08/09/2026
Доживувањето траума не значи дека ќе ве направи посилни, позрели или помудри. Ниту пак возраста сама по себе ќе го постигне тоа.
Тоа е само еден мит.
Тешките искуства сами по себе не водат кон раст и развој на личноста.
Многу луѓе кои имале тешки и трауматични животни настани, не станале ни помудри, ни посилни, ни позрели. Некои направиле само појак штит и дистанца. Некои други, станале позависни, од други луѓе или од супстанци. Некои трети, создале конфор зона од која само навидум сакаат да излезат - а го живеат истото со години. Некои четврти, ќе се изнервираат од лошо свареното кафе.
Силата, зрелоста и мудроста бараат активен ангажман и работа на себе. Свесност и вложување во соочувањето со себе, со светот, со искуствата. Работа на (само)довербата и спремноста за ризици. Одговорност за себезаштита но и за себеотворање према животот и негово креирање.
Во спротивно, само ќе крвариме врз себе или другите и нема да напредуваме.
Секоја случајност со 35годишната Македонија....е намерна :)