21/07/2026
Самодоверба во пракса – практична работилница за градење самодоверба
Работилницата е наменета за сите кои сакаат да се чувствуваат посигурно во секојдневните ситуации, полесно да ги изразуваат своите мислења и да ја зајакнат довербата во сопствените способности. Фокусот е ставен на практична примена, па од работилницата ќе си заминете со конкретни алатки што ќе можете веднаш да ги користите во секојдневниот живот.
На работилницата ќе работиме на:
• Мапа на личните силни страни – вежба за препознавање на сопствените квалитети, способности и ресурси.
• Предизвикување на внатрешниот критичар – техника за препознавање и преобликување на негативниот говор во пореални и поддржувачки мисли.
• Дневник на мали победи – практична алатка за градење самодоверба преку препознавање на секојдневните успеси и напредок.
• Power Posing + говор на тело – практична демонстрација како невербалната комуникација влијае врз чувството на сигурност во себе.
• Тркалото на самодовербата – проценка на различните области од животот (работа, односи, изглед, комуникација, вештини) и препознавање каде самодовербата е најсилна, а каде има простор за раст.
📅 14 август 2026 (петок)
🕘 21:00 часот
💻 Online преку Zoom
Предавачи:
Билјана Пешева – Wellness Coach | Yoga & Mindfulness Teacher
Бојана Стојменовиќ Петровска – Психолог, семеен и системски советник
Поддржано од vitamini.mk
Линк за регистрација:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/qvO2JWbwSwaiab-8pqn9Hw