29/05/2026
Што има за јадење кога децата се на училиште? 🍽️ 🏫
Првата национална проценка на нутритивните средини во училиштата укажува на слична состојба во сите училишни средини: кога и да побара детето храна на училиште, нездравата опција е секогаш тука, а здравата честопати ја нема 🥗🍎.
- Во училиштата каде што се продава храна во продавница или преку автомати (20%), достапни се само нездрави опции.
- Речиси сите училишта (98%) им дозволуваат на учениците да купуваат храна од околните продавници за време на големиот одмор, каде што ултрапреработена храна богати со масти, шеќер и сол и засладените пијалаци се широко достапни и агресивно се рекламираат. ❌🍫🍕
-Во училиштата што нудат оброци (35%), солените или слатките грицки 🍪🥨 често застапени како ужинка.
✅Во проценката, спроведена во соработка со Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, со поддршка од УНИЦЕФ, се посочуваат 10 клучни препораки за зајакнување на политиките.
Дознајте повеќе на линкот во коментар. ⬇️
#ШтоИмаЗаЈадење
Министерство за образование и наука/Ministria e Arsimit dhe e Shkencës Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë Институт за јавно здравје на Република с. Македонија