Кинезика Физио Елит Kinezika PhysioElite since 2006

Кинезика Физио Елит Kinezika PhysioElite since 2006 Центар за рехабилитација, Физикална и Кинезитерапија

ПРИСТИГНА НОВИОТ КОЛЕГА ВО КИНЕЗИКА, ШВАЈЦАРЕЦ 🇨🇭⚡Од креаторите на Shockwave технологијата STORZ MEDICAL, од денес и со ...
01/09/2026

ПРИСТИГНА НОВИОТ КОЛЕГА ВО КИНЕЗИКА, ШВАЈЦАРЕЦ 🇨🇭⚡

Од креаторите на Shockwave технологијата STORZ MEDICAL, од денес и со фокусираниот STORZ MEDICAL DUOLITH SD1 T-TOP „ultra“.

Швајцарско инженерство 🇨🇭
🎯 Фокусирана енергија.
⚡ Врвна прецизност.
🌍 Технологија од светска класа.

Радијален + фокусиран Shockwave – сега заедно во Кинезика.

20 години го следиме истиот пат – најдоброто од светската физиотерапија да го донесеме дома. ❤️🇲🇰

КИНЕЗИКА ФИЗИО ЕЛИТ

Милан Лазравски се враќа на тренинг 📣 Уште една успешно завршена рехабилитација 💪🔴⚫Со задоволство објавуваме дека ја зав...
21/08/2026

Милан Лазравски се враќа на тренинг 📣 Уште една успешно завршена рехабилитација 💪🔴⚫

Со задоволство објавуваме дека ја завршивме рехабилитацијата после повредата на рамото на Милан Лазаревски, ракометар на РК Вардар и репрезентативец на Македонија 🇲🇰
Подготвен за нови предизвици и враќање на терен 🤾‍♂️

Кинезика – Движење • Здравје • Доверба

Цервикогена главоболка – кога причината за главоболката е во вратот ‼️Главоболката не секогаш потекнува од самата глава....
21/08/2026

Цервикогена главоболка – кога причината за главоболката е во вратот ‼️

Главоболката не секогаш потекнува од самата глава. Кај дел од пациентите, изворот на болката се структурите на горниот дел од вратниот ’рбет. Оваа состојба е позната како цервикогена главоболка (Cervicogenic Headache)‼️

Болката најчесто започнува во пределот на вратот или тилот и може да се шири кон слепоочницата, челото, пределот околу окото или лицето. Често е поизразена на едната страна и може да биде придружена со ограничена подвижност и болка во вратот‼️

Зошто болката од вратот ја чувствуваме во главата⁉️

Горните цервикални сегменти, особено C1–C3, имаат невролошка поврзаност со структурите кои ја пренесуваат болката од пределот на главата. Поради ова, нарушувањето или механичката иритација на структурите во горниот цервикален регион може да се манифестира како реферирана болка во главата‼️

Карактеристично е што главоболката може да се провоцира или засилува при одредени движења на вратот, продолжено седење, статична положба на главата или притисок врз чувствителните структури во горниот цервикален регион‼️

Како пристапуваме кон третманот❓

Кај цервикогената главоболка од големо значење е прецизната клиничка проценка. Не е доволно само да се третира местото каде што пациентот ја чувствува болката – потребно е да се утврди нејзиниот можен извор‼️

Кога клиничката слика е соодветна, третманот може да вклучува индивидуално дозирани мануелни мобилизации, техники насочени кон горниот цервикален регион, работа на меките ткива и специфични активни вежби‼️

Главоболката е симптом, а не дијагноза‼️

Не секоја главоболка која е придружена со болка во вратот е цервикогена. Затоа, пред започнување на третманот е неопходна добра диференцијална проценка и препознавање на симптоми кои бараат дополнително медицинско испитување‼️

Кај цервикогената главоболка, понекогаш местото каде што боли не е местото од каде што болката потекнува‼️

Кинезика Физио Елит – Движење • Здравје • Доверба

🙋‍♂️Ви се случило ли болката во раката да се намали или целосно да исчезне кога ќе ја подигнете раката над главата ⁉️Ова...
20/08/2026

