23/07/2026
Halkmed бара лекар – можност за професионален развој и напредување
Во Halkmed веруваме дека лекарскиот труд треба да биде вреднуван според знаењето, компетенциите, одговорноста и придонесот кон развојот на здравствената пракса.
Во моментов Не бараме само лекар кој ќе ги исполни работните часови. Бараме колега кој сака да се развива, да гради доверба со пациентите и активно да биде дел од растот на Halkmed.
Приватното здравство се гради со тимска работа. Бројот на пациенти, нивното задоволство и довербата што ја имаат во една ординација се резултат на квалитетна грижа, професионален однос и посветеност на целиот тим.
Модел на ангажман и наградување
За лекар кој е во почеток на професионален развој и допрва ги стекнува компетенциите за самостојна работа во приватна пракса:
- почетна плата: 30.000 денари нето(3-6 месеци)
- работно време: 6-7 часа дневно
- период за адаптација, запознавање со системот на работа, пациентите и развој на професионални компетенции.
За лекар со стекнати компетенции, искуство и подготвеност за самостојна работа:
- почетна плата: 35.000 денари нето
Можност за раст на заработката според резултати и развој на пациентската база
Како што во примарната здравствена заштита вреднувањето е поврзано со бројот на пациенти и капитациски поени, така и во Halkmed сакаме трудот и придонесот кон развојот на ординацијата да бидат соодветно препознаени.
- 1000 поени → плата 35.000 денари
- 1500 поени → плата 40.000 денари( 8 часа раб време)
- 2000 поени → плата 45.000 денари
- 2500 поени → плата 50.000 денари
- 3000 поени → плата 53.000 денари
(1 поен = 100 денари во пресметковниот модел кој го плаќа фзо)
Поените се поврзани со растот и задржувањето на пациентската база, квалитетот на грижата, развојот на услугите и придонесот кон растот на Halkmed.
Дополнителна можност за заработка:
Покрај основната плата, лекарот може дополнително да остварува приход преку:
- процент од реализирани приватни здравствени услуги,
- развој на нови услуги,
- приватни прегледи,
- други активности согласно компетенциите и потребите на системот.
Halkmed (матичен лекар и или лекар во халкмед кој би работел за услугата,,Твој Доктор Дома“ – различни улоги
Во овој момент се бара лекар за работа во ординација како матичен лекар во системот на Halkmed.
Работата во Halkmed подразбира:
- амбулантна работа со пациенти,
- следење и грижа за пациентите,
- градење доверба и долгорочен однос со пациентската база,
- активно учество во развојот на ординацијата.
Вработувањето како матичен лекар во Halkmed не значи автоматски и работа со домашни посети.
„Твој Доктор Дома“ е посебна услуга која бара дополнителни компетенции и самостојност во работа на терен.
Лекар кој работи во Halkmed и има интерес за домашни посети може дополнително да изрази интерес за ангажман во „Твој Доктор Дома“.за работа со приватни пациенти.
За работа со домашни прегледи потребно е да се исполнат интерни стандарди на Халкмед:
- проверка на клинички и практични компетенции,
- завршен курс за BLS и ALS со сертификат,
- интерен период на работа и проценка на подготвеноста за работа на ,,терен,,,
- одобрување од Халкмед за самостојна работа и прегледи на терен.
По исполнување на условите:
- плус надомест за секоја реализирана домашна посета.
Во Halkmed веруваме дека најдобриот модел е оној каде лекарот има сигурност, јасен пат за развој и можност неговиот труд да биде соодветно награден.
Не бараме само присуство на работно место. Бараме професионалност, одговорност и желба да создадеме подобра здравствена грижа за пациентите.
Ако сакате да растете со нас – ве очекуваме.
Секој лекар автоматски не работи терен.