Bilna Apteka

Bilna Apteka Чаевите кои ги има во Билна аптека се исклучиво составени од растенија кои современата медицина ги потврдува како лековити.

Употребата на растенијата како неисцрпен извор за лекување и за негување на здравјето на луѓето има долга традиција на овие простори бидејќи Македонија е исклучително богата со високо квалитетни растенија и со лековити билки. Билна аптека преку својата широка палета чаеви ја продолжува оваа традиција и во текот на своето работење практикува да ги запознава своите пациенти со сите новитети кои прои

злегуваат од неа. Важно е да се напомене дека интересот на пациентите за користењето на растителните билки, односно чаевите, во функција на нивното здравје не опаѓа и покрај фактот за развојот и моќта на фармако-хемиската индустрија, која секоја година произведува сè поголем број нови лекови со познат хемиски состав и со постојано физиолошко дејство. Илјадници стручни раце да се соберат во која било од најсовремените лаборатории во светот не можат да го синтетизираат она што може една растителна клетка во природата.

Чаевите со кои располага Билна аптека, било да се монолитни било да се комбинирани, се во изворна форма, дејствуваат со сите активни компоненти од својот состав и се составени од растенија кои современата научна медицина ги потврди како лековити. Предноста на нашите чаеви е и во тоа што потекнуваат од ова поднебје, од природен екосистем и го носат во себе квалитетот на сонцето, почвата и на влагата. Токму поради тоа, тие во својот квалитет се ненадминливи и единствени, а од друга страна се едноставни за употреба во домашни услови, не предизвикуваат несакани ефекти и сè уште се едни од најпознатите, најевтините и најлесно достапните лековити суровини. Постојат повеќе докази за нивниот придонес во зачувување на здравјето. Чаевите содржат полифеноли, пигменти и етерични масла кои го намалуваат штетното влијание на пероксидите во организмот. Популарно се вели дека тие се чувари на здравјето и „ловци“ на слободните радикали. Тие го обезбедуваат организмот со потребните микроелементи, минерали, со потребната количина вода, која лесно продира во меѓуклеточниот простор и воедно, брзо и ефикасно го чисти организмот од насобраните токсини. Тоа е важно да се нагласи за сите, особено за децата и за постарите лица кај кои потребата за овие материи е нешто поголема. Најчеста асоцијација за чај е закрепнувачки топол напиток, здравје, опуштање или природна стимулација, затоа што употребен навечер, чајот опушта од напорниот работен ден, смирува, го олеснува варењето на храната и обезбедува подобар и помирен сон, а наутро буди, го освежува духот и мислата, ја поддржува креативноста и ја поттикнува волјата. Токму поради тоа, секој од нас во својата домашна аптека треба да има барем десетина лековити растенија или чаеви, како на пр.: камилица, мајчина душица, коприва, бозел, јаглика, кантарион, босилек, ајдучка трева, коишто во секое време ќе ни бидат на располагање за да се решат едноставни здравствени проблеми.

Пациентите, кои во сè поголем број се заинтересирани за природниот начин на лекување, во нашата Билна аптека можат да добијат комплетен асортиман чаеви, како и исцрпни стручни информации за нивната примена. Многубројните чаеви кои ќе ги најдете во аптеката, како и помошните лековити средства, сочинуваат една од најбогатите палети, чија композиција е идеална, а во медицинската практика тие се потврдени со нивната 30-годишна традиција како темел на лекувањето. Вработените во аптеката секогаш се подготвени и расположени да Ви предложат комбинации од повеќе чаеви или еднокомпонентни билки, како и готови производи за точно определена индикација и болест, да Ви го објаснат начинот на подготовка на чајот, како и начинот на негово користење. Честопати, посетителите во Билната аптека по сопсвтвено барање добиваат информации и за собирање на лековитите билки, за условите и за начинот на нивно сушење, како и информации за подготовка во домашни услови на некои кремови, облоги или друг вид препарати од билки. Поради наведеното, аптеката претставува не само продажен туку и едукативен и консултативен центар, единствен од овој вид во Македонија.

Летните авантури се уште поубави кога започнуваат со мали, здрави навики. ☀️💚Со чајчињата на Биби и Боби секоја шолја е ...
31/08/2026

Летните авантури се уште поубави кога започнуваат со мали, здрави навики. ☀️💚

Со чајчињата на Биби и Боби секоја шолја е момент исполнет со топлина, грижа и љубов. Без разлика дали денот штотуку започнува или е време за мирна вечер, внимателно одбраните билки се создадени специјално за најмалите и се безбедни за нивното здравје.

Пронајдете ги овие чајчиња, а и многу други производи за вашите најмили во Билна Аптека!

Има мириси што засекогаш нè потсетуваат на најубавите почетоци 🩵.Меката бебешка облека, подготвена со љубов, заслужува п...
30/08/2026

Има мириси што засекогаш нè потсетуваат на најубавите почетоци 🩵.