🙋‍♂️Ви се случило ли болката во раката да се намали или целосно да исчезне кога ќе ја подигнете раката над главата ⁉️

Ова не е случајност. Во клиничката пракса овој феномен е познат како Bakody sign (Bakody’s sign) или Shoulder Abduction Relief Sign‼️

Кога поставувањето на раката над главата ја намалува болката, пецкањето или трнењето што се шири од вратот кон раката, тоа може да укажува на иритација или компресија на нервен корен во вратниот дел од ’рбетот, односно на цервикална радикулопатија‼️

Со подигнувањето на раката кај одредени пациенти се намалува механичкото оптоварување на нервните структури и симптомите привремено се олеснуваат‼️

👉 Затоа, понекогаш позицијата што ја намалува болката може да ни даде важна информација за нејзиното потекло.

Сепак, позитивниот Bakody знак не е дијагноза сам по себе. Потребна е детална клиничка проценка на вратниот ’рбет, невролошкиот статус и функцијата на рамото за да се утврди вистинската причина за симптомите‼️

Не ја третирајте само болката – откријте од каде доаѓа‼️

🔹 КИНЕЗИКА ФИЗИО ЕЛИТ
Движење • Здравје • Доверба

Прилогот од утринската програма на ТВ Алфа за нашиот центар и методот McKenzie! Во Кинезика Физио Елит изведуваме третма...
17/08/2026

Прилогот од утринската програма на ТВ Алфа за нашиот центар и методот McKenzie!

Во Кинезика Физио Елит изведуваме третмани на нашите пациенти за мускулоскелетни патологии по McKenzie и сме единствени во Македонија сертифицирани во таа методика!

АлфаТвУтринска

ДАЛИ СЕКОГАШ БОЛКАТА ВО КОЛЕНОТО ПОТЕКНУВА ОД КОЛЕНОТО?Не секогаш ‼️Кога чувствуваме болка во коленото, природно е да по...
09/08/2026

ДАЛИ СЕКОГАШ БОЛКАТА ВО КОЛЕНОТО ПОТЕКНУВА ОД КОЛЕНОТО?

Не секогаш ‼️

Кога чувствуваме болка во коленото, природно е да помислиме дека проблемот се наоѓа токму таму ‼️

Но местото каде што ја чувствуваме болката не секогаш е и местото од каде што таа потекнува ‼️

При клиничката проценка, важно е да се разгледа целиот кинематички и невромускулен синџир, бидејќи симптомите во коленото можат да бидат поврзани и со други региони ‼️

Болката во коленото може да биде поврзана со:

✅ Лумбалниот ’рбет
Иритација на нервните коренови или реферирана болка од лумбалната регија може да се манифестира и во пределот на коленото.

✅ Колкот
Ограничената подвижност или нарушената функција на колкот може да го промени начинот на движење и да влијае врз оптоварувањето на коленото.

✅ Пателофеморалниот зглоб
Променетото движење на пателата и нарушената механика можат да бидат извор на предна болка во коленото.

✅ Стапалото и глуждот
Промените во механиката на стапалото и глуждот можат да влијаат врз движењето и оптоварувањето на целиот долен екстремитет.

✅ Мускулите и тетивите
Квадрицепсот, хамстрингсите, глутеалната мускулатура, гастрокнемиусот и другите структури можат да придонесат за појава или одржување на симптомите.

✅ Периферните нерви
Иритација или механичка чувствителност на периферните нерви може да создаде симптоми што пациентот ги локализира во пределот на коленото.

✅ Локалните структури на коленото
Секако, причината може да биде и во самото колено – менискус, лигаменти, тетиви, зглобни површини, артрозни промени и други структури.

Затоа е важна правилната проценка‼️

Снимката може да покаже структурни промени, но структурната промена не секогаш е и причината за болката ‼️

Добриот клинички преглед не се прашува само:

„Каде боли?“

туку и:

„Од каде доаѓа болката и што ја провоцира?“

Не ја третирајте само болката,
oткријте го нејзиниот вистински извор ‼️

📍 Закажете термин за консултативен преглед во Кинезика и направете го првиот чекор кон правилно утврдување на причината за вашите симптоми.

