Хата Јога над 40

Хата Јога над 40 Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Хата Јога над 40, Yoga studio, Skopje.

На женското тело не му е потребно форсирање. Потребно му е нежно движење, свесно дишење  и грижа. 💜Хата јогата е време в...
31/08/2026

На женското тело не му е потребно форсирање. Потребно му е нежно движење, свесно дишење и грижа. 💜

Хата јогата е време во кое повторно го слушаме своето тело, ја ослободуваме напнатоста и создаваме поголема подвижност, рамнотежа и внатрешен мир.

Нова сезона – Хата јога

Понеделник и четврток
18:00 | 19:30 | 21:00

Вторник и петок
18:00 | 19:30

Не е потребно претходно искуство.
Избери го својот термин и пријави се во порака.

Можам слободно да кажам дека најубавиот дел од оваа работа не е само јогата 🧘Тоа се луѓето што доаѓаат уморни ,а си зами...
24/08/2026

Можам слободно да кажам дека најубавиот дел од оваа работа не е само јогата 🧘

Тоа се луѓето што доаѓаат уморни ,а си заминуваат полесни😃

Луѓето што првпат успеваат да направат нешто што мислеле дека неможат😃

И оние што послем неколку месеци велат
"Не можам да ја замислам неделата без јога"😃

Ако се уште ја немаш пробано - можеби е време🧘
Одвои време само за себе🧘

Уписите се во тек, а местата ограничени,🧘
Без телефони ,без брзање,без обврски

Само ти
Твоето тело
Твојот здив
И се случува нешто магично ♥️

#хатајоганад40 #хатајога #јога #

*Ти треба време за себе после работниот ден? 🧘‍♀️**Започни со јога во пријатна мала група.>Не мора да имаш претходно иск...
20/08/2026

*Ти треба време за себе после работниот ден? 🧘‍♀️**

Започни со јога во пријатна мала група.

>Не мора да имаш претходно искуство и не мора да бидеш флексибилен/на.

📍 Скопје К.Вода
👥 Мали групи — до 10 лица
🕕 Повеќе вечерни термини
💰 Месечна членарина: 2.000 ден.

Пиши „ЈОГА“ во порака и добиј распоред на термини

#хатајога #јога #

🎄 ЈОГА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ 🧘‍♀️За време на празниците не ни треба „совршен тренинг“.Ни треба малку движење, малку диш...
02/01/2026

🎄 ЈОГА ЗА ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИТЕ 🧘‍♀️

За време на празниците не ни треба „совршен тренинг“.
Ни треба малку движење, малку дишење и многу почит кон телото.

Овие 3 пози се доволни за да:
✨ го смириш умот
✨ го раздвижиш телото
✨ се вратиш во себе

🧘‍♀️ Дрво поза – за рамнотежа и внатрешна стабилност
🧘‍♀️ Странично истегнување – за олеснување во стомакот и половината
🧘‍♀️ Стол поза – за сила, циркулација и чувство „јас можам“

⏳ Понекогаш се доволни 5 минути, 3 пози и неколку свесни вдишувања.

Телото не бара многу.
Бара да го слушнеме 🤍

Ако сакаш нежна хата јога прилагодена за жени 40+,
со внимание, без брзање и без притисок –
📩 пиши ми или дојди да вежбаме заедно.

🌸 Хата Јога над 40

Отвораме уште една почетна група за Хата Јога над 40 ✨18:00 вторник и петок.Групата од 18:00 понеделник и четврток многу...
16/11/2025

Отвораме уште една почетна група за Хата Јога над 40 ✨
18:00 вторник и петок.

Групата од 18:00 понеделник и четврток многу брзо се пополни и од срце ви благодарам за довербата.
Жените кои дојдоа во студиото ми потврдија уште еднаш дека на секоја возраст ни е потребен простор за мир, движење и убаво чувство во телото.

Во новата група ќе работиме со нежни, смирувачки вежби прилагодени за секоја жена – и за оние кои вежбаат прв пат, и за оние кои долго не си подариле време за себе.

Хата јогата за жени е почеток на едно помирно, пофлексибилно и посвесно секојдневие.
А најубавото е што никогаш не е доцна да се започне. 🌿

🧘‍♀️ Вторник и петок • 18:00
📞 Информации и пријавување: 070263588 – Диана

Се радувам на нови средби, насмевки и многу убави жени што ќе се приклучат. 💗

#јогазазрелижени #внатрешенмир #новагрупа #јогаСкопје #женскаенергија #јогазафлексибилнос

Не одложувајте 🧘♥️Местата се ограничени🧘Слободни места има уште во терминот вторник и петок од 18чОстанатите термини се ...
11/11/2025

Не одложувајте 🧘♥️
Местата се ограничени🧘
Слободни места има уште во терминот вторник и петок од 18ч
Останатите термини се пополнети🧘
♥️🧘♥️

Моето прво телевизиско гостување ✨Зборував за нешто што е длабоко во моето срце – Хата Јогата над 40, пракса која ја обе...
04/11/2025

Моето прво телевизиско гостување ✨

Зборував за нешто што е длабоко во моето срце – Хата Јогата над 40, пракса која ја обединува силата, нежноста и свесноста на жената во зрел период од животот.

