26/08/2026
Мислам дека дел од луѓето сè уште очекуваат нутриционист да преживува на минимум храна 😄
А јас ако јадам — сакам и да се најадам.
Затоа, на пример, си составувам ваков сендвич: леб, песто, печен модар патлиџан, пиперка, моцарела, сушен домат и малку балсамико.
За сендвичи најчесто го користам Zito Luks 100% цело зрно со никулци и ’ржано брашно. Ми одговара вкусот, а во комбинација со протеин, масти и зеленчук како во овој сендвич, мене ваков оброк ми држи многу подобра ситост.
И да мене ова ми е сосема нормален оброк.