредување на крвта

Но, која верзија е најздрава – замрзнат или свеж? Варен или сиров? Одговорите на овие „тајни“ за спанаќот може да ги најдете на линкот во био

#спанаќ #киноа #протеини #питиче #суперужина

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Тоа си што јадеш“Но, во реалноста, тоа е повеќе како: „Вие сте она што апсорбирате“Мо...
24/03/2022

Сигурно сте ја слушнале изреката: „Тоа си што јадеш“

Но, во реалноста, тоа е повеќе како: „Вие сте она што апсорбирате“

Можеме да се храниме со ултра квалитетни хранливи намирници, но ако не можеме правилно да ја апсорбираме храната, нема ниту да ги почуствуваме сите придобивки. За да бидете сигурни дека ги добивате сите тие вредни хранливи материи од храната што ја јадете, важно е цревата да се во одлична состојба. Подригнување, надуеност, киселина, гасови, брзање за во тоалет или не одење со денови се знаци дека има проблем некаде во дигестивниот систем

Апсорпцијата на хранливи материи вклучува:
↬ обезбедување на правилно функционирање на дигестивниот систем
↬ конзумирање на најбиорасположивите форми на основни макронутриенти
↬ правилно подготвување на храна како житарки, мешунки, зеленчук, јаткасти плодови и семки
↬ вежбање и практикување на свесноста

5 едноставни совети за подобрување на апсорпцијата на хранливи материи од храната:

1. Мудро комбинирајте ја храната – протеините се најважните хранливи материи за која треба да водиме сметка кога комбинираме различни намирници. Вклучете храна богата со протеини во секој оброк за да добиете максимална искористливост

2. Џвакајте ја храната внимателно – кога ја џвакате храната, таа не само што ги активира ензимите присутни во устата, туку тие помагат и во варењето

3. Јадете храна со внимание – уживајте во секој залак што го јадете бидејќи помага во лачењето на дигестивните сокови во желудникот и овозможува да се измеша со внесената храна. Кога сте под стрес, мозокот ослободува хормони на стрес, како што е кортизолот, со што срцето чука побрзо. Стресот го забавува празнењето на желудникот и времето на транзит низ цревата и влијае на варењето, апсорпцијата и метаболизмот на хранливите материи

4. Овошјето се јаде или се пие? – според Journal of Food Science, можете да правите smoothie кој ги задржува влакната од овошјето и зеленчукот заедно со подобрување на апсорпцијата на различни хранливи материи. Сепак, како општо правило, се советува правилно да го џвакате овошјето отколку да пиете сокови

5. Вклучете ензими, пробиотици и пребиотици во исхраната

Живееме под голем стрес, и позитивен и негативен, што понекогаш телото не знае да ја препознае состојбата на релаксација...
23/03/2022

Живееме под голем стрес, и позитивен и негативен, што понекогаш телото не знае да ја препознае состојбата на релаксација и спокој па често ни треба помош за да ги намалиме тензиите и напнатоста

Од нас мајките се очекува да имаме супер моќи и да завршиме милион обврски во текот на денот. Кога почнав да ги користам овие мали моќни шишенца, искрено не верував дека тие ќе бидат секојдневен ритуал во мојот исполнет ден

Кога мирисате нешто, малите нервни завршетоци во носот пренесуваат пораки до мозокот, а делот од мозокот кој го складира мирисот е веднаш до лимбичкиот и меморискиот дел од мозокот. Сè е поврзано! Кога ќе вдишете длабоко или само ќе ја помирисате оваа мешавина, ќе се испратат пораки за длабока релаксација, смиреност и спокојот до мозокот!

Капнете масло на дланка, втријте и вдишете неколку пати длабоко или нанесете го зад увото, над срцето, на клучните коски и зглобовите

Мешавината на ова етерично масло содржи ванила, со нејзиниот еугенол кој е одличен во борба против нервната напнатост, а заедно со уникатната комбинација на лимета, дава привлечна и пријатна арома. Stress Away ја вклучува и Copaiba со грст особини кои ги има; лавандата, со освежувачки и смирувачки мирис; и кедар, кој ја содржи моќната хербална состојка цедрол. Овие состојки се внимателно измешани со егзотичниот мирис на Окотеа, уникатно есенцијално масло од Еквадор

Stress Away помога да ги отпуштите научените и генетските обрасци на ментален, емоционален, духовен и физички стрес. Ќе Ви помогне да ја насочите свесноста за тоа што треба да промените. Запомнете, не можете да промените она за што не сте свесни!

Затоа секој ден по капка-две Stress Away и капка портокал и расположението се подобрува за минутка. Апсолутно совршено! Комбинација со пеперминт во дифузер и веќе сте на море, а со лимон те подига и те буди

Редовно го ставам и во путерот за тело, бидејќи кога неговиот мирис ќе се измеша со путер од какао, се добива таков прекрасен мирис кој потсетува на Јафа кекс

#моќнаприродата #животсополнигради #безгрижи

Address

Skopje

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Jazz up your body and mind posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category