Sistina Oftalmologija

Sistina Oftalmologija Очна болница
(214)

Ние ги обединивме знаењето, врвната светска технологија и бесценетото искуство на нашиот стручен тим со врвните светски стандарди во превенција и лекување, за да постигнеме најдобра нега и најпрофесионална услуга за сите наши пациенти...

Знаењето постојано се надградува – во корист на нашите пациенти. 👁️✨Од 5 до 11 јули, нашиот д-р Љубен Ангеловски учеству...
30/07/2026

Знаењето постојано се надградува – во корист на нашите пациенти. 👁️✨

Од 5 до 11 јули, нашиот д-р Љубен Ангеловски учествуваше на Летната школа за млади офталмолози во Венеција, Италија. 🇮🇹

Во текот на седумте дена, преку предавања, практични работилници и дискусии со врвни европски експерти, беа обработени најновите достигнувања во дијагностиката и третманот на очните заболувања.

Веруваме дека континуираната едукација е клучот за современа медицина, а стекнатите знаења ги претвораме во поквалитетна и посигурна грижа за секој наш пациент.

Погледнете дел од атмосферата низ фотографиите. 📸👁️

29/07/2026

Дали знаете дека очниот преглед може да открие промени поврзани и со други заболувања во организмот? 👁️

Погледнете го видеото и дознајте што сè може да се забележи преку очите и зошто редовниот офталмолошки преглед е важен. ⚠️

21/07/2026

„Кога ги отворив очите и го видов небото... сфатив дека доживеав нирвана.“ ✨👁️

Некои моменти не можат да се опишат со зборови. Можат само да се почувствуваат.

По години живот со сериозно намален вид, госпоѓа Тодорка повторно го виде светот околу себе.

Зад тој прв поглед кон синото небо стои една приказна. Приказна што започнува со првиот преглед, продолжува со доверба во Докторот и завршува со чувство кое засекогаш останува во сеќавањето.

Денес госпоѓа Тодорка ја споделува својата приказна – со надеж дека ќе им даде храброст и на сите оние кои сè уште се двоумат да го направат првиот чекор кон подобар вид. 💙

15/07/2026

Погледнете го случајот на пациентот Димче од Систина Офталмологија – Штип, кој поради венска оклузија на окото имаше значително намалување на видот.

Д-р Тодорче Јосев објаснува како со современа анти-VEGF терапија се постигнува намалување на отокот и крварењето во окото, како и подобрување на видната острина уште по првата апликација.

Продолжуваме со следење и терапија, со една главна цел – зачувување и подобрување на видот на пациентите. 💙

📍Систина Офталмологија – Штип

10/07/2026

👁️ Кога станува збор за здравјето на вашите очи, навремената и прецизна дијагностика е првиот чекор до правилен третман.

Во видеото, д-р Тодорче Јосев зборува за услугите што ги нуди Дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Штип, каде пациентите можат да добијат комплетна офталмолошка дијагностика за сите возрасни групи – од прегледи за најмалите и предучилишни прегледи, до редовни прегледи за возрасни и дијагностика за катаракта.

Центарот располага со современа дијагностичка опрема за испитувања како:
✔️ ОЦТ (OCT)
✔️ Видно поле
✔️ Ехографија
✔️ Биометрија
✔️ Пахиметрија

📞 За информации и закажување термин:
071 220 206
032 307 100

Грижете се за вашиот вид – редовните очни прегледи се најдобрата превенција.

07/07/2026

👁️ Веќе 3 години, нашиот дијагностички центар во Куманово им овозможува на пациентите современа очна дијагностика и третмани поблиску до нивниот дом.

Со најсовремена апаратура и искусен тим, во нашиот центар изведуваме детални очни прегледи, дијагностички испитувања и интервенции, со цел навремено откривање и третман на очните заболувања.

Во видеото, д-р Елизабета Спасиќ ве запознава со услугите и можностите што ги нуди нашиот центар.

📞 Закажете го вашиот преглед на: 072 809 800.

☀️ Летна промоција во Систина Офталмологија – Скопје!Во текот на јули, искористете 30% ПОПУСТ на субспецијалистички очен...
06/07/2026

☀️ Летна промоција во Систина Офталмологија – Скопје!

Во текот на јули, искористете 30% ПОПУСТ на субспецијалистички очен преглед!

Редовна цена: 1.900 денари
Цена со попуст: 1.330 денари

Во прегледот се вклучени:
✔ Одредување на видна острина
✔ Рефракција
✔ Мерење очен притисок
✔ Преглед на очно дно
✔ Детален преглед на преден и заден сегмент на очите

📞 Закажете термин на 02 3097 000.

Првите пациенти оперирани од катаракта во нашата болница во Битола и нивните насмевки денес се симбол на едно значајно н...
03/07/2026

Првите пациенти оперирани од катаракта во нашата болница во Битола и нивните насмевки денес се симбол на едно значајно ново поглавје – современа хируршка грижа поблиску до домот на пациентите. 💙

Во нашата болница во Битола, под водство на Д-р Александра Гочева Јерчиќ, денес славиме многу повеќе од успешно изведени операции – славиме нови почетоци, враќање на јасниот вид и довербата што пациентите ни ја укажуваат секој ден.

За нашите пациенти од целиот југозападен регион (Битола, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Прилеп и Преспа) ова значи многу повеќе од успешна интервенција – значи можност да добијат врвна и најсовремена офталмолошка хируршка грижа и враќање на јасниот вид, блиску до својот дом, без потреба да патуваат до Скопје.

Како дел од Promedika Group, нашата болница во Битола продолжува да ја следи својата мисија – современата офталмолошка грижа да биде достапна за секој пациент, со истата посветеност, експертиза и највисоки стандарди на квалитет.

Им благодариме на нашите први пациенти за довербата и што станаа дел од ова значајно ново поглавје. 💙

24/06/2026

👁️ Јуни е Месец на катарактата, а по тој повод Доц. Д-р Билјана Костовска потсетува на важноста од навремените очни прегледи и раното откривање на причините за намалениот вид.

Катарактата, позната и како „внатрешно перде“, е една од најчестите причини за заматен вид. Иако најчесто се поврзува со повозрасната популација, денес сѐ почесто се дијагностицира и кај помлади пациенти.

Важно е да се знае дека намалувањето на видната острина не секогаш значи промена на диоптријата, дијабетес или друга очна состојба. Само деталниот офталмолошки преглед може да ја открие вистинската причина и да помогне во изборот на најсоодветното решение за вашиот вид.

Не претпоставувајте што стои зад заматениот вид – проверете навреме. 💙

22/06/2026

👁️ Дали знаете дека навременото лекување може да биде клучно за зачувување на видот кај одредени ретинални заболувања?

Анти-VEGF терапијата претставува едно од најголемите достигнувања во современата офталмологија и се користи за третман на заболувања на ретината кај кои доаѓа до абнормален раст на крвни садови и собирање на течност во окото.

За да се постигне стабилизација на состојбата и подобрување на видот, терапијата се спроведува во серија на апликации според индивидуален план за секој пациент.

Во видеото, Д-р Виолета Шијакова објаснува како функционира оваа терапија и зошто навремената дијагноза и редовното следење се од клучно значење за зачувување на видот.

Address

St. Skupi 5A
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 20:00
Tuesday 08:00 - 20:00
Wednesday 08:00 - 20:00
Thursday 08:00 - 20:00
Friday 08:00 - 20:00
Saturday 09:00 - 13:00

Telephone

+38923097000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Sistina Oftalmologija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Sistina Oftalmologija:

Shortcuts

Share

Category