Психолошко советувалиште-УКЛО

Психолошко советувалиште-УКЛО Прво бесплатно Психолошко советувалиште на "Универзитетот св. Климент Охридски"

🌼Секој предизвик што го надминуваме остава трага на раст. Токму затоа успехот е процес на постојано учење и созревање.💛
07/06/2026

🌼Секој предизвик што го надминуваме остава трага на раст. Токму затоа успехот е процес на постојано учење и созревање.💛

Во рамките на настанот  „Универзитетска трка и фрка“ , одржана на 3 јуни 2026 година  на  Факултет за безбедност – Скопј...
05/06/2026

Во рамките на настанот „Универзитетска трка и фрка“ , одржана на 3 јуни 2026 година на Факултет за безбедност – Скопје, кампус Идризово, се одржа работилница на тема „ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ: АКТИВНО ТЕЛО СМИРЕН УМ“ во организација на Психолошко советувалиште УКЛО, при Универзитет „Св. Климент Охридски“-Битола, а под знамето на Алијансата КОЛОРС. Работилницата ја водеше проф. д-р Драгана Батиќ.
Беше презентиран концептот на холистички пристап кон човековото здравје, кој подразбира грижа за сите аспекти на човековото битие – физичкиот, емоционалниот и духовниот – преку практикување здрави животни стилови што придонесуваат за психолошка добросостојба. Беше истакнато дека физичката активност не влијае само врз физичкото здравје, туку има значајна улога и во подобрувањето на расположението, намалувањето на стресот и зајакнувањето на менталното здравје. Посебен акцент беше ставен на едукацијата на студентите за придобивките од редовното вежбање во превенцијата на различни заболувања, како и за начините на кои физичката активност може да стане трајна и редовна животна навика што ќе придонесе за подобар квалитет на живот и севкупна благосостојба кај младите.

20/05/2026

Address

Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Психолошко советувалиште-УКЛО posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share