Интересно е… цел живот мислев дека ќе имам трема.
Како помлада, само помислата да зборувам пред публика ме парализираше – треперев, гласот ми се губеше.
Но со годините, со јогата и со искуството, научив нешто важно –
кога си во мир со себе, стравот исчезнува.

Гостувањето беше мирно, природно и искрено – токму како што е и јогата што ја предавам.
Благодарност до тимот за топлата атмосфера и убавиот разговор.

Интервјуто можете да го погледнете – линкот е на стори и во био на профилот. 🌿

Отвараме нова почетна група 🕕 Понеделник и четврток од 18:00 часотВежбите се нежни, прилагодени,со внимание кон зглобови...
28/10/2025

Отвараме нова почетна група
🕕 Понеделник и четврток од 18:00 часот

Вежбите се нежни, прилагодени,
со внимание кон зглобовите, дишењето и телото што заслужува грижа. 💜

📍Кисела Вода
🧘‍♀️ Има уште 2 слободни места во групата од 21:00 (понеделник и четврток) НАПРЕДНА ГРУПА

После работа – дојди да се смириш, да се растегнеш,
и да направиш рестарт со љубов кон себе.

Како и многу жени од мојата генерација, бев посветена на семејството, децата и домот.Работев како сметководителка и сè и...
27/10/2025

Како и многу жени од мојата генерација, бев посветена на семејството, децата и домот.
Работев како сметководителка и сè изгледаше „во ред“ – додека имаше што да се прави.
Но кога децата пораснаа и си тргнаа по свој пат, нешто во мене се испразни.

Почнаа здравствени проблеми – висок притисок, болки во крстот, трнење во рацете, незадоволство…
И токму тогаш мојата ќерка ми рече:
„Мамо, почни со јога.“

Така и направив. ❤️
Од првите часови почувствував дека нешто се менува – не само во телото, туку и во душата.
После четири години редовна пракса, во 2016 година се обучив за јога инструктор.

Со јогата се стабилизираше мојот притисок, се зајакна кичмата, болките исчезнаа, а јас повторно се почувствував жива.

Инспирирана од тоа искуство, отворив свое студио во Ново Лисиче.
Но за време на короната го затворивме студиото – и тоа беше вистински тест за мене.
Како ќе изгледа животот без јога две години?
Дали ќе продолжам со тоа што го сакам, или ќе се вратам на старото?

Продолжив. 🙏
И тоа не само со часови, туку со нешто поголемо – ново студио и ново поглавје.

Во 2023 година, заедно со повторно го отворивме студиото – овојпат во склоп на центар за психолошка и терапевтска работа, каде што се спојуваат телото, умот и енергијата. 🌿

Сакам да апелирам до секоја жена која се чувствува изгубено, празно или без насока – ве разбирам.
Сите го минуваме тој период.
Но верувајте – токму тогаш може да започне нешто прекрасно.

Денес не работам ништо друго освен јога.
И често си велам – да не почнав тогаш, денес ќе останев без ништо.
А вака, имам се што ми треба – мир, смисла и луѓе со кои дишеме заедно. 💜

✨ Од ноември започнуваме и нова група од 18:00 часот – понеделник и четврток.
📅 Првиот час е на 03.11 (понеделник).
Ако чувствуваш дека е време да се вратиш кон себе – ова е твојот знак. 🌸

5 научно докажани начини како јогата го намалува стресот 🌿Телото има своја мудрост.Кога се движиме свесно и дишеме длабо...
15/10/2025

5 научно докажани начини како јогата го намалува стресот 🌿

Телото има своја мудрост.
Кога се движиме свесно и дишеме длабоко,
нервниот систем добива сигнал дека е безбедно.

Јогата не е само истегнување –
таа го смирува хормонот на стресот (кортизол),
ја зголемува природната хемија на мирот (GABA),
и ја враќа рамнотежата меѓу телото и умот.

Со секоја пракса – помалку напнатост,
повеќе леснотија, стабилност и присутност. ✨

📍 Хата Јога над 40
Придружи ни се во просторот во Кисела Вода
и подари си 60 минути мир и енергија.

#хатајога #јога #јоганад40 #женскаенергија #здраважена #баланс #стрес #опуштање #мир

Address

Skopje
1000

Telephone

070263588

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Хата Јога над 40 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category