Гешталт Арт Терапија

Гешталт Арт Терапија Со комбинација на Гешталт Психотерапија и Арт Терапија до еден поинаков пристап до себе

За моментите кога...Сибиес Гешталт Арт Терапијаул.Манапо бр.2емаил: artterapija.com
11/09/2026

За моментите кога...

Сибиес Гешталт Арт Терапија
ул.Манапо бр.2
емаил: artterapija.com

Колку долго чуваш работи во себе?
09/09/2026

Колку долго чуваш работи во себе?

м-р Цветанка Бурзевска на Алфа ТВ говори за тоа што е Гешталт Арт Терапија. Благодарност до Викторија Петровска за прило...
19/08/2026

м-р Цветанка Бурзевска на Алфа ТВ говори за тоа што е Гешталт Арт Терапија.
Благодарност до Викторија Петровска за прилогот.

АлфаТвУтринска

Колку пати си се обидел/а уште еднаш да објасниш?Уште еднаш да кажеш што си мислел/а.Што си почувствувал/а.Зошто си реаг...
11/08/2026

Колку пати си се обидел/а уште еднаш да објасниш?

Уште еднаш да кажеш што си мислел/а.
Што си почувствувал/а.
Зошто си реагирал/а така.
Што всушност си сакал/а да кажеш.

И можеби си мислел/а:

„Ако само најдам начин подобро да објаснам, ќе ме разбере.“

Но понекогаш проблемот не е во тоа што не си се изразил/а доволно јасно.

Понекогаш другиот едноставно не е подготвен да го види твоето искуство од твојата перспектива.

И тогаш продолжувањето со објаснување може да стане обид да добиеме нешто што не можеме да го контролираме — туѓо разбирање, признание или потврда.

Во Гешталт Арт пристапот, контактот не значи да го натераме другиот да нè разбере.

Значи да бидеме присутни со себе и со другиот — да кажеме што е наше, а потоа да забележиме што се случува на границата на контактот.

Не мора секој да се согласи со твоето искуство за тоа да биде вистинско.

И можеби зрелоста понекогаш не е во тоа да најдеш уште подобро објаснување.

Туку во моментот кога ќе можеш да кажеш:

„Јас знам што почувствував. И тоа ми е доволно.“ 🤍

А ти — дали повеќе ти е тешко да престанеш да објаснуваш или да прифатиш дека некој можеби нема да те разбере?

#гешталтарт #арттерапија #гешталттерапија #психологија #психотерапија #самосвест #граници #емоции #менталноздравје #самопочит #личенразвој

Официјално ја имаме агендата за Првата Меѓународна Конференција за Арт и Креативна Терапија во Македонијао!Со предавачи ...
04/08/2026

Официјално ја имаме агендата за Првата Меѓународна Конференција за Арт и Креативна Терапија во Македонијао!

Со предавачи од Македонија, Франција, Белгија, Србија, Шпанија, Словенија, Португалија, Бразил и Италија!

Регистрацијата и деталите за конференцијата можете да ја погледнете на овој линк: https://forms.gle/PeYhu59KpFBViZkEA

Со нетрпение очекуваме да Ве пречекаме во Скопје и заедно да создадеме простор за нови знаења, инспиративни средби, професионална соработка и развој на Арт Терапијата.

Нов Концепт прилагоден само за лето💫Одиме вака:1. Се пријавуваш и добиваш на емаил задача која имаш 3 дена да ја завршиш...
01/07/2026

Нов Концепт прилагоден само за лето💫

Одиме вака:
1. Се пријавуваш и добиваш на емаил задача која имаш 3 дена да ја завршиш.
2. После 3 дена добиваш нова задача. И се така додека да дојдеш до 12 задачи.
3. Се состануваме на почеток и на крај. Во меѓувреме, си работиш сам/а.

А цело време, ти стоиме на располагање.

Што е Неу-Арт Терапија?
Неу-Арт терапија е фасцинантна арт терапевтска метода која го поврзува цртањето со психологијата и невронауката. Наједноставно кажано, тоа е начин на „прекодирање“ на нашиот ум преку линија и боја.

