ПЗУ Д-р Марковиќ

ПЗУ Д-р Марковиќ ПЗУ Д-р Марковиќ
има склучено договор со фондот за здра

Работно време :
Понеделник,среда и петок
09 - 17 ч
Вторник и Четврток
12-20 ч


РАБОТИМЕ СО СИНИ КАРТОНИ.

Во случаи Кога нема услови за целосно фиксно решение, правилното планирање е клучно за да се постигне стабилна, функцион...
30/08/2026

Во случаи Кога нема услови за целосно фиксно решение, правилното планирање е клучно за да се постигне стабилна, функционална и удобна протетска конструкција.

Во овој случај, во долната вилица изработивме 5 метал-керамички коронки, со соодветна подготовка на забите, кои служат како носачи за скелетирана (визил) протеза со копчиња.

На овој начин добивме решение кое е:

✓ стабилно
✓ удобно за носење
✓ практично за секојдневна употреба
✓ функционално и естетски прифатливо

Целта беше да се искористат максимално преостанатите заби и да се добие сигурно решение, без непотребно оптоварување на забите и ткивата.

23/08/2026
Години избегнување на стоматолог. Страв од болка. Бројни алергии и навики кои со текот на времето оставиле сериозни посл...
21/08/2026

Години избегнување на стоматолог. Страв од болка. Бројни алергии и навики кои со текот на времето оставиле сериозни последици врз забите.

Пациентот дојде кај нас по препорака и по отворен разговор го направивме првиот чекор – надминување на стравот и план за целосен третман.

Состојбата не беше едноставна: присутни беа загноени и оштетени заби, како и подкршени рабови во фронталната регија.

Прво ги отстранивме забите кои не можеа да се зачуваат и ги саниравме инфекциите, со што постепено го стабилизиравме оралното здравје.

Потоа следеше целосна реконструкција со метал-керамички коронки во двете вилици.

Целта ни беше:
✓ стабилен загриз
✓ подобрена функција
✓ природен изглед
✓ хармонична насмевка
✓ подобро орално здравје

Но најважната промена не е видлива на фотографија.

Пациентот го надмина стравот од стоматолог и ги промени навиките кои со години влијаеле врз состојбата на забите.

Со правилен пристап, трпение и доверба, промената е можна.

За закажување: 072/231-783
📩 Пишете ни во DM или јавете се на телефон.

Пациент со повеќе изгубени заби, присутен кариес и изразено променета боја на преостанатите заби.Направивме целосна реко...
19/08/2026

Пациент со повеќе изгубени заби, присутен кариес и изразено променета боја на преостанатите заби.

Направивме целосна реконструкција со метал-керамички коронки во горната и во долната вилица.

Целта беше да се воспостави нормална функција и естетика, со природни пропорции и хармоничен изглед, прилагоден на пациентот.

📞 072/231-783

Убавата стоматолошка изработка не се препознава само по забите, туку и по непцето што ги опкружува.Кога коронките се изр...
24/07/2026

Убавата стоматолошка изработка не се препознава само по забите, туку и по непцето што ги опкружува.

Кога коронките се изработени прецизно и правилно прилегаат, тие не ја иритираат гингивата. Токму затоа здравото, мирно и розево непце е еден од најважните показатели за успешна терапија.

Сепак, потребно е малку трпение. Веднаш по цементирањето, меките ткива сè уште се адаптираат, па конечниот изглед најчесто се добива по 7–10 дена, кога непцето целосно ќе се смири.

Затоа, покрај природниот изглед на забите, секогаш обрнуваме еднакво внимание и на здравјето на непцето. Само тогаш резултатот е навистина комплетен.

Пар мобилни протези со персонслизирана гингива072/231-783
17/07/2026

Пар мобилни протези со персонслизирана гингива

072/231-783

Не секоја целосна рехабилитација започнува со недостаток на заби.Понекогаш забите се сè уште присутни, но годините зад с...
14/07/2026

Не секоја целосна рехабилитација започнува со недостаток на заби.

Понекогаш забите се сè уште присутни, но годините зад себе оставаат бројни стари пломби, променета боја, истрошени и изронети рабови, чести пукања и нарушена функција. Насмевката постепено го губи својот природен изглед, а секое следно поправање станува само привремено решение.

По детална анализа, пациентката се одлучи за целосна рехабилитација на горната и долната вилица со порцелански коронки.

Нејзината желба не беше „совршена“ насмевка. Напротив – сакаше заби што ќе изгледаат природно, ќе се вклопуваат со нејзиното лице и ќе ѝ овозможат повторно да се смее, зборува и џвака без ограничувања.

Најубавите резултати не се оние што привлекуваат внимание, туку оние што изгледаат како отсекогаш да биле дел од вас.

📍 Стоматолошка ординација Др. Марковиќ

📞 072/231-783

За консултација и закажување термин, јавете ни се на телефон или пишете ни во DM.

Фасетирана цирконија на предни 4 заби072/231-783
09/07/2026

Фасетирана цирконија на предни 4 заби

072/231-783

Насмевката што ја вративме пред 8 години кај сопругата, денес беше причината поради која и нејзиниот сопруг ни го препуш...
03/07/2026

Насмевката што ја вративме пред 8 години кај сопругата, денес беше причината поради која и нејзиниот сопруг ни го препушти своето лекување, патувајќи од Словенија до нашата ординација.

Со целосна рехабилитација на горната и долната вилица изработивме металокерамички коронки и мостови, со внимание на секој детал – од корекција на загризот, надополнување на забите и зачувување на виличната коска, до промена на формата и бојата на забите, секогаш во договор со пациентот.

Нашата цел не беше само нова насмевка, туку враќање на функцијата – нормален говор, нормално џвакање и чувство на сигурност во секојдневниот живот.

За нас, успешната терапија не завршува со оваа фотографија. Таа продолжува низ годините, кога пациентите повторно ни ја укажуваат својата доверба и го пренесуваат своето искуство на блиските.

Др. Марковиќ
📞 072/231-783
Закажете термин на телефон или пишете ни во DM.

Address

Luka Gerov 40/2-2
Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 12:00 - 20:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 12:00 - 20:00
Friday 09:00 - 17:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ПЗУ Д-р Марковиќ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to ПЗУ Д-р Марковиќ:

Shortcuts

Share

Category