Меката бебешка облека, подготвена со љубов, заслужува подеднакво нежна грижа. Becutan омекнувачот со екстракт од алое вера им дава свежина и мекост на ткаенините, а неговата блага формула е погодна и за лица со чувствителна кожа. Дерматолошки е тестиран и може да се користи и за машинско и за рачно перење.

На што ве потсетува мирисот на липа🌱?За многумина, тоа е мирисот на летните вечери, мирот и чувството дека барем за миг ...
28/08/2026

На што ве потсетува мирисот на липа🌱?

За многумина, тоа е мирисот на летните вечери, мирот и чувството дека барем за миг сè може да почека. Со чајот од липа, секоја шолја носи препознатлива нежна арома и пријатен вкус што го прават совршен избор за моментите кога сакате да забавите и да уживате.

Пронајдете го целото портфолио чаеви на Good Nature и многу повеќе во Билна Аптека!

Убавите раце не се само одраз на негуван изглед, тие се одраз на грижата што си ја подарувате секој ден✨.Asso кремот за ...
26/08/2026

Убавите раце не се само одраз на негуван изглед, тие се одраз на грижата што си ја подарувате секој ден✨.

Asso кремот за нега на раце и нокти со својата лесна формула брзо се впива, ја храни и омекнува кожата, додека помага рацете да останат меки и негувани, а ноктите заштитени. Благодарение на глицеринот, ја одржува природната влажност на кожата и ја штити од сушење.

Кое е вашето омилено летно освежување🍵?Кога температурите растат, вистинскиот избор е црн освежителен чај, комбинација о...
24/08/2026

Кое е вашето омилено летно освежување🍵?

Кога температурите растат, вистинскиот избор е црн освежителен чај, комбинација од квалитетен црн чај и ароматични билки, збогатена со благо киселкасти ноти на шипка и хибискус. Послужен со мраз, станува совршен напиток за топлите летни денови, без разлика дали сте дома, на тераса или покрај базен.

🌿 Дојдете во Билна Аптека и освежете го денот со вкус што ќе сакате повторно да го подготвите.

Дали и по миењето имате чувство дека кожата ви е затегната и сува?Секојдневното чистење треба да ѝ обезбеди на кожата св...
23/08/2026

Дали и по миењето имате чувство дека кожата ви е затегната и сува?

Секојдневното чистење треба да ѝ обезбеди на кожата свежина и нега, без да ја наруши нејзината природна рамнотежа. Asso Derm синтетичкиот сапун е создаден за нормална, чувствителна и проблематична кожа, со pH-вредност што го почитува природниот хидролипиден слој. Нежно ја чисти кожата без да ја суши, а неговата клинички тестирана формула е погодна и за кожа чувствителна на класични сапуни.

Летото не е време за строги правила, туку за добро чувство во сопствената кожа ☺️.Кога балансираната исхрана и активниот...
21/08/2026

Летото не е време за строги правила, туку за добро чувство во сопствената кожа ☺️.

Кога балансираната исхрана и активниот начин на живот се дел од вашето секојдневие, Слим микс може да биде ваш природен сојузник. Чајната мешавина содржи кора од крушина, која придонесува за работата на цревата и редовната столица, како и корен од глуварче и сладок корен, кои придонесуваат за нормално варење на храната.

Нежна грижа започнува со вистинскиот избор. Becutan Aqua влажните марамчиња со 99% вода се создадени за секојдневна хиги...
20/08/2026

Нежна грижа започнува со вистинскиот избор. Becutan Aqua влажните марамчиња со 99% вода се создадени за секојдневна хигиена на чувствителната бебешка кожа🩵.

Изберете го пакувањето што најмногу одговара на вашите потреби и искористете ги промотивните цени.

Дали и вие ова лето барате нешто природно и освежително?Органскиот чај од шипка со хибискус е совршен избор за топлите д...
19/08/2026

Дали и вие ова лето барате нешто природно и освежително?

Органскиот чај од шипка со хибискус е совршен избор за топлите денови. Комбинацијата од органски плодови од шипка и нежни ливчиња од хибискус создава богат овошен вкус, пријатна киселкаста нота и интензивна црвена боја. Подгответе го ладен, додајте мраз и уживајте во освежување кое е подеднакво вкусно во секој дел од денот.

❤️ Природно освежување кое летото го прави уште повкусно.

Вклучете го Sattwa антицелулитниот балсам во вашата секојдневна рутина и подарете ѝ на кожата нега што ја заслужува. ✨Из...
18/08/2026

Вклучете го Sattwa антицелулитниот балсам во вашата секојдневна рутина и подарете ѝ на кожата нега што ја заслужува. ✨

Изберете го пакувањето што најмногу ви одговара и искористете ја августовската промотивна цена.

Address

11 Oktomvri 46
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 07:00 - 20:00
Tuesday 07:00 - 20:00
Wednesday 07:00 - 20:00
Thursday 07:00 - 20:00
Friday 07:00 - 20:00
Saturday 07:00 - 14:00

Telephone

+38923237975

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Bilna Apteka posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share