20/08/2026
Не е проблем понекогаш да изгледаш уморно. Проблем е ако изгледаш уморно и кога не си уморна.
Ти си една од оние жени што успеваат сè да постигнат. Работа, дом, пораки на кои треба да одговориш уште пред осум часот наутро.
Утро, огледало во бањата и светлина што ништо не простува. Оној краток момент пред да започне денот, кога ќе ти се јави тивка мисла што не ја изговараш гласно: „Ова не е сликата што ја имам за себе.“
И тогаш повеќето жени го прават она што изгледа најлогично. Решаваат да купат уште една крема за пределот околу очите. Ја користат до крај. Потоа купуваат друга. Па трета. На крајот заклучуваат дека сите се исти.
Тоа донекаде е и точно.
Проблемот е во тоа што повеќето производи се обидуваат сосема различни проблеми да ги решат на ист начин.
Она што изгледа како еден уморен поглед, всушност нема само една причина. Отеченоста нема иста причина како темните подочници. Фините линии не се исто што и опуштената кожа.
Ако различни причини создаваат уморен изглед, тогаш едно решение не може да опфати сè. Затоа многу повеќе смисла има формула во која секоја состојка го извршува својот дел од работата, отколку производ што се потпира на една „чудотворна“ состојка.
Врз таа логика е создаден Dukafarm Пантенол + Хијалурон флуидот за пределот околу очите.
Кофеинот придонесува за посвеж изглед, хијалуронот ѝ помага на кожата да ја задржи влажноста, па фините линии стануваат помалку видливи, пептидите придонесуваат за поцврста кожа преку поддршка на природното создавање колаген, церамидите ги надополнуваат липидите, а ниацинамидот го изедначува тонот на кожата во овој предел. Секоја состојка има своја улога, а заедно создаваат формула што делува на повеќе причини за уморниот изглед на пределот околу очите.
Текстурата е нешто помеѓу серум и крем. Кожата брзо го впива, без да остане тежок слој, па одлично се вклопува и во утринската и во вечерната рутина.
Не ветува дека нешто ќе исчезне преку ноќ. Делува постепено, со редовна употреба, па одредени знаци на замор со текот на времето стануваат помалку видливи.
Кога веќе секое утро одвојуваш неколку минути за нега, има смисла тој еден чекор да прави повеќе од само да ја хидрира кожата.