Кога сме под стрес, кога имаме некој проблем или емоционална блокада, нашите мисли се заплеткани, а во мозокот се активираат веќе воспоставени, честопати негативни невронски мрежи.

Кои се главните бенефити за клиентите?
Оваа метода е исклучително визуелна и медитативна, а придобивките се видливи веднаш по сесијата:

🍀Намалување на стресот и анксиозноста: Процесот на заоблување има силно смирувачко (хипнотичко) дејство. Го префрла нервниот систем од состојба на „бори се или бегај“ во состојба на релаксација.
🍀Заобиколување на „логичкиот“ ум: Честопати клиентите не можат со зборови да го објаснат она што го чувствуваат. Неурографиката му дозволува на потсвесното да излезе на површина без цензура од логиката.
🍀Решавање на внатрешни конфликти: Без разлика дали станува збор за лична дилема, емоционална болка или блокада во креативноста, цртежот помага проблемот да се согледа од поинаква, помирна перспектива.

Уште не те убедивме? Пиши ни.
Цената за сите 12 задачи е...
1200 денари 😊

Те убедивме? 🫶
Пиши ни денес 🍀
Пријава на https://forms.gle/byUD9uejyoKzQSEj9

Датум: 15.07.2026 Нов Концепт прилагоден само за лето💫 Одиме вака: 1. Се пријавуваш и добиваш на емаил задача која имаш 3 дена да ја завршиш. 2. После 3 дена добиваш нова зад...

Почитувани колеги, професионалци, истражувачи, студенти и практичари,Со особено задоволство ве покануваме да поднесете а...
17/06/2026

Почитувани колеги, професионалци, истражувачи, студенти и практичари,

Со особено задоволство ве покануваме да поднесете апстракти за учество на Првата Конференцијата по Арт и Креативна терапија „Креативност. Контакт. Трансформација.“ – простор за средба, размена на знаења, искуства и современи практики во областа на арт терапијата и креативните пристапи во менталното здравје.

Ги охрабруваме сите заинтересирани да пријават работилници, постер презентации, истражувања, студии на случај и иновативни практики кои ја истражуваат моќта на уметноста како медиум за личен раст, психолошка поддршка, социјална поврзаност и трансформација.

Конференцијата има за цел да создаде инспиративна платформа за професионален дијалог, интердисциплинарна соработка и промоција на арт терапијата како значајна област на теорија, истражување и практика.

Ги очекуваме вашите идеи, искуства и придонеси кои ќе помогнат заедно да ја збогатиме оваа заедница и да отвориме нови перспективи за креативно и хумано делување.

Добредојдени се апстракти за работилници и постер презентации од сите релевантни области поврзани со арт терапијата, психотерапијата, психологијата, образованието, здравството, уметноста и работата во заедницата.

Последен Датум за достава на апстракти: 30 Јули 2026.

Линк за Постери:
https://forms.gle/ucHnQ7G4K7syo7rP9

Линк за Работилници:
https://forms.gle/WPQra4A26pBbEeVZ6

Линк за Предавања:
https://forms.gle/NWRmSHa8rn6M6V3a8

16/06/2026
14/06/2026
🎉Прославете ги малите победи: Препознајте дека доследните, мали чекори на крајот водат до значајни достигнувања. Признај...
13/06/2026

🎉Прославете ги малите победи: Препознајте дека доследните, мали чекори на крајот водат до значајни достигнувања. Признајте ги тие моменти на раст за вашиот мозок да ги регистрира позитивните повратни информации.

💯Прифатете ја доследноста пред совршенството: Целта е движење и раст, а не да се постигне совршено од првиот пат.

🔥Фокусирајте се на патот: Размислете за она што го учите за себе по патот, наместо да се фиксирате само на дестинацијата.

🌱Од каде да почнете?
Нашите психолози и психотерапевти ви стојат на располагање.

Address

Manapo Br. 2
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 10:00 - 18:00
Tuesday 10:00 - 18:00
Wednesday 10:00 - 18:00
Thursday 10:00 - 18:00
Friday 10:00 - 18:00
Saturday 10:00 - 13:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Гешталт Арт Терапија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Гешталт Арт Терапија:

Shortcuts

Share