ДАЛИ СЕКОЈА БОЛКА ВО КОЛКОТ ПОТЕКНУВА ОД КОЛКОТ?Не секогаш.Болката во колкот не секогаш значи дека проблемот се наоѓа во...
03/08/2026

ДАЛИ СЕКОЈА БОЛКА ВО КОЛКОТ ПОТЕКНУВА ОД КОЛКОТ?

Не секогаш.

Болката во колкот не секогаш значи дека проблемот се наоѓа во самиот колк.

Во секојдневната клиничка пракса често се среќаваат пациенти кај кои вистинскиот извор на болката е друга анатомска структура, а симптомите само се чувствуваат во пределот на колкот.

Болката во колкот може да биде последица на:

✅ Патологии на лумбалниот ’рбет – дискус хернија, фасетни зглобови или иритација на нервните корени можат да предизвикаат реферирана болка во колкот.

✅ Дисфункција на сакроилијачниот зглоб – чест извор на болка во пределот на задниот дел од колкот и карлицата.

✅ Дисфункција на тораколумбалниот премин – ограничена подвижност или механичка иритација во овој регион може да реферира болка кон колкот.

✅ Миофасцијални тригер точки – особено во gluteus medius, gluteus minimus, piriformis, tensor fasciae latae, iliopsoas и адукторите.

✅ Периферни нерви – иритација на феморалниот, ишијадичниот или латералниот кожен нерв на бутот може да создаде симптоми во пределот на колкот.

✅ Нарушена биомеханика на стапалото и коленото – променетиот начин на одење може да доведе до преоптоварување на колкот.

✅ Локални патологии на колкот – артроза, лабрални лезии, импинџмент (FAI), бурзитис, тендинопатии и други заболувања.

‼️ Истражувањата и клиничкото искуство во рамките на McKenzie инстититот покажуваат дека кај околу 40% од пациентите со болка во областа на колкот, вистинскиот извор на симптомите може да биде лумбалниот ’рбет, па дури и кога пациентот нема болка во грбот!

Од друга страна, промените што се гледаат на магнетна резонанца или рендген не секогаш се вистинската причина за болката. Кај многу луѓе вакви промени постојат и без никакви симптоми.

Затоа, успешниот третман започнува со детален клинички преглед, а не само со анализа на снимките или со третирање на местото каде што боли.

Не ја третирајте само болката – откријте го нејзиниот вистински извор.

📍 Закажете термин за консултативен преглед во Кинезика, каде преку детална клиничка проценка ќе го утврдиме вистинскиот извор на вашите симптоми и ќе изготвиме индивидуален план за третман!

ДАЛИ СЕКОЈА БОЛКА ВО РАМОТО ПОТЕКНУВА ОД РАМОТО?Не секогаш.Болката што ја чувствувате во рамото не мора да значи дека пр...
31/07/2026

ДАЛИ СЕКОЈА БОЛКА ВО РАМОТО ПОТЕКНУВА ОД РАМОТО?

Не секогаш.

Болката што ја чувствувате во рамото не мора да значи дека проблемот се наоѓа токму во рамениот зглоб.

Во секојдневната клиничка пракса често среќаваме пациенти кај кои вистинскиот извор на болката е сосема друга анатомска структура.

Болката во рамото може да биде последица на:
✅ патологии на цервикалниот ’рбет
✅ иритација или компресија на нервни структури
✅ дисфункција на првото и второто ребро
✅ нарушена функција на лопатката и мускулатурата околу неа;
✅ ограничена подвижност на градниот (торакалниот) дел од ’рбетот, лезии на периферни нерви во таа регија
✅ миофасцијални тригер точки
✅ локални патологии на рамениот зглоб, како што се тендинопатии, бурзитис, калцификати или повреди на ротаторната манжетна.

