Institut Alternativa

Institut Alternativa Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Institut Alternativa, BUlica Jane Sandanski 65, Skopje.

Европски Акредитиран Тренинг Институт за Системска Психотерапија (EAPTI)

Континуирана професионална едукација за системски психотерапевти

✨ Заедно градиме компетенции за подобрување на менталното здравје и благосостојба во општеството Институтот за Брак,Семејство и Системска Пракса-Алтернатива, ги спроведува следните програми:
1.Едукативни програми за стручни лица
2.Психоедукација за општа популација
3.Индивидуална, брачна и семејна психотерапија
4.Консалтинг за бизнис системи

📌Во рамки на едукацијата за семејна системска психотерапија беше обработена темата „Тајни во семејството“. Од системска ...
10/06/2026

📌Во рамки на едукацијата за семејна системска психотерапија беше обработена темата „Тајни во семејството“. Од системска перспектива, тајните не се само информации што се кријат, туку релациски феномен што ги обликува семејните односи, граници и лојалности.

📌Често се пренесуваат низ генерации, одржувани од чувства на страв, вина и срам, а понекогаш стануваат дел од семејната култура. Семејната терапија помага да се разбере нивната улога и влијание, како и да се создадат побезбедни начини за градење доверба, блискост и поврзаност. 🔒

📌тренер Драгица Стаменковиќ

Во рамки на првата година од едукацијата за семејна системска психотерапија д-р Елизабета Петрушевска Михајловска одржа ...
10/06/2026

Во рамки на првата година од едукацијата за семејна системска психотерапија д-р Елизабета Петрушевска Михајловска одржа работилница посветена на трансгенерацискиот пристап.

Овој пристап ја истражува поврзаноста помеѓу искуствата, односите, вредностите и моделите на однесување што се пренесуваат низ генерациите во едно семејство. Преку разбирање на семејната историја и меѓугенерациските влијанија, се отвора можност за подобро разбирање на сегашните предизвици, ресурси и начини на функционирање на поединецот и семејството. 🌳

Работилницата им овозможи на едукантите да се запознаат со основните концепти и алатки на трансгенерациската перспектива и нејзината примена во психотерапевтската практика. 🌻

🎉 Од пилот до систем!На 4 јуни во Јавна Соба – Скопје успешно ја заокруживме пилот програмата „Родителство за целоживотн...
09/06/2026

🎉 Од пилот до систем!

На 4 јуни во Јавна Соба – Скопје успешно ја заокруживме пилот програмата „Родителство за целоживотно здравје – Среќни семејства“, реализирана од НВО Алтернатива со поддршка на UNICEF MK и Министерството за образование и наука.

📊 Во рамки на проектот:

✅ обучивме 16 нови фацилитатори

✅ реализиравме мотивациони форуми во Прилеп, Битола и Штип

✅ спроведовме две фази на родителски групи во три града

✅ вклучивме родители од различни етнички и социјални средини

✅ обезбедивме континуирана супервизија, мониторинг и евалуација

💬 Највредниот дел беа приказните на родителите, фацилитаторите и професионалците кои сведочеа за позитивните промени кај децата, семејствата и соработката помеѓу домот и училиштето.

🤝 Заедно со родители, училишта, БРО, Педагошката служба, центрите за социјална работа, МОН и УНИЦЕФ разговаравме за следните чекори кон одржливост и институционализација на родителските програми во образовниот систем.

🙏 Благодарност до сите кои беа дел од ова патување.

✨ Продолжуваме и понатаму да се залагаме за одржливост и институционализација на родителските програми во образовниот и социјалниот систем, со верба дека секое дете заслужува поддржани родители, а секој родител заслужува пристап до квалитетна, достапна и доказно-базирана психосоцијална поддршка.

🍀 Ова е само почеток.

#НВОАлтернатива #Родителство #ПоддршкаНаРодители #Образование #ЗаедноЗаДецата #СистемскаПоддршка

Во четврта година се одржа работилница за семејна системска психотерапија, водена од д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ. Особ...
03/06/2026

Во четврта година се одржа работилница за семејна системска психотерапија, водена од д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ.

Особено е задоволство да се следи развојот на едукантите и нивното раст како идни психотерапевти. 🤩

📚 Успешно завршена испитна работилница!Овој викенд се одржа испитната работилница за едукантите од прва година на едукац...
03/06/2026

📚 Успешно завршена испитна работилница!

Овој викенд се одржа испитната работилница за едукантите од прва година на едукацијата по семејна системска психотерапија. Со задоволство им честитаме на сите за успешно положениот испит и за посветеноста што ја покажаа во текот на досегашниот процес на учење и професионален развој.

