15/06/2026
Како се спојува сложувалката во телото? 🧩 Денес не води нашата јога учителка 🪷
Михаела ни препорачува:
“Наместо да брзаш кон крајната форма, дозволи му на телото да учи низ процес.
1️⃣ Пасивно отворање: Градење флексибилност во градите и рамениците со помош на јога блокови.
2️⃣ Активна асистенција: Учење на телото како да ја најде својата длабочина и да се движи низ просторот со поддршка.
3️⃣ Целосно изразување: Чиста слобода во движењето. Моментот кога умот и телото соработуваат во совршен баланс.”
Дисциплината е она што ја прави разликата. Трпеливо и упорно💪🫶
📩ДМ за резервации на час, приватни или во група.