Од друга страна, не секоја промена што ќе се види на магнетна резонанца, ултразвук или рендген е и вистинската причина за болката. Кај многу луѓе вакви промени постојат без да предизвикуваат никакви симптоми ‼️

❗️Во таа насока во 2019 McKenzie институт правеле истражување, направиле магнетна резонанса на рамениците на репрезентативките на УСА кои што таа години биле светски вицешампионки , и тоа во летниот период кога немале активности и кога ни една немала симптоми, кај 90% од снимките се забележани повреди на ротаторните мускули и индикации за операција 🤔 Што ќажува дека не секогаш треба да се потпираме само на сниките ‼️

Во ретки случаи, болката во рамото може да биде и реферирана болка од внатрешни органи, како што се срцето, белите дробови, жолчното кесе или дијафрагмата. Затоа секоја болка бара внимателна проценка, а не претпоставка.

Токму затоа, успешниот третман започнува со детален клинички преглед, а не само со анализа на снимките или третирање на местото каде што боли.

Не ја третирајте само болката – откријте го нејзиниот вистински извор.

📍 Закажете термин за консултативен преглед во Кинезика, каде преку детална клиничка проценка ќе го утврдиме вистинскиот извор на вашите симптоми и ќе изготвиме индивидуален план за третман.

ДАЛИ СЕКОЈА БОЛКА НА НАДВОРЕШНАТА СТРАНА НА ЛАКТОТ Е ТЕНИСКИ ЛАКТ?Не.Една од најчестите грешки е секоја болка во предело...
29/07/2026

ДАЛИ СЕКОЈА БОЛКА НА НАДВОРЕШНАТА СТРАНА НА ЛАКТОТ Е ТЕНИСКИ ЛАКТ?

Не.

Една од најчестите грешки е секоја болка во пределот на надворешниот дел од лактот автоматски да се прогласи за „тениски лакт“ (латерален епикондилит).

Иако тетивата на екстензорите често е причината, клиничката пракса покажува дека болката не секогаш потекнува од местото каде што се чувствува.

Слични симптоми можат да бидат последица на:

✅ иритација на нервен корен од цервикалниот ’рбет;
✅ компресија на радијалниот нерв;
✅ дисфункција на рамениот појас;
✅ миофасцијални тригер точки;
✅ ограничена подвижност на соседните зглобови.
✅ лезија во зоната на прво и второ ребро

Затоа, ако третманот е насочен само кон болното место, а вистинскиот извор на симптомите остане непрепознаен, резултатите често се привремени или воопшто ги нема!

Во современата физиотерапија најважен е клиничкиот преглед. Само преку детална проценка може да се утврди дали проблемот навистина потекнува од тетивата или болката е реферирана од друга анатомска структура.

Не лекувајте го местото каде што боли – откријте ја причината зошто боли.

📍 Закажете термин за консултативен преглед во Кинезика, каде преку детална клиничка проценка ќе го пронајдеме вистинскиот извор на вашите симптоми и ќе изготвиме индивидуален план за третман.

🏐 Ни претставува одобена чест што македонскиот репрезентативец и интернационалец, Лука Костиќ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 ни ја довери својат...
28/07/2026

🏐 Ни претставува одобена чест што македонскиот репрезентативец и интернационалец, Лука Костиќ 🇲🇰🇲🇰🇲🇰 ни ја довери својата рехабилитација по повреда на коленото.

Во Kinezika Fizio Elit, преку индивидуално планирана програма и современи методи на физиотерапија, работиме на негово брзо, безбедно и успешно враќање на одбојкарскиот терен!

Му посакуваме брзо закрепнување и многу успеси во продолжение на кариерата! 💪🇲🇰

Address

Ulica Petar Pop Arsov 19/3-1A
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 18:00
Tuesday 08:00 - 18:00
Wednesday 08:00 - 18:00
Thursday 08:00 - 18:00
Friday 08:00 - 16:00
Saturday 09:00 - 12:00

Telephone

+38926091245

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кинезика Физио Елит Kinezika PhysioElite since 2006 posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Practice

Send a message to Кинезика Физио Елит Kinezika PhysioElite since 2006:

Share