Им посакуваме многу успех, нови знаења и инспирација во понатамошното образование и работа. Честитки до сите едуканти! 👏✨

Изразуваме огромна благодарност до тренерите за нивната посветеност и несебичност во споделување на своето знаење - Натка Пачоска и д-р Елизабета Петрушевска Михајловска. 🙏

На 20 мај експерти од тимот на Групација Алтернатива - др. прим. Slavica Gajdadzis-Knezevic и Aleksandra Dimitrovska  - ...
22/05/2026

На 20 мај експерти од тимот на Групација Алтернатива - др. прим. Slavica Gajdadzis-Knezevic и Aleksandra Dimitrovska - учествуваа на работилницата организирана од UNICEF MK, Министерството за социјална политикa, демографија и млади и Faculty of Philosophy - Skopje / Филозофски факултет - Скопје при УКИМ, посветена на:

„Проценка на потребите од обука на работната сила во системот на социјална заштита – академско образование и континуирана професионална едукација“.

✨ Ни претставува особено задоволство што имавме можност активно да придонесеме во дискусијата за унапредување на системот за обука и професионален развој на кадрите во социјалната заштита.

🎓Континуираната професионална едукација (КПЕ), како и сензибилизацијата на професионалците во сите системи — социјална заштита, образование, здравство, правосудство и други — е нешто за кое Алтернатива долгогодишно, стратешки и посветено се залага.

Веруваме дека квалитетна, современа и системски поддржана работна сила е клучна за создавање посигурни, похумани и поефективни системи за поддршка на децата, семејствата и заедниците.

Благодарност до организаторите за можноста да бидеме дел од овој важен процес.

#СоцијалнаЗаштита #КПЕ #МенталноЗдравје #ПрофесионаленРазвој #Алтернатива

Во рамки на едукацијата за семејна системска психотерапија, се одржа работилница на тема „Брак/пар, брачна/партнерска кр...
20/05/2026

Во рамки на едукацијата за семејна системска психотерапија, се одржа работилница на тема „Брак/пар, брачна/партнерска криза и брачна/партнерска психотерапија“, водена од Катица Стоименовска. 👩‍❤️‍👨

Преку дискусија, размена на искуства и стручен пристап, едукантите имаа можност подлабоко да ги истражат динамиките во партнерските односи, предизвиците со кои се соочуваат паровите и значењето на психотерапевтската поддршка во процесот на надминување на кризите.

Работилница на тема „Прво интервју“ одржана од Драгица Стаменковиќ.Првото интервју во психотерапијата има големо значење...
20/05/2026

Работилница на тема „Прво интервју“ одржана од Драгица Стаменковиќ.

Првото интервју во психотерапијата има големо значење бидејќи претставува почеток на терапевтскиот процес и основа за градење доверба меѓу терапевтот и клиентот или семејството. 🧐

Начинот на кој ќе се воспостави првиот контакт може да влијае врз мотивацијата за терапија, чувството на прифатеност и подготвеноста за промена.

Работилница во трета година на тема „Родно сензитивна семејна и системска психотерапија. Културално сензитивна практика ...
20/05/2026

Работилница во трета година на тема „Родно сензитивна семејна и системска психотерапија. Културално сензитивна практика во терапија“ одржана од д-р Славица Гајдаѕис Кнежевиќ и Тина Дамеска.

Во семејната терапија потребен е мултидимензионален пристап, каде културата се гледа како дел од повеќе контексти – семејство, миграција, религија, класа и општество.

Главни параметри се: еколошки контекст, миграција и акултурација, семејна организација и семеен животен циклус.

Пристапот поттикнува терапевтот да биде свесен за сопствените културни вредности, предрасуди и перспективи, наместо да се потпира на стереотипи.

Особено се нагласува важноста на љубопитноста, емпатијата и разбирањето на културните разлики, како и влијанието на миграцијата, семејните односи и општествените услови врз идентитетот и функционирањето на семејството.

🌸🍀✨ По повод 15 мај - Меѓународниот ден на семејството, Институт Алтернатива реализираше интерактивна работилница на тем...
15/05/2026

🌸🍀✨ По повод 15 мај - Меѓународниот ден на семејството, Институт Алтернатива реализираше интерактивна работилница на тема „Резилиентност во семејството“ со студентите од Институтот за семејни студии Институт за семејни студии - Institute of Family Studies при Филозофски факултет - Скопје

Преку дискусија, размена на искуства и практични активности, зборувавме за семејната отпорност, справувањето со животните предизвици и значењето на поддршката, поврзаноста и сигурноста во семејните односи. 🌱

Нѐ радуваше интересот, вклученоста и отвореноста на студентите да размислуваат за улогата на резилиентноста во современото семејство и во професионалната работа со семејства.

Им благодариме на Институтот за семејни студии за поканата, довербата и соработката 🙏🏼

Се надеваме дека ова е почеток на уште многу заеднички активности насочени кон унапредување на семејната поддршка, менталното здравје и едукацијата. 🤝✨

#ДенНаСемејството #15Мај #Резилиентност #Семејство #ИнститутАлтернатива #МенталноЗдравје #Соработка

Address

BUlica Jane Sandanski 65
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00

Telephone

+38976457566

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Institut Alternativa posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Institut Alternativa:

Share