25/07/2026
CH Alpha 🤝 ФК Црвена Звезда!
Со огромна чест и задоволство ја известуваме јавноста за склучувањето на соработката со фудбалскиот клуб Црвена Звезда, актуелниот шампион на Србија и поранешниот европски и светски првак, единствен со вакви титули од балканскиот регион.
На официјалната прес-конференција во просториите на култниот стадион „Рајко Митиќ“, присуствуваа генералниот директор на Хелиос Медикал групацијата, Александар Генчов, раководниот менаџер за регионот, Димче Павлески, во присуство на претседателот на ФК Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ.
„Црвена Звезда секогаш соработува со најдобрите и од таа соработка секогаш излегуваме побогати и поуспешни. Во нашата историја постигнавме извонредни резултати во овој спорт, но Звезда не би била тоа што е ако секогаш не се стремеше кон височини што ќе ја држат на самиот врв. Ви посакувам секој успех и изразувам благодарност за воспоставувањето партнерство со Црвена Звезда“, истакна претседателот Мијаиловиќ.
Остварувањето на ова партнерство ја потврдува нашата посветеност, труд и квалитет како водечка компанија во фармацевтската индустрија на балкаснкиот регион.
„Многу размислував како и што да кажам, па ги искористив зборовите на српскиот мислител Бранко Ѓукиќ, кој велеше дека за врвен резултат потребна е традиција, вера, визија и квалитет. Звезда ги исполнува сите четири услови. Нема потреба да се зборува за традицијата и верата, нашата визија е заедничка, а кога станува збор за квалитетот, важно е за јавноста и медиумите да се нагласи дека во клубот влегува фармацевтски и суплементарен фактор кој е, без лажна скромност, број еден во светот на биоактивни производи, нешто на што сме исклучително горди. Влегува компанија чиј квалитет е целосно потврден, со параметри достојни на величината на Црвена Звезда“, посочи генералниот директор Генчов.
Поддршката што ја нудиме на најуспешниот фудбалски клуб на Балканот го нагласува нашиот статус за лидер на пазарот, а со тоа и поставување стандарди како се развива и гради еден светски потврден бренд.