Јога Центар Садана / Yoga center Sadhana

Јога Центар Садана / Yoga center Sadhana Just breathe…

21/08/2026
A true Guru inspires, guides and transforms lives. Happy Guru Purnima! 🙏
29/07/2026

A true Guru inspires, guides and transforms lives. Happy Guru Purnima! 🙏

🧘‍♀️ Обука за Јин Јога инструктори 🧘‍♂️Сакаш подлабоко да ја запознаеш Јин јога праксата за себе или за да предаваш на д...
24/07/2026

🧘‍♀️ Обука за Јин Јога инструктори 🧘‍♂️

Сакаш подлабоко да ја запознаеш Јин јога праксата за себе или за да предаваш на други? Оваа обука е за тебе! ✨

📅 31 октомври, 1, 14, 15 и 21 ноември 2026
📍 Физичко присуство (ограничени места) или онлајн

Што добиваш:
🌸 Знаење за Јин јога асани - естетско vs. функционално изведување
🦴 Скелетни варијации, тензија и компресија во асаните
🌬️ Пранајама и медитативни техники
☯️ Меридијани и основи на традиционална кинеска медицина
📜 Меѓународно признат сертификат од 50 часа (Yoga Alliance International, Индија)

💬 За цена и уплата - контактирај нè директно.
📞 078 239 680 (Марија)
📧 [email protected]

🧘🏻‍♀️ 21-ви јуни - Интернационален ден на јогата!На тревникот до Школка, се сретнавме на најстариот начин на кој луѓето ...
21/06/2026

🧘🏻‍♀️ 21-ви јуни - Интернационален ден на јогата!
На тревникот до Школка, се сретнавме на најстариот начин на кој луѓето знаат да се сретнат - преку дишењето. Без зборови, без бариери, само тело и здив и сонце над нас.

12 години овој ден ги обединува луѓето низ целиот свет во иста намера. Вчера, и Скопје беше дел од таа тишина која се шири планетарно. Момент во кој илјадници луѓе, во исто време, на различни места, прават исто нешто…застануваат.

Благодарност до Амбасадата на Индија за довербата да го носиме овој дух натаму, и до секого што дојде, се отвори и дозволи паркот да стане храм за еден час.

Јогата не бара совршенство. Бара присутност. А присутност вчера имаше во изобилство.

Со љубов кон оваа древна патека и кон сите вас што чекорите по неа.

🌸 Намасте 🙏

#ЈогаЗаЗдравоСтареење

🧘‍♀️🌿 МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЈОГАТА 2026 🌿🧘‍♂️Јога за здраво стареење - подарок на телото, умот и душата.Придружете ни се на...
06/06/2026

🧘‍♀️🌿 МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЈОГАТА 2026 🌿🧘‍♂️

Јога за здраво стареење - подарок на телото, умот и душата.

Придружете ни се на јогиска практика по повод 12-от Меѓународен ден на јогата - момент кога целиот свет истовремено запира, диши и се поврзува.

📍 Тревникот во Градскиот парк, до Школка, Скопје
📅 20.06.2026 (сабота)
🕘 10:00 – 12:00

Настанот е организиран од Амбасадата на Индија, а Јога центар Садана се вклучува како дел од организацијата на глобалната прослава што во ист момент се одвива на сите континенти, бидејќи јогата нема граници.

🌍 Јогата не е само вежбање. Таа е начин на живот, древна мудрост која не учи дека возраста не е пречка, таа е длабочина. Без разлика дали правите прв чекор на простирката или практикувате со години, ова е простор за сите.

🧘‍♀️ Часот ќе го води Марија .sadhana инструкторка и основач на со срце целосно посветено на оваа древна традиција.

• Влезот е бесплатен
• Понесете своја јога подлога
• Бесплатни маици за сите учесници

🙏 Нека секој здив биде потсетник дека сме живи.

