11/08/2026
ЕnerPlus Reintegra
БРЗО ВРАЌАЊЕ НА МИНЕРАЛНИТЕ СОЛИ
ЕnerPlus Reintegra е препарат за посебна нутритивна употреба со минерални соли (Калиум цитрат, Натриум цитрат и Хлор), Магнезиум цитрат, витамин Ц и екстракт од Родиола Розеа (Rhodiola rosea L.). Наменет е за брзо надополнување на минералните соли во случај на недостаток, зголемена потреба, како и при нивно нагло губење при интензивно потење како резултат на спортска активност, изложеност на високи температури. Секоја ќесичка содржи ефективни дози на Калиум, Натриум и Хлор - минерални соли кои се губат при потење, Магнезиум цитрат, кој делува стимулативно на мускулната активност и совладување на чувството на мускулен замор, Витамин Ц кој делува антиоксидативно и екстракт од корен од Родиола Розеа, растение со потекло од Сибир или Тибет богато со салидрозид со силно тонично и адаптогено дејство.
Начин на употреба: Се раствара количината на една кесичка во чаша вода од 250мл, далеку од оброци. Се препорачува употреба на максимум 2 кесички дневно.