08/07/2026
Миофасцијалната мускулна напнатост, таа најчесто се појавува во регионот на ВРАТОТ РАМЕНАТА и ПЛЕШКИТЕ но кај спртисти или луѓе што стојат подолг период на нозе се јавува и во ГЛУТЕУСНИТЕ МУСКУЛИ, ЗАДНАТА ЛОЖА И ВО ЛИСТОВИТЕ таа вклучува крути, болни јазли (тригер точки) во периферните ткива што ги опкружуваат мускулите. Киропрактичарите го решаваат ова со примена на насочен рачен притисок , изведување на корекции на рбетот и користење на истегнувања како би се јавило подобрување на еластичноста на мускулното ткиво така што враќањето на движењето е брзо и без болка.
-Техника на миофасцијално ослободување.
Оваа техника вклучува Киропрактичар кој применува бавен, директен и одржлив рачен притисок (или специјализирани инструменти) врз вкочанети, ригидни делови од фасцијата. Со задржување на овој притисок и водење на мускулот низ целиот негов опсег на движење, Киропрактичарот го разградува лузното ткиво, ги ослободува точките на активирање и им овозможува на мускулните влакна да се издолжат.Често миофасцијалната болка се влошува од несиметрија на рбетот или некакви ограничувања во мускулоскелетниот систем што ги принудуваат мускулите на засегнатата регија да се компензираат и затегнат. Со порамнување на рбетот преку контролирани прилагодувања, Киропрактичарите можат да ја ублажат иритацијата на нервите која што произлегува од мускулната тензија и да ја намалат мускулната тензија која што пак ја предизвикува хронична миофасцијална напнатост.