Се гледаме во паркот под отворено небо, во тишина и заедништво. 🌿

#ЈогаЗаЗдравоСтареење

🪷 Слободни места - Хата ЈогаПонеделник и Среда | 20:15 ч.📍 Тафталиџе, ТЦЦ ПлазаАко барате мир, рамнотежа и движење кое г...
27/04/2026

🪷 Слободни места - Хата Јога
Понеделник и Среда | 20:15 ч.
📍 Тафталиџе, ТЦЦ Плаза

Ако барате мир, рамнотежа и движење кое го слуша телото - ова е вашето место. Пријавете се и резервирајте на 078 239 680

Love all ❤️ Serve all 🙏

#хатајога #јога #садана #јогаскопје

Во изминатите три месеци, Љупка, Теодора, Благица, Вера, Ана Марија и Тања тргнаа на едно заедничко патување.Некои веќе ...
25/04/2026

Во изминатите три месеци, Љупка, Теодора, Благица, Вера, Ана Марија и Тања тргнаа на едно заедничко патување.

Некои веќе чекореа по патот како инструктори.
Некои беа посветени практиканти.
Но овде…сите беа еднакви и со иста цел - да продлабочат и да живеат јога.

Ова не беше само обука, туку и процес на истражување, соочување, раст и присуство.
Моменти на сигурност и моменти на сомнеж.
Моменти кога телото знае и моменти кога умот прашува. И токму во тие моменти се случува вистинската јога.

Со гордост, Јога центар Садана –
акредитирана школа од Yoga Alliance International India – им ги додели сертификатите за Yoga Teacher 200HR на осмата генерација инструктори.

Но ова не е крај.
Ова е почеток на нивниот глас како инструктори.
Почеток на нивниот пат во споделување на праксата.

Со благодарност за довербата, процесот и заедничкото искуство,

Ваша Марија
Јога центар Садана 🌿
Love all ❤️ Serve all 🙏

#јога

🌸 Пролетта нѐ повикува да се вратиме кон себе  Ослободи простор за мир, движење и нова енергија ✨  🧘‍♀️ Понеделник и сре...
05/04/2026

🌸 Пролетта нѐ повикува да се вратиме кон себе

Ослободи простор за мир, движење и нова енергија ✨

🧘‍♀️ Понеделник и среда 20:15 - 21:15
📍 ТЦЦ Плаза, Тафталиџе
🧘🏻 часови во сала и онлајн

Две слободни места се отворени 🤍

📩 Резервирај на 078 239 680

#јога #онлајнјога #јогаскопје

🪷 Врати се кон здивот. Врати се кон себе.Јога часови од 12 јануари 2026🧘‍♀️ Сала & онлајн📍 Тафталиџе📞 078 239 680Тишинат...
03/01/2026

🪷 Врати се кон здивот. Врати се кон себе.

Јога часови од 12 јануари 2026
🧘‍♀️ Сала & онлајн
📍 Тафталиџе

📞 078 239 680

Тишината зборува. Телото памети. ✨

#Садана #Јога #Свесност #ВнатрешенМир #ЈогаСкопје

Во тишината меѓу два здивa,се раѓа нов почеток.Божиќ нè потсетува на светлината што тивко се пали во срцето,а Новата год...
31/12/2025

Во тишината меѓу два здивa,
се раѓа нов почеток.

Божиќ нè потсетува на светлината што тивко се пали во срцето,
а Новата година нè повикува да ѝ направиме простор.

Нека 2026 не биде година на брзање,
туку година на свесност.
Не на повеќе –
туку на подлабоко.

Да чекориме со нежност кон себе,
со стабилност во телото,
јасност во умот
и мир во срцето.

Од срце ви посакуваме
здив што смирува,
движење што лечи
и тишина што ве враќа дома 🙏

Среќни Божиќни празници и благословена 2026
Со љубов,
Јога центар Садана 🧘‍♀️✨

Address

Булевар 8 септември
Skopje
1000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Јога Центар Садана / Yoga center Sadhana posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Јога Центар Садана / Yoga center Sadhana:

Shortcuts

Share

Category